(Ре)капитулација

30.12.2009 10:51
178316.jpg

Горда е 2009, како што за нас е секоја измината година, зашто минатото е единственото нешто со коешто Македонецот гордо не се соочува и од кое не учи, но го преорува како нива во која постојано изртува некој нов вид непознат плевел. А со иднината не сака(ме) да има(ме) ништо, па ни преостанува само да направиме рекапитулација на сè што оставаме зад нас, во обид да увидиме што можеби нè очекува (не дека сакаме да знаеме) во годината која претстои; иако, најверојатно, како почнавме, така и завршивме, а доколку ситуацијата не се промени радикално, најверојатно така и ќе продолжиме: како победници.

Во две илјади и деветата влеговме со предизборие на коешто може да му позавиди светот. Политичка дебата, демократија, елокветност и креативност на којашто може да се угледа и Џорџ „Дабја“ Буш. Политички избори чии резултати ни донесоа едно чудо победници: Иванов, ВМРО, Селмани, СДСМ и неговиот кренат рејтинг (поради паднатиот рејтинг на ВМРО), првата жена кандидат...

Но круната е една, па на крајот останува да се гордееме со само еден нов институционален претставник, кој е огледало за сите останати. Добивме претседател чија способност за уништување на сопствениот углед и рејтинг (стекнат како професор) ги надмина и границите на податливата „Аљаска“. Претседател кој својот образ (а со него и нашиот) го пазари исто како што царот Александар (Втори) ја пазарел енклавата Аляска: за грст НИШТО.

Со други зборови, вратите на годината која заминува ги отворија демократи кои беа спремни и да се испотепаат меѓу себе, зашто беа решени забрзано да нè однесат во Европа – побогати, економски постабилни, потолератни, пообразовани (со компјутер пред секое дете, и факултет и диплома за секој повторувач). Европа по која требаше да чекориме погорди, од гордоста која во наследство ни ја остави најгордиот Македонец (за чија македоштина многу подетално научивме годинава).

Со целокупната власт во свои раце, македонските демократи на чело со последниот крунисан владетел, забрзано почнаа со работа. Со планови за преорување на нивата Македонија, кое започна со буквален план за преорување на плоштадот Македонија, градење цркви и 10 милионски светилници на нашата гордост. Продолжија со преорување на уставниот поредок на Македонија и обид за конечно „уништување на плевелот непослушници“, кој според новите демократи е „таканаречениот“ Уставен суд. Продолжија со укоричување на овој нов нацрт-план за Македонија – каде ако не во просториите на антиквизираниот МАНУ и продолжуваат да го оддржуваат со повик за „линчување“ на сите кои не се подмитуваат и, следствено, не се вклопуваат во истиот.

Но, разбирливо е. Сето ова беше борба за воспоставување на изгубениот „македонски идентитет“ кој рака на срце конечно е кристално јасен благодарение на нашите лидери. И покрај сè, се испоставува дека Македонија е сепак „Оаза на мирот“ во која живеат племиња кои само навидум не може да егзистираат како целина: предавници и патриоти, соросоиди и Павелшателовци, платеници и (не)платени, антички и словени, верници и атеисти, хомосексуалци и „нормални“, „чедоморки“ и жени со вистински вредности, Европејци и...ах, да, парижани. Ни фали уште „коцката“ на скопскиот плоштад, па сигурно да чекориме со главата крената високо без да се струполиме. Но, долга е 2010-та.

Останатите работи остануваат непроменети (по сè изгледа квалитетот не се менува). Па така, незначително помалку од четириесет проценти од граѓаните на Македонија се сè уште невработени. За подеднакво толкав процент топлата вода и сапунот се сè уште луксуз, а за кратко време ќе биде и електричната светилка. Зарем постои подобар начин да им се заблагодариме на Македонците од минатото – Рацине ти се поклонуваме, и ветуваме по твоите стапки ќе чекориме (со кандило на полна месечина ќе твориме).

Како и да е, за оние кои гледаат напред, на крајот на годината остануваат желбите. Ние, Македонците, како и секогаш, остануваме скромни. Се надеваме дека годината (и годините) кои претстојат нема да ја ничкосаат гордоста со која се стекнавме годинава, а која толку прекрасно ни ја пакуваат мајсторите од македонскиот медиумски простор на чело со Јади Бурек, Латас и Миленко. Останува да се надеваме дека еден ден нема да се смееме на површноста која нè радувала, иако некои веќе почнаа самите себеси да се исмеваат (да, фала ти премиере што на крајот барем успеа да покажеш способност за хумористична самоанализа).

Но не сме сите скромни, па ќе дозволите оваа брза рекапитулација да ја завршам со една лична желба.

Посакувам во 2010 гордо да патуваме во групниот автобус кон ЕУ (фала ти ЕУ за поканата на журката со „комуњарите“ од север) од која ќе се враќаме попросветлени од градоначалникот Трајановски. Посакувам искуствата да продолжат да резултираат со неделни рекапитулации како оваа – не само лични, туку сеопшти. Пишанките инспирирани од новите искуства сакам да се стекнат со подеднакво големо внимание како што овде, на овој портал, се стекна секоја моја (но и туѓа) прозивка на нашите лидери. Посакувам подеднаков гнев, револт, пцовки и етикетирања - какви што повремено добивав (а и сите останати кои се дрзнаа да критикуваат јавно) во 2009-та секогаш кога ќе го спомнев Груевски и неговото ДПМНЕ. Истото тоа го посакувам и кога (неблагодарно!) нема да обратам директно внимание на премиерот, претседателот и нивните слепи следбеници. Со други зборови, посакувам Дедо Мраз да донесе една торба подеднаков гнев и револт кај публиката на овој портал (но и генерално, кај сонародниците околу мене) кој ќе биде испровоциран и од теми кои само навидум не нè допираат лично. Посакувам гнев, револт и срам кој ќе биде предизвикан од соочувањето со односот на државата кон хендикепираните, Ромите, малцинствата, болните, хомосексулаците, сиромашните...

Во 2010-та посакувам повеќе од 58 коментари и на темите за односот на државата кон овие не толку горди граѓани на Македонија. Едноставно, посакувам во 2010-та да се обидеме за промена да бидеме горди и на себеси, Македонците на денешницата, како што нè убедуваат дека треба да бидеме на оние од антиката, макар во наследство да оставиме само една рампа, едно насмеано дете во Шутка, еден излечен хронично болен... наместо велепни споменици. Посакувам (нескромно) реално горда Македонија, наместо лажливо горди поединци.

Посакувам посреќна и погорда Нова година на индивидуално рамниште, за сите граѓани на Македонија.

 

Слики: Aitchison

gucci

linda It's unfortunate that those who could best benefit from the Gucci Shoes Sale won't read it. They'll simply see it as an dunk low on a sacred icon. It's too bad, because probably at least 47 percent of the electorate believes a good bit of the shox shoes and nike shox shoes myth 鈥?not a comforting thought. The author's Air Jordan Shoes and Air Jordans are reasonable look at the huge discrepancy between what Reagan supposedly did and his actual ugg classic boots. It is not Reagan bashing, though certainly some much-needed balance is achieved in assessing Michael Jordan Shoes's presidency. He is most assuredly correct to suggest that if we are to have a Coach Handbags at a bright future, we must, at the very least Cheap Jordans, move beyond myths. The book does tend to be a bit Cheap MBT Shoes and repetitious.

Слични статии

Ана Ангелова
Жарко Трајаноски
Став

ОкоБоли главаВицФото