Најдобрите астрономски фотографии за 2009

25.12.2009 15:43
astr2009.jpg

Секоја година е сè потешко да се одредат. Астрономијата е прекрасна наука. Но таа не е здодевна – во неа се кријат толку визуелни појави!!! Ѕвезди, маглини, галаксии, планети... со најразлични бои.

И нашата технологија за подлабоко погледнување во универзумот се подобрува секоја година; нашите телескопи стануваат поголеми, нашите камери почувствителни, а нашите роботски сонди посетуваат далечни светови каде одблизу фотографираат нешта кои можеби никогаш нема да ги видиме во живо.

Ви ги претставуваме најдобрите астрономски фотографии за 2009 година според страницата discovermagazine.com.


Галаксијата Пандора

На горната фотографија е претставена NGC 4522 - спирална галаксија која се наоѓа 60 милиони светлосни години од нас, жител на кластерот галаксии Virgo, најблискиот кластер до нашиот Млечен Пат.

 

Сончева дамка

Црните дамки на Сонцето се познати уште од антички времиња. Кога сончевиот диск е затемнет од правот во воздухот на нашата планета, понекогаш можеме да ги видиме сончевите дамки кои се издвојуваат од црвеното лице на оваа ѕвезда.

 

Планетата Земја

 

Месечинските бездни зјапаат во нас

Една од најголемите информации за годинава беше потврдувањето за големи количини вода на Месечината, складирани во вечниот мрак на кратерите на месечинските полови.

 

Космичката рака на разурнувањето

Повремено се случува фотографијата од некоја маглина да добие облик кој добро ни е познат. Оваа фотка е од пулсарот PSR B1509-58 – екстремно жешкиот гас околу него обликува една интересна глетка.

 

Прекрасни „пердуви“

Вселенската сонда Cassini орбитира околу Сатурн уште од 2004 година и оттогаш ни праќа неверојати фотографии и научни откритија. Оваа фотографија ни доаѓа од шестата месечина на Сатурн, Енкелад, позната уште и под името Сатурн 2.

 

Преобразби

Маглината наречена Пеперутка, или со научно име NGC 6302.

 

Вечното набљудување на ѕвездите

Обично Велигденскиот остров не асоцира на астрономија. Небото таму главно е многу мрачно, бидејќи се наоѓа околу 3000 км западно од Чиле во Тихиот океан. Издлабени пред повеќе од пет векови, статуите по кои е познат овој остров имаат долго искуство во набљудувањето на вечерното небо.

 

Детали

За Марс најчесто се мисли дека е мртов свет. Студен, мал и сув, низ нашиот телескоп се чини непроменлив. Речиси. Марс има атмосфера, иако тенка, со околу 1% од атмосферскиот притисок на нашата планета. Но фотографијава ни покажува дека и оваа планета е способна за создавање убавина. Го прикажува регионот кој се наоѓа близу средината на долната северна полутопка.

Извор: discovermagazine.com

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото