Најдобрите вицови на „Окно“ во 2009!

02.01.2010 16:55
najdobrite-vicovi-vo-2009.jpg

 
 

Грчки вирус

Што прави грчки вирус во компјутер?
Менува имиња на фајлови и фолдери.
 
 

Мал свет

Се сретнале двајца пријатели на туристичко патување во Египет. Едниот ВМРО-вец, другиот Грк. Гркот изненаден:
- Кај си бе човек, колку време те немам видено, баш тука кај пирамидиве да се сретнеме. Колку е мал светот!
А ВМРО-вецов:
- Не е светот мал, Македонија е голема!
 
 

19 декември

Наш човек во Амстердам, пред излог со проститутка во него, чука на стаклото и ја прашува:
- Колку?
- 50 евра.
- Уууу, па не е скапо бе ич, вакви дупли стакла кај нас под 200 евра не можеш да најдеш.
 
 

Фраер

Чак Норис извадил македонско државјанство од грчка амбасада!
 
 

Чак Норис закажува лична карта

Чак Норис се јавил да закаже за лична карта вчера. Им закажал за завчера.
 
 

Курчење

Се возел еден патник во авион и со себе го носел папагалот. Поминала стјуардесата и папагалот ја треснал по задникот. Девојката премолчела. Се охрабрил сопственикот на папагалот, па и тој ја плеснал по задникот. По некое време, стјуардесата се вратила со капетанот. Ги фатиле непристојните патници и ги исфрлиле низ врата. Папагалот веднаш замавтал со крилцата и почнал да лета. „И што да правам јас сега?“, прашал патникот. Папагалот му одговорил: „А што се курчиш кога не знаеш да леташ!“
 
 

Швајцарија и море

Отишол Груевски во државна посета на Швајцарија и едно време го прашува својот колега:
- Никогаш не ми било јасно зошто имате министерство за поморство кога немате море?
А овој му одговара:
- А вие зошто имате министерство за финансии?
 
 

Службеници

Се среќаваат двајца државни службеници во ходник, околу два часот попладе, и едниот го прашува другиот:
„Еее, и ти ли не можеш да заспиеш?"
 
 

Грешка

Иде Ѓорги Спасов кај Бранко дома, чука на врата и вика: „Отворете ДЕМОС!“ Се јавува од ходник сопругата на Бранко и одговара: „Дечко, грешка, ова е СЕМОС!“
 

Прскани

Зошто човекојадците најмногу сакаат да јадат девици?
Зашто не се прскани.
 
 

Болка

Си седел Груевски во кабинетот и си ја полирал статуата од Александар Македонски, додека во соседната соба Протогер глеал вести. И наслушнува Груевски, прво малце така одоколу, да не кажат нешто за него. Меѓутоа, на ТВ само лоши работи: 'Меѓународната заедница се откажува од Македонија', 'Народот незадоволен', 'Ескалира свинскиот грип, нема вакцини', 'Економијата во бездна', 'Се зголемува бројот на сиромаштија', 'Можно е да нема греење зимоска'..
И се загрижил Грујо, па му рекол на Протогер: 'А бе, Мартин, знаеш, јас вака кога слушам на вести стварно се прашувам дали сме на добар пат, не ми е за мене, ме боли срцето за народот... Не можам да гледам како ова му се случува на мојот народ.. Дај, те молам, изгаси го телевизорот'.
 
 

Лифт

Груевски, Иванов и Милошоски биле во Брисел. Таму ги искарале за некооперативност. Тажни заради недобивање датум за преговори, седнале во кафеана и се начукале. Го пропуштиле и последниот воз за назад. И тргнале да одат пеш, по пруга.
Милошоски: Леле, ама се долги скаливе...
Иванов: Никогаш нема да ги искачиме...
Груевски: Не се секирајте. Еве иде лифтот...
 
 

Разлика

Што е разлика помеѓу убавината и транзицијата?
Убавината е минлива.
 
 

Орел и крал

Оди кокошката и го сретнува црвот.
- Здраво, орелиште - ја поздравува црвот.
- Здраво, цару змиски - отпоздравува кокошката.
 
 

Школо

Ги построил командирот полицајците и им зборува: „Вие што имате средно школо застанете десно, а вие што имате основно застанете лево.“ Но во средината останал еден полицаец: „Каде да одам јас, кога немам никакво школо?“ „Ти застани зад мене“, одговорил командирот.
 
 

Пушач и непушач

Разговараат рак-пушач и рак-непушач.
-Абе, зашто ти не пушиш? - му вели првиот на вториот.
-За да не добијам човек на бели дробови - одговара ракот-непушач.
 
 

Дописен член

За големите заслуги во чудната војна од 2001 година, членовите на МАНУ едногласно одлучиле да го примат Владеј Делбеновски за свој член. Единствената дилема била дали да добие статус на редовен или пак на дописен член. Не знаејќи како да ја разрешат дилемата, го замолиле самиот Владеј да реши. Неговиот став бил дециден: ако веќе решиле да го примат, само опцијата редовен член доаѓа предвид. На прашањето зошто, Владеј Делбеновски едноставно објаснил дека од објективни причини не може да биде дописен член - тој е неписмен!
 
 

Оглас

Оглас во весник:
Кој ќе ми најде жена со мираз од 100.000 евра, ќе му дадам 50.000 евра. И плус ќе му ја подарам и жената.
 
 

На твои години

Му вели учителот на малиот Трајче:
- Трајче, знаеш ли дека на твои години Абрахам Линколн бил петкаш?
А малиот Трајче му вели:
- А ти знаеш ли дека на твои години бил претседател на Америка?
 
 

Побрзо

Чекаат Mакедонци цел ден пред грчка амбасада. Излегува амбасадорот и овие му се жалат:
"Ај бе, цел ден чекаме, нема смисла, побрзо може ли?"
"Доста бе, ќе чекате", и ги мава со камшик.
После некое време пак излегува, а овие пак се жалат:
"Де бе, стварно нема смисла, може ли малку побрзо, окапавме тука?"
Овој пак ги мава со камшикот и вика: "Море ќе чекате дур не цркнете ако треба!"
Излегува третиот пат и им вика на луѓето:
"Слушајте вака, сега сите ќе влезете, ама има еден услов. На почетокот на редот кај што ќе ви ги даваат визите има еден црнец и ќе мора сите да ве опне отпозади"
"Лелеее, па нема смисла, дај ставете двајца црнци за побрзо да оди редот."
 
 

Смрт од глад

Си биле Италијанец, Германец и Македонец. Сите умреле и заминале кај Свети Петар. Свети Петар го прашал Италијанецот како умрел. Тој рекол:
- Купив Ferrari, направив сообраќајка и умрев.
Потоа го прашува Германецот како умрел. Тој рекол:
- Купив BMW, направив сообраќајка и умрев.
Потоа го прашува Македонецот и тој вика:
- Јас купив Фичо и умрев од глад!
 
 

Црно

Што и’ рекла четката за заби на четката за чевли?
- Црно ти било пишано!
 
 

Име

Тргнал Трпе на прослава на матурата во Скопје. Влегол во воз и ја прашал плавушата што седела во купето и читала книга: „Добар ден, дали е слободно?“. „Да“, му одговорила таа и Трпе си седнал. По некое време, сакајќи да започне разговор, Трпе рекол: „Госпоѓице, се извинувам што ве прекинувам, ама гледам дека читате нешто интересно“. Плавушата му одговорила: „Па, да, читам малку за машките полови органи“.
Трпе се израдувал: „И што велат?“
„Па, велат дека Унгарците имаат најдебели, а Индијанците најдолги пениси.“
Трпе се замислил, станал и рекол: „Извинете, не се претставив. Јас сум Иштван Винету“.
 
 

Релативност

Му се јавува Грујо на Господ и му вели:
- Боже, колку се за тебе милион години?
- За мене тоа е една секунда - вели Господ.
- А колку се милијарда евра?
- За мене тоа е еден цент - одговара Господ.
По кусо размислување, Грујо прашува:
- Боже, ќе може ли да ми дадеш еден цент?
- Одма. Почекај само секунда.
 
 

Вампир и леб?

Дошол вампир кај пекар и бара десет кила леб.
Пекарот го прашува што ќе му е толку леб, а вампирот одговара:
Абе, жена ми доби менструација, па да макаме.
 
 

Гипс?

Новокомпониран богаташ Македонец скршил нога и отишол кај приватен ортопед.
-Скршена е, ќе мора да се стави гипс - рекол ортопедот.
-Каков гипс, бе, батка?! Тури мермер!
 
 

Цврсти момци

-Си биле две гомна и цепеле дрва.
Тогаш дошол проливот и им рекол:
-Може и јас да ви помогнам?
А гомната одговориле:
-Не може Ние работиме само со цврсти момци!
 
 

Златна ајкула

Некој човек фатил златна ајкула и ајкулата му ветила дека ќе му исполни една желба ако ја врати назад во водата. Човекот размислува пар секунди и вели:
-Сакам да имам к.. до земја!
Тогаш ајкулата скокнала и му ги одгризла двете нозе.
 
 

Слон и Мравка

Одат мравка и слон преку мост.
Мравката вели: -Еј, како тресеме!!!
 
 

Народна демократија

Каква е разликата меѓу обичната демократија и народната демократија (базирана на популизам, демагогија и маркетинг)?
Таква каква што е разликата меѓу стол и електричен стол.
 
 

Дете или пиво

Еден маж стои пред градинка. Поминува една мама и го прашува: - Господине, чекате дете?
Господинот одговара: - А не, тоа ми е од пивото.
 
 

Должината на палецот

- Храната патува седум секунди од устата до стомакот.
- Просечниот машки полов орган три пати е поголем од должината на палецот.
- Човечката бутна коска е посилна од бетон.
- Женското срце чука побрзо од машкото.
- На човечкото стапало живеат околу трилион бактерии.
- Твоето тело користи триста мускули кога мируваш.
- Ако плунката не може да ја растопи материјата, не можеш да го осетиш вкусот на таа материја.
***
Жената заврши со читањето.
Мажот е зафатен со мерење на палецот.
 
 

Шеќераши

Четири вампири играат покер во човечки трупови. Еден од нив решава да се откаже:
- Уморен сум. А и нема веќе трупови. Идам да спијам. Доаѓа зората.
- Немој да лажеш дека веќе немаме лешеви.
- Неам, гарант.
- Ај да ѕирнеме во твоето поткровје, да видиме дали имаш или немаш.
Доаѓаат до поткровјето и таму стварно висат десетина трупови.
- Што е ова, пријателе?!
- А, ова ми се шеќерашите, нив ги чувам за компот.
 
 

Арамијата и Грујо

Еден арамија случајно налетал на Никола Груевски.
Арамијата: „Дај ми ги сите свои пари!“
Груевски: „Абе, знаеш ли кој сум јас?! Јас сум Никола Груевски!“
Арамијата: „Океј. Дај ми ги тогаш сите МОИ пари“.
 
 

Повеќе

Го прашвуваат Трпе што сака да биде повеќе, глупав или убав.
- Глупав, фала богу - вели Трпе.
- Зошто? - го прашуваат.
- Убавината е минлива.
 
 

Откритија

Мажот го открива зборот и го измислува разговорот,
жената го открива разговорот и го измислува дрдорењето,
мажот го открива земјоделството и ја измислува прехраната,
жената ја открива прехраната и ја измилсува диетата,
мажот го открива пријателството и ја измислува љубовта,
жената ја открива љубовта и го измислува бракот,
мажот ја открива жената и го измислува сексот,
жената го открива сексот и ја измислува мигрената,
мажот ја открива работата и ги измислува парите,
жената ги открива парите и сè оди во п. м.
 
 

Илегалец

Некој македонски слон сакал илегално да ја премине грчката граница, ама не знаел како. Му се пожалил на некој македонски глушец за проблемот. Глушецот му рекол дека има решение за него. Го спакувал слонот во багажникот на колата и под секоја пазува му ставил по еден леб. На грчката граница цариникот во редовна контрола го замолил глушецот да го отвори багажникот и тогаш го здогледал слонот.
- Што е ова? - прашал.
А глушецот му одговорил:
- Што ти е гајле што ставам во моите сендвичи!
 
 

Конгрес на европски трансплантолози

На конгресот на европските трансплантолози, претставникот на британските лекари се фали:
„Ни дојде пациент без ’рбет, му пресадивме цела кичма, и по една недела помината во болница, благодарение на научните откритија на британските научници, човекот се чувствува одлично и веќе е надвор и бара работа.“
Претставникот на француските лекари се фали:
„Ние во Франција направивме уште позначајна работа! На еден човек без бели дробови му пресадивме едно белодробно крило и по три дена поминати во болница, со само едно белодробно крило се чувствува одлично и веќе е надвор и бара работа.“
Претставникот на македонските лекари се фали:
„Сепак, ние во тоа отидовме најдалеку! Најдовме четворица без мозок, ги поставивме на чело на државата и во рекорден рок веќе пола од населението е надвор од земјата и бара работа! А оние четворицата и понатаму се без мозок и одлично се чувствуваат!“
 
 

Македонски цајкани

Заминале за Африка американски, англиски и македонски цајкани. Се натпреварувале кој попрво ќе фати жирафа.
Отишле американските цајкани и за 15 минути донеле жирафа.
Отишле англиските цајкани и за 10 минути донеле жирафа.
Отишле македонските цајкани и за 5 минути донеле слон, целиот во модрици.
Почнале да се бунат американските и англиските цајкани: Не рековме слон туку жирафа.
А слонот ја подига сурлата и вели: Признавам дека сум жирафа.
 
 

Преродба во сто чекори

Директор на фирма ја вика секретарката и и’ вели: „Ајде, спреми се, одиме една недела на службен пат во странство...“
Секретарката, по враќањето дома, го информира мажот: „Мили, морам со шефот на пат една недела, ќе мораш самиот да се грижиш...“
Мажот ја информира швалерката: „Жена ми ќе биде на пат цела недела, ќе бидеме заедно тоа време...“
Швалерката го информира својот ученик кому дава часови по математика: „Ќе бидам мошне зафатена, имам многу работа и ќе паузираме една недела...“
Ученикот целиот среќен го информира својот дедо: „Дедо, дедо, ќе бидам слободен цела недела и немам часови, оти наставничката ми е зафатена; ајде да одиме по риба...“
Но испаѓа дека дедото е директорот на фирмата. Тој повторно ја вика секретарката: „Планот е променет, внук ми ме моли со него да ја поминам неделава...“
Секретарката го вика својот маж: „Мили, мојот шеф е зафатен, службениот пат е откажан...“
Мажот ја вика швалерката: „Нема да можеме неделава, жена ми го откажа патот...“
Швалерката го повикува ученикот: „Продолжуваме со часовите по стариот распоред!“
Ученикот го вика својот дедо: „Дедо, наставничката продолжува со наставата, не можам да ти правам друштво...“
Дедото пак ја вика секретарката: „Не се секирај, сепак ќе патуваме неделава. Спремај работите...“
 
 

Ревносниот папагал

Некој поп имал папагал што го сакал многу. Каде и да одел, секогаш го носел со себе, му купувал сè и сешто, а во црквата местото му било покрај олтарот. Еднаш попот морал да оди по некоја итна работа, па го оставил папагалот дома. Кога се вратил - што да види: папагалот ги изебал сите кокошки на соседот. За таквиот тежок грев попот му ја ишишал главата и го ставил покрај влезната врата на црквата да служи. Додека верниците влегувале во црквата, папагалот морал да повторува:
- Мажите десно, жените лево, а децата во средина.
Така било пред секоја миса, сè додека пред вратата не се појавил некој целосно ќелав човек. Тогаш папагалот гракнал:
- Мажите десно, жените лево, децата во средина, а ти ќелавко што си дупел кокошки, застани тука покрај мене!
 
 

Ладење

Отишол Трпе на лекар да се жали:
- Драги докторе, помагај, Перса воопшто не ужива кога ја тртам!
- Ех, мој Трпе, пробај малку да направиш атмосфера... еве, на пример, обиди се да донесеш црнец и нека ве лади со лепеза додека ја тртиш!
Трпе така и направил... Црнецот мавта, Трпе ја трти, а Перса мртва ладна. По некое време станува Трпе и му вика на црнецот:
- Ајде, ти трти ја, а јас ќе ладам!
И’ се качува црнецот на Перса, а таа се мрднува од задоволство. И тогаш Трпе:
- Гледаш ли како се лади, пичка ти мајчина!
 
 

Слепец

Влегува слепец во женски бар по грешка и си нарачува пиење. По некое време и’ вели на келнерката:
- Сакаш да слушнеш виц за плавуша?
Истиот миг целиот бар замолчува и жената покрај него вели:
- Пред да го кажеш вицот, морам да ти кажам пет причини зошто не би требало да го кажеш, па ти размисли:
1. Келнерката е плавуша.
2. Јас сум плавуша од 90 кила со црн појас.
3. Оваа до мене е плавуша која тренира борење.
4. Таа зад тебе е плавуша полицајка.
5. Обезбедувањето се плавуши.
- Сега, сигурен ли си дека сакаш да кажеш виц за плавуша?
А слепецот:
- Нема шанси, па да морам петпати да го објаснувам.
 
 

Ловечки приказни

Зошто секое ловечко куче има спуштени уши?
Зашто му се здосадени ловечките приказни.
 
 

Долетување

Што вели Талибанецот кога ќе го викнеш на кафе?
-Може ќе налетам.
 
 

Бабички на чешма

Две бабички на чешма разговараат:
- Шо праиш?
- Шо да праам?
- Шо ќе праиш!
 
 

Донации

Се вози некој човек по автопат, кога наеднаш се создава некаков метеж. После долго чекање во место, му приоѓа полицаец.
- Добар ден!
- Добар ден. Што се случува? - прашува човекот.
- А бе, некој лудак го киднапираше премиерот Груевски и сега бара 10 милиони евра за да го ослободи или се заканува дека ќе го полие со бензин и ќе го запали. И така, одиме од кола до кола за донации...
- И, колку обично ти даваат луѓето?
- Па, просечно 4 до 5 литри.
 
 

Потенцијален зет

Се вози еден Влав со воз, а наспроти него седи еден младич.
Во еден момент младичот прашува колку е саат. Влавот го вади часовникот од џеб, гледа, го враќа часовникот во џеб и си молчи...
-Зашто не сакате да ми кажете колку е саат?
-Та, ете... ако ти кажам, ти ќе ми речеш фала. Јас тебе ќе ти речам, нема зашто. Ти тогаш ќе ме прашаш каде патувам, а јас тебе ќе ти речам дека одам во Крушево. Ти тогаш ќе ме прашаш кого имам во Крушево, а јас ќе ти речам дека таму имам жена и ќерка. Тогаш ти ќе ме прашаш колку години има мојата ќерка, а јас ќе ти одговорам дека има дваесет. Потоа ти ќе ме прашаш дали ќерка ми е убава, а јас ќе ти одговорам дека таква убавица ретко се среќава. Потоа ти ќе сакаш да дојдеш со мене во Крушево, а јас ќе те однесам дома. Кога ќе ја здогледаш, ти веднаш ќе ја запросиш, а јас тогаш ќе морам да те испратам по ѓаволите, бидејќи ебате зетот кој нема часовник!
 
 

Херојство

Стар вмровски кадар на внукот му раскажува патриоски приказни од минатото:
-Жестоко сме се бореле против Турците. Налетувам јас еднаш така на еден Турчин, ја извлекувам сабјата и одма му ја кинам десната рака, па после му ја кинам и левата, па преминувам на обете нозе...
-А главата? Му ја скина ли и главата? - прашува внукот.
-А јок вала! Тоа веќе некој друг го направил!
 
 

Слонот и црвите

Студентот по биологија, неподготвен за испит, решава да го положи знаејќи ја слабоста на својот професор. Професорот докторирал со тема за црвите. Студентот од целиот испит ги подготвува само лекциите за црви. На испитот, првото прашање што студентот го добива е за слонот; и почнува студентот: слонот е голем цицач, живее во Азија и Африка, и толку е голем што дури и едно негово уво илјадници пати е поголемо од црвите. А црвите се делат на...
 
 

Скулптури

Во еден мал парк стоеле две скулптури: едната прикажувала гол маж, а другата гола жена. Гледале еден во друг веќе стотина години. Еден ден од небото се спуштил ангел и со просто движење ги оживеал двете скулптури.
- Како награда за вашето трпение во текот на сите овие лета и зими, ви дарувам половина час живот за да го направите она по што најмногу копнеете - рекол ангелот.
Скулптурите значајно со погледнале и потрчале кон грмушките. Ангелот чекал, додека од грмушките се слушале извици. По 15 минути скулптурите се вратиле задишани и насмеани.
- Ви останаа уште 15 минути - рекол ангелот.
- Супер! Ќе одиме пак? - запрашала машката статуа.
- О, да, те молам! - одговорила таа. - Но, сега да се замениме! Овојпат јас ќе го придржувам гулабот, а ти кењај му врз главата!
 
 

Црногорец и куче

Зошто Црногорецот, по ручекот, става коска во гаќите?
За кучето да може да го одвлече во ладовина.
 
 

Создавање на родот

Ги створил Господ мажот и жената. Го гледа Господ мажот и вели:
-Ти испадна супер!
А потоа ја погледнува жената и вели: - Јеби га, ти ќе мораш да се шминкаш.
 
 

Она сум јас

Во Минхен на улица се сретнале Суљо и Мујо.
Прашува Суљо: Како се снајде во градов, пријателе?
А Мујо одговара: Онака, средно, не е лесно. А ти?
- Ма одлично - вели Суљо. - Дојди да ти покажам. Ја гледаш онаа вила таму? Е, тоа ти е мојата вила. Го гледаш мерџото пред вилата? Е, тоа е мојата кола.
Во тој момент на терасата од вилата излегува една преубава плавуша.
- Е, тоа ти е мојата жена - вели Суљо.
Одеднаш на терасата излегува еден тип и ја прегрнува плавушата.
- А, гледаш, Мујо, она таму сум ти јас.
 
 

Затвор

Се вози типац на мотор и случајно удира еден врабец во лет. Му паднало жал, застанал и видел дека врабецот е уште жив. Го понел дома и го ставил во кафез со малку вода и леб. Пар часови подоцна, кога врабецот се разбудил, погледнал околу себе и почнал да се кае:
- Решетки, леб, вода... сум го убил мотоциклистот!
 
 

Како Латас известува

Се тркале Грујо и Бакојани во трка на 100 метри. Бакојани победила, но Латас дал известување:
- Славниот премиер Никола Груевски го зазема одличното второ место, додека озлогласената Гркинка стигна претпоследна!
 
 

Македонска државна лотарија

Прашање до радио-Ереван: Од Македонија новинарот Латас известува дека со помош на славен Грујо македонскиот граѓанин Митко Митковски од државната лотарија добил југо?
Радио-Ереван одговара: Информацијата во принцип е точна, само што не станува збор за Митко Митковски туку за Мите Митевски, и не е југо туку е точак, и не е добиен на лотарија туку е украден.
 
 

Одисеја 2010

2010 година, славна Макетонија. Цвета власта на мили сенароден Грујо. За жал, земјата сè уште нема визна либерализација и народ моли да добие азил или барем привремен аусвајс, да може да заработи некоја корка леб берејќи портокали во Грција, малини во Србија, или ѕидајќи куќи во Бугарија и Албанија. Но, ни на животните не им е лесно. Макетонските граничари имаат наредба да пукаат на секој што ќе се обиде да ја премине границата. Ретко кој се осмелува. Одеднаш, во големи групи почнуваат да доаѓаат зајаци.
 - Добога, ве молиме, пуштете нè да преминеме!
- Па што е проблемот со вас?
- Во доверба ни рекоа дека наскоро ќе ги убијат сите жирафи во земјата.
Едниот од граничарите се смее, се наведнува и погалува некои од зајаците.
- Ама, малечки мои, се надевам дека сфаќате дека вие не сте никакви жирафи?
- Ние тоа го знаеме многу добро - вели предводникот на зајаците. - Но, како да го докажеме тоа?
 
 

Провалија

Од предизборните говори на Ѓорге Иванов:
„Почитувани Македонци! Пред три година земјава ни се наоѓаше пред прагот на бездната! Но, откако на власт дојде владата на Груевски, направивме голем чекор напред!“
 
 

Гласање

Летаат во авион стариот Буш, Горбачов и Слоба Милошевиќ. Кога, се расипува машината и мораат да скокаат. Ама има само еден падобран. Милошевиќ предлага: „Сите ние сме демократи, најдобро е да гласаме!“
Другите се согласуваат и прават тајно гласање. Победува се знае кој, и велејќи „У то име ја вас поздрављам“ скока од авионот. Буш и Горбачов, покиснати, немаат друго, и тие решаваат да скокнат без падобран. Во текот на падот Горбачов му вели на Буш: „што јес јес, гласавме тајно“. А Буш одговара: „Но, како успеа да добие 1700 гласови вишок?!“
 
 

Таткото на Пинокио

Шета Исус низ пустина и налетува на некој слепец. Прашува Исус:
- Што бараш ти тука, слепецу?
- Насекаде низ светот го барам својот син.
- Кажи ми како изгледа син ти?
- Па, има шајки во обете раце, а исто така и клинови во нозете.
- Тааато! - извикал Исус.
- Пинокио, сине мој!
 
 

Македонските политичари и златната рипка

Отишле Груевски, Црвенковски и Ахмети по риба и ја фатиле златната рипка. Рипката ги замолила да ја пуштат, а таа за возврат ќе им исполни три желби.
Груевски: „Нека исчезнат сите сдсмоовци!“ - и желбата му била исполнета.
Црвенковски: „Нека исчезнат сите вмроовци!“ - и оваа желба била исполнета.
После ова Ахмети длабоко се замислил и рекол: „Донеси ми едно кафе!“
 
 

Решение за пругата

Тито се вози со воз. Одеднаш возот застанува а Тито излегува и го прашува машинистот:
-Зошто застана возот?
-Другар Тито, нема веќе пруга!
-Брзо викнете ги младинците и нека ја изградат пругата!
Црвенковски се вози со воз. Одеднаш возот застанува а Бранко излегува и го прашува машинистот:
-Зошто застана возот?
-Друже Бранко, нема веќе пруга!
-Брзо, симињајте ја пругата што ја поминавме и ставајте ја напред!
Груевски се вози со воз. Одеднаш возот застанува а Грујо излегува и го прашува машинистот:
-Зошто застана возот?
-Нема веќе пруга, Грујо!
-Тогаш, лулајте го возот за да изгледа дека се возиме!
 
 

Што е политика

Едно просечно малолетно дете го прашува својот татко, кој е еден просечен македонски буџован:
- Тато, што е тоа политика?
- Види вака, сине: јас сум сопственик и столб на нашава куќа, што значи јас сум капитализмот; твојата мајка ја средува куќата, што значи таа е администратор или влада; нашата помошничка работи многу за мали пари и таа е работничката класа; ти си обичниот народ, а твоето помало братче е иднината.
- Е па, тато, сега знам што е политика.
- Кажи, сине?
- Додека капитализмот ја ебе работничката класа, владата спие, народот е игнориран, а иднината е во гомна!

 

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото