Четири антички слики на спорот за името

23.12.2009 10:57
korica_sreda.jpg

Мало дупче може да потопи голем брод“.
Бенџамин Френклин

Апоријата на Зенон

Зенон (Zeno) е софист кој многу-многу не се мирисал со Хераклит. Впрочем, имало и зошто: Хераклит тврдел дека „основа на сè е движењето и промената“, Зенон пак ценел нешто сосем спротивно: „движењето не е возможно“. За да го потврди и зацврсти својот став, Зенон ја изелаборирал познатата апорија, или парадокс, со Ахил и желката: желката се трка со Ахил, кој и’ дава на желката 100 метри предност. Во мигот кога Ахил ќе стаса на почетната точка на желката таа одврвела некоја „х“ дистанца. Трчајќи зад неа Ахил ќе истрча и ќе му остане 1/4 од патот. Од тоа растојание пак ќе помине половина, па ќе му остане 1/8, од таа осминка ќе истрча до пола, па ќе му остане 1/16... и така до бесконечност, водејќи до „логичкиот“ заклучок дека Ахил никогаш нема да ја стаса желката.

Некако слично на ова, Македонските евро-интеграции заглавија во парадоксот на Зенон: си поминал пол пат, прашалник, бенчмаркови, одредници, Копенхашки критериуми и слично, но ете при ваков парадоксален спор за името зачекоруваш на Зенонова територија: ЕУ ти вели и те храбри, ајде ти останува уште пола, па уште 1/4, па 1/8, па 1/16, па 1/32, па 1/64, и така до бескрај, но патот до ЕУ изгледа како бесконечност и модерна апорија.

Киклоп и Одисеј

Одисеј со својата весела дружина заглавува на островот на Киклопите. Сардисани од нив, натиснати се во една од пештерите. Едноокиот Киклоп со стена ја притвора пештерата, и онака два по два, ги зема за мезе другарите на Одисеја, така, кога ќе му се пријаде. Одисеј, умен на мама, прво се претставува пред Киклопот Полифем како „Никој“, го измамува Киклопот со виното, кое го приспива, за да потоа со копје го ослепат среде сон. Арно ама Киклоп, со аргументот на својата сила, не попушта ни тој мајчин: Одисеј и неговите колеги мораат да се досетат на последното нешто што конечно ќе ги спаси: закачени врз овчичките ги избегнуваат шепите на Киклопот кој ги проверува нив кога го трга каменот да ги пушти своите овчички на пасење, и Одисеј и дружината успеваат да му избегаат.

Македонија слично, на ова, натисната е во балканската пештера, пред грчкиот политички Киклоп со едно око, или ерга омнес, едно име за сегде. Стената на Киклопот овде е некако алегоризирана во грчкото вето, кое некој го вели стена, некој камен, како и да е. На Грците веќе им рековме дека сме „No one“ преку референцата БЈРМ. Е, сега треба да си мајчин и да излезеш од пештерата, да го совладаш грчкиот Киклоп, и на бегање од Балканската пештера да му викнеш, „не сум Никој, Македонец сум!“. Но, за жал, на некој крајно умен му текна наместо да го надмудриме Киклопа, да почнеме директно да се расправаме со него, да го нарекуваме хипокрит, расист, фашист, и слично. И така, наместо да се фокусираме на неговата едноокост, да ги ослепиме во нивната најслаба точка, закачени под рувото на американските посредници, некако да се протнеме, првин во НАТО и во ЕУ по БЈРМ, ние го разбеснивме Киклоп, кој сега од инает не ги пушта ни овчичките на пасење. Е така, цврц, ни напред ни назад.


Илијада и Елена

Тројанската војна започнува заради грабнувањето на Елена од страна на Париз. Некако слично на ова Грците тврдат дека: „безобразните фиромјански Тројанци им ја грабнале, наводно, невестата „Македонија“, што за нив е доволна причина да ја сардисаат нашава лична Троја, да ни стегнат ембарго и да нè набијат во балканскава тврдина, еве 18-тина години. Нашиве, секако, тврдат дека се работи за чисти шпекулации кои треба да го свртат вниманието од скандалите во коалацијата на грчките племиња. Е, сега важно е тоа што ние јунак-преговарач кој ќе излезе и ќе се жртвува за својата земја изгледа немаме, барем за сега, но страв од Тројански коњи имаме набиено до коска, па ги гледаме на секој чекор.


300

Спорот помеѓу Македонија и Грција може да се гледа и низ спартански очила. Македонија, е во ситуација слична на битката кај Термопилите, но овој пат во обратна улога: мораме спартански не да го одбраниме теснецот, туку да се пробиеме низ грчкиот теснец кон ЕУ. Ќе појдеш угоре, Швеѓани ти велат: А не извинете, морате да поминете низ грчкиот теснец, вратете се назад; Французи ти велат, екскузе муа мсје, само грцко, грцко теснец, и така, сакал нејќел соочен си со мисија да ги пробиеш Термопилите со далеку помалубројна војска. Треба да бидеш итрец, па да најдеш козја патека до ЕУ, не плачење, не цимолење, ами итроштина и снаодливост.

Слики: Jorge Santos

 Интересно.

 Интересно.

L'art pour l'art. Да не

L'art pour l'art. Да не парафразирам l'fart pour l'fart.
Си смислил авторот што да цитира, а после си ги прилагодил "фактите"...

Слични статии

Став
Став
Духови [к:1]
Став

ОкоБоли главаВицФото