Што можеме да научиме од порнографијата

17.12.2009 11:54
0_2d543daa2e.jpg

Факт е дека сето она што се случува во порно филмовите не можеме и не смееме да го сфатиме сериозно. Но постојат и неколку нешта кои можеме да ги научиме од нив.

Сексот е забавен

Сексот во порно филмовите секогаш е забавен и се случува без проблеми. Нема длабоки разговори ни тешки зборови и, се разбира, тоа не е начинот ниту нивото на кои вие треба да го одржувате вашиот сексуален живот. Но понекогаш сексот може да биде и треба да биде само забава без дополнителни оптоварувања. Понекогаш треба да си дозволите секс само поради чистото задоволство, да се смеете и да се забавувате во него, а потоа можете да се фрлите на „филозофирање“.

Меѓусебна мастурбација? Зошто да не!

Порно филмовите можат да бидат одлична предигра, бидејќи покрај добар порно филм забавата е загарантирана. Употребете го како стимулација за меѓусебна мастурбација. Самозадоволувањето не би требало да биде поврзано само за осамените мигови, вклучете го и во жешките игри со вашиот партнер.

Порнографијата како извор на идеи

Противниците на порно филмовите тврдат дека овие филмови прикажуваат нереални ситуации и нереален секс. Но, и покрај тоа, порно филмовите можат да ви дадат сјајни идеи за места и пози кои би можеле да ви се допаднат. Сексот на јавно место е забранет, но носи големо задоволство, па така ќе ви се пружи и поголемо уживање. А доколку ви успее, сигурно дека ќе посакате уште.

Менувајте ги улогите!

Во порно филмовите нема да видите дека машкото или женската се пасивни за време на сексот. Во порно филмовите во давањето и примањето на задоволствата партнерите често си ги менуваат улогите, што може да претставува клуч и за успешен сексуален живот. Доколку ви недостасува идеја за орален секс, погледнете некој порнич. Секако, не морате тоа буквално да го изведете, ама нека ви послужи како идеја, па вие моделирајте ја според вашите потреби и задоволства.

Костимирањето е секси!

Уште една добра работа се крие во порнографијата. Можете да преземете некои идеи од костимографијата. Во порно филмовите жените обично се облечени во некои улоги или костими кои не се задржуваат долго на нив. Можете да добиете идеја за она што најмногу ви се допаѓа и што најмногу ве пали, па истото да и’ го откриете на вашата партнерка, и со нејзина согласност, заедно да купите некое парче облека или цел костим. Тоа важи и за мажите. Сигурно дека сексот, но и вашиот меѓусебен однос, ќе ви се подобрат.

Сепак, не верувајте во сè што ќе видите!

Порно глумците се навикнати на енормно големи сексуални играчки, па не очекувајте дека и вашиот партнер ќе биде воодушевен. Порно глумците сепак се глумци кои глумат задоволство бидејќи тоа им е работа. Затоа немојте да мислите дека сè што ќе видите на порно филм можете да го направите со својот партнер, бидејќи постои голема веројатност тој или таа да не се согласи. Како што велат во некои документарци: не го правете ова дома! Тоа сигурно важи и за некои работи од порничите, а на вас останува да процените до кои граници сте подготвени да одите.

Извор: Intimate Medicine

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото