Расистички реклами

08.01.2010 15:53
ras-rek.jpg

„Мојата кожа е темна, ама моето срце е бело“, крајно расистичка фраза која портретира Индијанец кој сака да го поддржи Канадскиот патриотски фонд.

Расистичка реклама за Aunt Jemima's Pancakes (Палачинките на тетка Џемима), најпознатата смеса за палачинки, создадена уште во далечната 1889. Постои ли подобар начин да се претстави еден производ од еден среќен поранешен роб кој израснал на плантажите на Луизијана правејќи палачинки за своите господари?

Ова е сурово! Реклама за сапуните од компанијата N.K. Fairbank Co. која прикажува бело девојче кое прашува црнче „Зошто мајка ти не те измие со волшебниот сапун?“ Срамно!

Реклама за списанието „This Week in Atlanta“ од 1967, каде го гледате Cotton Watts, хумористичар кој настапувал како црнец во 60-те.

Оваа реклама на Van Heusen од 1952 вели дека „4 од 5 мажи го сакаат Oxfords... во новиот Van Heusen стил“. Значи, цивилизираниот свет знае подобро од стереотипно прикажаните дивјаци?

Во рекламава гледаме штотуку оженет брачен пар кој ужива во медениот месец. Ако мислите дека дијалогот во рекламата крие расистички пораки, прочитајте ги последните редови на истиот: „Ајде да му дадеме двојно повеќе напојница на прислужникот зашто ни кажа за Sal Hepatica“.

Реклама за Maxwell House кафе од 1924 г. која претставува уште пример за расизмот во јавноста. Оваа прикажува црн слуга со обврски за послужување кафе.

Гледајќи ја оваа реклама за Bull Durham тутунот, принудени сме да помислиме на огромните плантажи со тутун од старите времиња, и контроверзната улога на црнците што ја имале таму.

Уште еден пример како расизмот дури и се сметал за „кул“ во старите времиња.

Реклама за Cream of Kentucky виски која портретира два добро познати стереотипи.

Финска реклама која вели дека „Само африканските црнци не се обложуваат, а сите останати се обложуваат и добиваат!“.

Стара реклама која прикажува Tirailleur Sénégalais (француски израз за странец во првите борбени линии) проследен со паролата „ya bon banania“ (нешто слично на: „Добра банана“). Оваа реклама беше забранета во Франција по само пет години од нејзиното појавување.

Неверојатно, ама овој производ тогаш бил многу порасистички отколку денес... Само погледнете го неговиот наслов.

Извор: oddee.com

Слични статии

Општество Ретро

ОкоБоли главаВицФото