Солун е наш! И ливадите околу него!

14.12.2009 11:54
korica_14_12_2009.jpg

Текстот е преземен од последниот број на неделникот „Сега“.

(Авторот ве охрабруват - блиску сте до влез во ЕУ, ајде, ајде, уште само неколку децении...)

- Каде за Нова година, бе?

- Бардовци брааат, слушам лани лудница било.

Е, ова ти е пример за стара финта. Сеа нова имат. Оваа година в Собрание слушам лудница ќе било. Трајче закажал новогодишна седница со пратенички прашања на 31 декември. Ќе ги прашвеле премиерот и министрите кај ќе слават Нова година и со шо мојш прописно ем преродбенички да си се начукаш. И моите анонимни извори ми кажаа дека од нигде никаде на сред седница ќе се појавел Џоле облечен ко Дедо Мраз и ќе им поклонел по едно шише „антика“ на сите присутни и после заедно ќе ја колнеле Грција до две илјади и десетто колено. Наеднаш Гоца ќе изваела гитара и ќе почнела да свиркат, а Зоки Ставревски ќе ги изваел лајцата и виљушката од внатрешниот џеб од оделото и ќе почнел да тропат по масата. И дур цела опозиција се чудит шо се дешават, станвит Коле и почвит - сè што сакав јас по тебееееее, нема здив, нема боооол, нема трагаааааа... сè што сторив, сè што љубев после нас беше ништо, беше празно, беше лагаааа... Сè што сакав јас по тебееее, лажна ноќ, стопи се како пена, сиот живот ти ми беше сега знам, сета лудост сите сказнииии сета желбаааааа... ооооооо Европооооооооооо, нооооо ти си некадееееее кај што немааааааа да те допрааааааам и само ветооооооооооо ми останааааааа од тебееееееееее... А што да направаааааам со античко минато, со себееееееееее... со споменикон од Букефал шо го планирав за на плоштааааааааад...

Домашното видео на Јорго и на Бакојани

И после фаќат кршит столој, маси, лаптопи, па на крај ја ваѓат партиската книшка и ја кинит... Да бе, исто ко Цацко ко ќе се изнервират... Па, и власт и опозиција, и новинарски екипи му се фрлет во прегратка и почвет да го тешат, а Џоле во некој ќош расплакан продолжвит да ја колнит Грција - тие ќе ми го расплачвет Колета, а? Ќе видат тие убо, ко ќе ги фрлам во бунарон од Павлета во Паљурци, па таму да ги поминат и Нова година и божикни празници... Па, во меѓувреме Си-ен-ен и Би-би-си ја прекинвет новогодишната програма и се вклучвет во живо во Собранискион канал, а градоначалникон на Њујорк ги бркат од сцената „Блек ајд пис“ и со холограм на Тајм сквер слетвет Латас и Ивона да ги известат присутните за новонастанатата ситуација дур во позадина од големите екрани го паузирет одбројувањето на 6 секунди и се префрлет на преносот од Собрание.

На првиот канал на МТВ со падобран во студиото слетвит Томиќ и кајронот со јутјуб-адресата од предавството на Љубе го заменвет со адреса од Јупорн, кај шо претходно тотално анонимна личност го имат ставено домашното порновидео на Јорго и на Бакојани. Томиќ во студиото му прајт експертска анализа на видеото заедно со неговата гостинка Северина. Јорго и Бакојани цели расплакани земет телефонот и вртет кај Томиќ ама по грешка се јавувет кај Јанко и почвет да му објаснувет шо се десило. Ама Јанко сфаќат за шо се работит и одма викат - ајде младичу, исклучи го, ајде, ајде...

Јорго паѓат во несвест, а ЕУ и НАТО свикувет итни седници на кои уште во првите минути од 2010 ја бркет Грција и ја терат да си го сменит името, а ја примет Македонија под уставното име, а во графата нација пишет „Македоноиди“. Коле и Џоле вртат пајдушко на сред Собрание, а младината од ВМРО-ДПМНЕ спонтано се собират пред грчка граница и на три-четири знак од Влатко Ѓорчев со залет влегвит внатре и тргвит накај Солун, да ги освојувет грчките бутици и да го закачат на сред плоштад големиот транспарент - „Солун е наш! И ливадите околу него!“.

Во меѓувреме на Тајм сквер Латас ја најавуват и ултимејт суперстар атракцијата Благица Павловска, која конечно се слеквит гола дур насобраната раја заеднички мастурбират повторувајќи ја паролата - „убо шо ти текна, ние мислевме само на насловни страници ќе те гледаме разголена двапати месечно“.

Уште сабајлето Шпанија и’ го предават претседателството над ЕУ на Македонија, по што Коле на инсистирање од Џоле го преселвит седиштето во Паљурци, денарот го потиснуват еврото и станвит официјална валута на ЕУ, сите Европејки раѓет по трето дете, а споменици од Аце качен на Букефал имат во секој град и село во Европа, одма до факултетите и бесплатниот интернет. Секое дете добиват бесплатни учебници и компјутер, а Обама му барат совети на Колета како да ја пребродит економската криза која нас нè одмина.

Али Ахмети истоварат специјална единица борци за човекови права на сред Берн во Швајцарија и по тридневно борење за човекови права швајцарската влада давет дозвола за изградба на минариња и Али со поддршка од Коле реализират акција наречена „Минаре за секое дете“ со поделба на ваучери во основните и средните училишта. Тендерот за изградба на минарињата го добиват фирмата која најголемата слава ја доживеа ко ја изврши набавката на маици и панцири за МВР за околу 700.000 евра, а последниот проект кој го спроведува во Македонија е новогодишното украсување на главниот град. Откако ќе ја спроведат акцијата со минарињата во Швајцарија, Коле ќе ја зејт фирмата под рака и ќе ја шетат низ светов, ќе ја претставуват по саеми како најдобриот избор за сите можни видови тендери и јавни набавки.

Армагедон 2012

После Гоца ќе донесит закон за замена на личните карти во рок од три месеци и ќе ставит две линии за закажвење во цела Европа, а за Грчиштана и двете ќе бидат недостапни, па после од ко ќе им истечит рокот ќе ојт и ќе им пишит казни. Со парите од казните од грчиштана Коле ќе им платит бесплатно бањање на пензионерите од цела Европа, а со остатокот ќе набавит двокатни автобуси за сите главни градој од европските држави.

Во меѓувреме, МТВ ќе им ја презејт гледаност на Си-ен-ен и на Би-би-си и Томиќ ќе станит светска ѕвезда, а кајроните со светските предавници ќе се вртат 24/7 низ цел свет. Впрочем „Кој сака да биде предавник“ е и името на новото шоу на Томиќ, кое ќе постави нови рекорди на гледаност и ќе ја срушит и Шехерезад. Гледачите од целиот свет, екстра задоволни од програмата ќе плаќет по една годишна претплата секој месец и на зградата на МТВ ќе се изградат уште 124 ката, по што заедно со Томиќ ќе се лансират во вселената на 21.12.2012.

На патот низ небесните тела ќе се судрит со еден астероид и тој ќе ја сменит својата насока и ќе се насочит кон земјава. Во мисија за спасување на светот ќе тргнат Чак Норис и Александар Македонски, но таа ќе се покажит ко неуспешна и крајот ќе бит неизбежен. И додека светот ги одбројуват своите последни моменти пред својот крај, на прес-конференција ќе излезит Бичиклиски каде ќе изјавит - Почитувани, и самите можете да видите дека нашата влада работеше напорно на развој на светот и подобрување на меѓусебната соработка, толеранција и разбирање и резултатите беа фантастични и целиот свет го валоризираше нашиот труд на изборите, но сега ќе мораме да потклекнеме на самоволието на еден човек поради кој светот каков што го познаваме ќе престане да постои. Почитувани, пред да нè мавне астероидот имам само едно нешто да ви кажам - Бранко е крив!!!“.

И после сето ова ќе ми дојт Дедо Мраз од негде и ќе ми врзит два-три шамари по што јас ќе се разбудам и ќе сфатам дека сè уште живеам во жална Македонија која не ја сакет ни во НАТО ни во ЕУ. Добро... бар не ни требат визи за да забегаме сеа...

Албумот на Bebel Gilberto

Албумот на Bebel Gilberto “Tanto Tempo” (2000), кој белгискиот издавач braindumps 70 290 Crammed Dics го продаде во милионски тираж, над сите очекувања, требаше да биде животно дела на Suba, и да успееше да го заврши, најверојатно неговиот придонес во современата 70-432 braindump бразилска музика би се споредувал со оној на Rya Cooder на Куба.Суба трагично настрада 1999 година во пожарот кој го проголта неговиот апартман во Сао Паоло, а продукцијата на дополу завршениот албум “Tanto Tempo” го презедоа Amon mcse braindumps 70-270 Tobin, членовите на Thievery Corporation и Mario Caldato Jr., Бразилец и продуцент на групата Beastie Boys. Бебел Жилберто во последните неколку години дури успеа и да latest ccna dumps ја надмине некогашната популарност на татка си, но одбележувањето на педесетгодишнината на боса новата, пред сè, е негова прослава.

ОкоБоли главаВицФото