
Врз основа на она што го слушнале, и мажите и жените претпоставуваат дека знаат сè за машкото либидо. Но ако малку прочепкаме низ овие бисери на мудроста, можеме да видиме дека некои од нив се само митови за мажите и сексот.
Мажите можат да имаат секс секогаш и секаде
Секако дека постојат одредени мигови во животот на еден маж кога тој е крајно опколен од овој мит кој претставува мало претерување. Машката емоционална состојба силно влијае врз неговото сексуално здравје и задоволство, а самата таа црпи влијанија од секојдневните компоненти како стресот, нервозите и заморот. Неговиот начин на живот, желбите, потребите, па дури и неговиот поглед на врската со партнерот играат значајна улога. Со текот на годините мажите учат што им е потребно да се поврзат со нивниот љубовник/љубовница на емоционално ниво за да можат да имаат страсна сексуална врска.
Мажите се романтични само за да го задоволат својот партнер/својата партнерка
Овој мит лесно може да се побие. Вистина е дека некои мажи се романтични само кога сакаат да се додворуваат. Некои тоа го прават дури само за ним да им се додворуваат. Но исто така постојат мажи кои ја користат романтиката за да ја зацврстат или да ја одржат долготрајната врска или брак. Секоја романтична склоност дефинитивно ја поддржува хипотезата дека романтичната љубов е мотивациски систем кој овозможува партнерите да ја градат, одржуваат или зајакнуваат врската. Без сомнеж, многу мажи веруваат дека доколку сторат нешто убаво за партнерот ќе им се случи нешто убаво и ниm, а тоа важи и за сексуалниот живот.
Мажите секогаш претпочитаат да иницираат секс
Навистина? Многу истражувања покажуваат дека мажите сакаат кога нивниот партнер/ка ќе предложи однос. Ним неизмерно им се допаѓа кога ќе бидат заведени од партнерот/партнерката. Уште еден разбиен сексуален мит за мажите.

Мажите помислуваат на секс на секои 7 секунди
Ако употребите малку математика, овој мит излегува апсурден. Да пресметаме: просечен маж е буден 17 часа на ден, што значи дека на секс треба да помисли околу 8742 пати во текот на тој ден. А тоа остава малку време да се мисли и на другите нешта, нели?
Мажите претпочитаат да бидат ергени
Уште еден глупав мит за мажите. Иако и животот како плејбој има одредени предности, тој сепак не претставува долгорочен интерес за повеќето мажи. Кога ќе ги споредите со луѓето во среќен брак, ергените доживуваат поголема социјална изолација и – верувале или не – имаат поголеми здравствени проблеми.
Мажите не го сакаат бакнувањето ако тоа не вклучува вмешување на јазикот
Иако општиот впечаток е дека мажите уживаат во „францускиот бакнеж“, многумина од нив претпочитаат понежни и помеки „цмокнувања“. Едно истражување покажа дека мажите, всушност, сакаат 30 вида бакнежи меѓу кои не се наоѓа и протнувањето на јазикот во нечие грло.
Мажите сакаат да постигнат оргазам што е можно побрзо
Дури и кога мажот нема да има предвремена ејакулација, тој може да остави впечаток дека едвај чека да постигне екстаза. Бидувајќи екстремно сексуално ентузијастички расположени тие понекогаш имаат проблеми со воздржувањето. Сепак, многу мажи знаат дека краткото воздржување завршува со уште посилен оргазам, па често го практикуваат тоа. Па затоа, не грижете се ако вие свршите подоцна бидејќи сигурно тој нема да ве остави разочарани.
Извор: Intimate Medicine