Најинтересни културни настани и појави во 2009

30.12.2009 15:49
best-kulturen-nastan-okno-2009.jpg


Изложба на групата „Зеро“

Од ликовниот живот во Скопје би ја издвоиле актуелната изложба на групата „Зеро“ во „Мала станица“. Станува збор за еден мошне интересен феномен од целокупната македонска „алтернативна сцена“ (не само ликовна), настанат пред 25 години („тоа беше време на искреност и на творечка акција, со чувство на тегобен романтизам на енергија“, вели Владимир Величковски во изложбениот каталог). Изложбата на десетината автори (Перица Георгиев - Пепси, Ацо Станкоски, Ибрахим Беди, Игор Тошевски, Тања Миљовска, Синиша Цветковски, Миодраг Десовски, Златко Трајковски и Зоран Јаневски) главно го опфаќа периодот кога Зеро функционираше како група (1985-1990), но дава и пресек на понатамошното творештво на авторите од кои повеќето се мошне значајни за македонската ликовна сцена и како самостојни автори (тука, пред сè, мислиме на Тошевски, Станкоски, Миљовска и Ибрахим Беди).

„Ехо од бранови“ на Владимир Мартиновски

Збирката хаибуни од Владимир Мартиновски е наш предлог за настан на годината кога станува збор за македонската книжевна сцена. Хаибунот се дефинира како „наратив на епифанија“: секојдневните настани, најчесто раскажувани во сегашно време, се прикажуваат како еден вид откровенија, како дел од едно „вечно сега“... Овие елементи Мартиновски одлично ги има вклопено во својата книга која од една страна нуди пријатно читателско искуство, а од друга страна ги има сите елементи на квалитетна проза. Тонот во овие лирски прозни текстови одлично е комбиниран со чувството на авторот за ритамот на реченицата и можноста на обичните и секојдневни поетските слики.

Изложба „Дома“ од Иван Блажев

17 март до 25 март во просториите Кинотеката на Македонија беше отворена изложбата „Дома“ на фотографот Иван Блажев. Изложбата е дел од документарниот проект „Поинаков поглед“ на Македонскиот центар за фотографија. Дома е документарен фото есеј кој го портретира животот на студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. Фотографиите ги портретираат пред сè ликовите и нивните лични приказни, исто како и условите во кои битисуваат овие млади луѓе. Дома е приказна за сите нив. Приказна која се обидува да навлезе под површината. Приказна за способноста на човечкиот дух за приспособување и истрајност. Приказна за желбата и обидот позитивно да се влијае врз средината во која живееме. Дома е приказна за домувањето и потребата од создавање на место кое ќе можеме да го нарекуваме дом. Одличниот дијалог меѓу фотографиите и текстовите поврзани со нив, кои создаваат посебна атмосфера, прават оваа изложба дефинитивно да биде една од одредниците на ликовниот живот во 2009 година.

 

Концерт на ТБ Трачери

На музички план годинава беше плодна – еден куп македонски бендови издадоа албуми, ги промовираа истите со свирки и концерти, а ни гостуваа и состави од странство. Како највозбудлив ние го издвоивме концертот на ТБ Трачери во МКЦ Скопје на 28 октомври. ТБ Трачери се бенд со култен статус на македонската рок-сцена, а нивен заштитен знак се саркастичната наративност, дисторзираниот хумор, цинизмот и минималистичката естетска структура. Со свирката во МКЦ тие ја завршија својата четиригодишна концертна апстиненција, а салата каде настапија беше преполна, додека публиката наизуст ги знаеше текстовите на сите нивни песни. Трачери и по толку години звучеа свежо, провокативно и бунтовнички - одлично подготвените музичари не дозволија во ниту еден момент да падне атмосферата. Очигледно е дека бендот нема намера да отиде во заборав и да остане врежан во сеќавањата на домашната публика како бенд што успешно ја завршил својата мисија, туку напротив, тоа е бенд кој сака да продолжи да живее и да создава музика што ќе биде уште подобра од она што досега го направија. Доказ за тоа беа и неколкуте песни што ги отсвиреа, а кои беа најавени како дел од новиот албум, кој, најверојатно, ќе треба да се појави напролет.

Фестивал на електронска музика de:sonanz

Сè уште ќе се задржиме кај музиката, но овојпат кај електронската. Имено, го издвојуваме првото издание на фестивалот на електронска музика de:sonanz (29 септември – 3 октомври) како едно поинтересно случување во урбаниот културен живот на Скопје, па и земјава. de:sonanz беше прв од таков вид и од таков профил во нашиот град. Следејќи ги примерите на сличните вакви фестивали во Европа и во нашето соседство (Transmediale, Dis-patch), организаторите ги направија првите пионерски чекори за презентирање на еден поинаков музички и сценски израз со цел да се збогати и освежи и онака сè поголемата културна понуда во нашиот град. Изненадувачки за прво издание, но фестивалот успеа да обезбеди навистина разновидна и квалитетна мултимедијална програма и имиња од музички куќи за кои претходно требаше да патуваме стотици километри да ги гледаме. Во текот на трите фестивалски денови имавме можност да ги видиме и слушнеме Tarwater, Alec Empire, T.Raumschmiere, Einmusic, DJ Moodswinger, Piece of Shh… со поддршка на домашните артисти и визуализациите од Sven Hahne.

Фестивал за современ танц LocoMotion

Се селиме кај уште еден фестивал – фестивалот за современ танц LocoMotion кој годинава го имаше своето второ издание, а чија цел беше осврт на актуелните дискурси и начини на работа на полето на современиот танц кај нас и во светот. Фестивалот, кој започна на 29 октомври, имаше пет фестивалски ноќи на кои видовме осум претстави, а на самиот почеток се одржа и работилницата Fast Forward на која се истражуваа состојбите во кои се создава современиот танц, неговиот однос со институциите, како и начинот на кој оваа танцова форма денес може да ги реформира институционалните контексти. Програмата на фестивалот опфати актуелни и иновативни дела од кореографи и танцови групи од Германија, во соработка со Франција, Швајцарија, Словенија, САД, Бугарија и Македонија. Преку овој фестивал за првпат кај нас се претстави социјалниот аспект на современиот танц и улогата на современиот танц како медиум кој може да придонесе во развојот на културните институции, како професионализација на современиот танц во Западен Балкан.

Фестивал на современа уметност Акто

Овогодинешниот фестивал за современа уметност Акто се одржа од 12 до 16 август. Темата на фестивалот беше „Поколенија“. Акто е регионален фестивал за современа уметност кој вклучува визуелни и изведувачки уметности, музика и теорија на култура. Програмата е базирана врз основа на два концепти: просторот и темата на фестивалот. Оваа година во рамки на фестивалот беа организирани неколку дебати, театарски престави, презентации, перформанси и се разбира, специјалитетот на дечките од Битола, многу забави. Фестивалот секоја година освојува сè поголем простор од градот, па затоа атмосферата може да се почувствува од улиците и културните центри, до простори како поранешни фабрики, руинирани објекти и зоолошката градина во Битола. Фестивалот има пристојна публика, оваа година атмосферата на некои од настаните беше одлична, а вреди да се истакне дека сè повеќе луѓе од Македонија доаѓаат во Битола само за да посетат некои од настаните. Акто е интересен како појава затоа што е еден од ретките фестивали организирани надвор Скопје, а го работата луѓе од независната културна сцена.

Работата на кинотека на Македонија

Во замрениот културен живот на градот треба да се издвои работата на кинотеката на Македонија, последниот пункт кајшто во релативно пристојни услови, опкружени со главно пристојни луѓе, можете да гледате филмови, и тоа не на ДВД туку на вистинска целулоидна лента! Од низата циклуси во кинотеката, можеби може да се издвои ноемврискиот циклус на современиот шведски филм, една извонредно суптилно составена ревија од мошне различни филмови (од семејни, тинејџерски до длабоко субверзивни) која покажува дека и државно диригираната култура може да биде суптилна и навистина, во најсериозното значење на зборот - репрезентативна.

„Внатре“ од Иван Ивановски

Од слабата понуда на македонски филмови годинава, анимираниот филм „Внатре“, во режија на Иван Ивановски, најмногу се истакна и можеби претставува најуспешен филм за годинава, бидејќи се прикажа на повеќе меѓународни фестивали. „Внатре“ е еден зрел и професионално направен осумминутен анимиран филм, во кој Ивановски покажува голема умешност и извонредно чувство за естетика, а кој зборува за внатрешниот свет поместен меѓу четирите ѕида, но и за оној индивидуален свет на халуцинации и очекувања. Филмот „Внатре“ е едно одлично спакувано парче со кое можеме да конкурираме на фестивалите за анимиран филм од висока категорија. Овој филм направен со стоп-анимација има сè, има одличен кадар, интересна идеја, добро вклопена музика, ефекти и реализација. Неговиот осамен протагонист се наоѓа во едно мало собиче, во кое сè што има е кревет, маса, столица, прозор и неколку рамки за слики. Но, Ивановски во само осум минути создава една полна приказна составена од слики и емоции која навлегува во внатрешниот свет на неговиот протагонист, еден немирен и халуциноген свет, кој плаши, вознемирува и предизвикува. Сенките, кадрите, атмосферата, шумовите и музиката, сè заедно е во функција на тој свет и осаменост во која може да се препознае секој, свет длабоко скриен во секого од нас, но во дадени моменти неизбежен. Мудро, провокативно, симпатично и професионално обработено дело. Својата светска премиера филмот ја имаше на Сараевскиот филмски фестивал, додека во Македонија премиерно беше прикажан во Кинотеката на Македонија, на 16 април.

„Плати и жени“ од Атанас Георгиев

Исто така, би го издвоиле и документарецот на Атанас Георгиев „Плати и жени“ кој е направен во македонско-хрватско-австриско-американска копродукција. Овој филм досега освои награди во Хрватска на „Загреб-докс“ и во Нион во Швајцарија на „Нови погледи“, а интересно за овој документарец е тоа што слика приказни за балканските имигранти во западноевропските земји, поточно нивните патешествија во обезбедување документи за престој, и тоа преку фиктивен (платен) брак со државјанки на ЕУ, и се однесува на периодот пред да падне визниот режим за дел од овие земји. Според критиката „она што е фасцинантно во документарецот е природноста и хуморот со кој приказната е водена. Филмот прави еден необичен спој на Западот и на балканскиот менталитет, но на тој начин што си игра со балканскиот хумор и досетливост ставајќи го наспроти реалниот и од една страна непробоен ѕид во Австрија, но од друга и често кршлив и изненадувачки. Филмот носи многу новини во својот пристап и создава една интересна мешавина на жанрови. Монтажата, музиката и ритамот го даваат чувството на игран филм, кој споен со реалниот, но откачен и лежерен пристап прави едно симпатично и забавно документарно дело кое се следи во еден здив и кое на моменти дури ве тера да се запрашате колку во сето тоа има вистина“.

Распеани скопјани

Сјаен пример за подразбудената алтернативна сцена е хорот „Распеани скопјани“. Хорот настапува јавно, главно на скопските улици, изведувајќи главно по една песна, вешто одбрана за што посуптилно и попродорно (о, да, може така!) да се покаже односот кон нашата шугава стварност. На пример, пред часовникот на старата железничка станица во чест на градоначалникот Коце Трајановски хорот ја изведе песната „Временска машина“ на групата „Нокаут“ („Стартувај, временска машино, врати го во мода диско ритамот, стартувај и врати ме низ времето“). Пред грчката амбасада хорот ја пееше песната „Дирлада“ на групата „Меморија“ („Таа ми рече „не“ по грчки „да“, о, дирлададиладирла“). Своите улични настапи „Распеани скопјани“ ги снимаат и спотовите (досега, десетина на број) ги поставуваат на интернет (линк).
„Распеаните скопјани“ ни покажуваат дека важните принципи на сопственото културно наследство (суптилноста, пристојноста, умереноста, достоинството) често мораат да се бранат од деструктивните упливи на истото наследство. Иронијата, на пример, е добро средство за спротиставување на антиквизацијата која се шири не само низ археологијата и спомениците, туку и низ форсирањето на еден кичест, „еклерски“, бескрајно провинцијален и задоцнет класицизам во архитектурата („Распеаните“ всушност и настанаа по мартовското тепање на студентите, пред сè, како одговор на обидите да се варваризира и брутализира главниот град, и буквално, со партиски тепачи и „културно“, со наметнувањето на еден малограѓански и евтино националистички културен концепт).

Реоткривање на патеката на културата

На 27 јуни во старата скопска чаршија од 20 часот почна да се слева река од луѓе кои за триесетина минути буквално го исполнија секоја слободна камена коцка во неа. Според неофицијалните статистики настанот го посетија повеќе од 10.000 луѓе. Во неколкучасовниот настан беа вклучени неколку концерти (Фолтин, Суперхикс, Љубојна), театарски претстави, изложба, перформанси. Нетипичниот настан привлече огромна публика, атмосферата беше одлична, но го предложуваме овој настан за еден од настаните што ја обележаа година и како еден вид препорака дека скопската чаршија има капацитет и потенцијал за заживување. Само ако се понуди интересна содржина поради која луѓето ќе почнат секојдневно, а не само кампањски, да ја посетуваат.

 

 sekoja cest za

 sekoja cest za organizatorite na ovie nastani, se gleda deka ne im e na site seedno sto se slucuva so kulturniot zivot vo zemjava. 

убаво, убаво. дал Бог уште

убаво, убаво. дал Бог уште поубава културна програма Оваа година.пораката е ептен божиќна, пладне после коледарски оган во пресрет на вечерата. :)

Ако ме прашате мене фали и

Ако ме прашате мене фали и отварањето на Хаклабот во Скопје. http://spodeliznaenje.blogspot.com/2009/10/blog-post.html

Најинтересни културни настани и појави во 2009

Nastani na godinata pokraj izlozbata na Salvador Dali, bea i koncertite na Jeniferever i Juliette Lewis :)

Филмот на Ѓорче Ставрески

Филмот на Ѓорче Ставрески „На изгрејсонце“ е избран за прикажување на Клермон-Феранд, најпрестижниот фестивал за кратки филмови во светот. Тој се најде меѓу 75-те најдобри наслови, а во конкуренција беа повеќе од 5.000. Проекциите ќе бидат од 29 јануари до 6 февруари 2010-та, но филмот својата премиера на нашите простори ја доживеа во 2009-та.
Мислам дека требало и ова да го сместите меѓу најинтересните културни појави и настани.

answer this post

All people deserve good life time and www.lowest-rate-loans.com or just secured loan would make it better. Just because freedom depends on money.

re

Badly performed online term paper will fail your reputation. Though, if you buy editing service of great quality, all will be good.

answer this post

Superbly corresponded commentary, if only all bloggers propounded the same matter as you, the internet would be a much advantageously locus. And it’s well known that It is not daily grinds that dispatch fellow, it is worry. Can I approve you a proficient place where you can find argumentative custom essays. Keep the articles progressing !

re

I see that you did a very hard task, writing your good data about this good topic. Hence, this kind of task scholars perform composing their thesis writing and thesis write exploring.

respond

Lots of people don’t get know the correct way to finish their ancient essay paper. Thence, now they would come along your superb issue close to this post and just create the highest quality term paper ever.

reply

The custom essays performing can be really not easy, however such famous writers as you’re are able to compose the sample essay very easily and really fast. Thanks a lot for this!

well done its  agreat job

well done its  agreat job that you tell a great thing to other one to so i'll say that that's a fantastic job superb

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото