Што е секси за жените на машкото тело

05.01.2010 14:50
Men__001032_1.jpg

Иако на жените, за остварување на врската, им е потребно нешто повеќе од физичката привлечност, и тие се возбудуваат од погледот на одреден дел од машкото тело.

Секси задникот, убавите раменици и мускулестото тело ја окупираат женската фантазија. Кои делови од машкото тело најмногу го привлекуваат погледот на жените?

Раменици

Многу жени „откачуваат“ на машките раменици, бидејќи сметаат дека тоа е најмажествениот дел од нивното тело. Посебно сакаат ако на рамениците се видливи јасно дефинирани мускули. Тоа кај нив буди чувство на сигурност и заштита. Широките раменици покажуваат дека станува збор за силен и мажествен маж кој ќе може да се грижи за нив.

Тело

Погледот на добро граденото машко тело им го одзема здивот на некои жени и кај нив буди нагон за допирање. Жените сакаат да поминуваат со раката по прекрасното машко тело, а посебно се возбудени кога нежно им се оцртуваат мускулите.

Усни

Исто како и мажите, и жените ги сакаат полните усни бидејќи тие делуваат сензуално и привлечно. Штом жената ќе забележи убави усни на мажот, кај неа се буди желбата за бакнување и милување. Полните машки усни кои нежно се истакнуваат меѓу тродневната брада за некои жени претставуваат прекинувач за вистинско возбудување и сексуална желба.

Јазик

Иако јазикот не е нешто што се воочува при прв поглед, тој за жените има голема важност. Зошто? Токму јазикот е одговорен за бројните задоволства во сексот. На жените не им е толку битен изгледот на јазикот колку што им е битно нивниот партнер да знае добро да се служи со него.

Бицепси

За некои жени нема ништо поубаво од погледот на убаво изразените машки бицепси. Тие укажуваат на неговата сила и мажественост. Освен тоа, убаво дефинираните бицепси на жените им покажуваат дека мажите се грижат за сопственото тело, а жените ги сакаат мажите кои знаат да се грижат за разни нешта.

Задник

Подеднакво како што мажите ги набљудуваат женските задници, така и жените со големо внимание ги гледаат машките. Најмногу се ценат цврстите задници од средна големина чии мускули се стегаат при одењето. За жените тоа е многу еротска глетка која им ја буди сексуалната фантазија.

Пенис

Кога ќе наиде маж кој ќе им се види привлечен, некои жени незабележително ќе го насочат погледот кон неговото меѓуножје. Иако не можат многу да видат, сепак тие ќе насетат што се крие таму. Според некои истражувања, жените повеќе сакаат поголеми пениси. Меѓутоа, да не заборавиме дека на секоја жена многу поважна и’ е техниката.

Бедра

Бедрата не ги сакаат само мажите. Многу жени за време на сексот сакаат да почувствуваат под раката цврсто и убаво машко бедро. Начинот на кој машките бедра се движат додека мажот чекори за жените е многу привлечен. Тоа е уште една работа која во женските очи има мажествено значење.

Раце

Големите машки дланки и негуваните прсти им се неодоливо секси на жените. Машките раце за многу жени претставуваат синоним за машкоста. Освен тоа што тие се рацете кои ги допираат, тоа се и рацете кои заработуваат за живот. Машките раце во очите на жените имаат повеќекратна симболика, и на жените им е многу битно тие да бидат силни и негувани.

Извор: Intimate Medicine

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото