
Boo Ritson е необичен уметник. Всушност, попрво би кажале дека нејзините дела се прилично необични. Бу Ритсон црта луѓе. Ама не ја нанесува бојата врз платното, туку директно врз живи модели и ги претвора во скулптури.
Нејзините креации траат кратко, сè додека не се измијат слоевите боја од лицето и телото на моделот, па затоа тие се овековечуваат на фотографиите на Енди Крафорд.
Бу ги маскира своите модели; таа ги претвора во туѓи карактери, во сурогати на познатите личности и холивудските стереотипи.
Најголем проблем во творештвото на Бу е времето. Таа на располагање има само дваесетина минути, по чиј истек бојата почнува да се суши. Исправки нема, бидејќи штом еднаш е нанесена, со бојата не може да се направи ништо освен да се почне повторно од свежо измиеното лице.

Идејата да црта на луѓето наместо на платно и’ дошла еден Божиќ кога на главата ставила капа за туширање и очила за нуркање, и го испрскала лицето со бои кои ги нашла дома, а потоа побарала од сопругот да ја фотографира. „Едноставно не можев да го тргнам погледот од фотографијата“, вели Бу. Штом поминал Божиќ, нејзиниот сопруг и таа се зафатиле со работа, позирајќи си еден на друг.
Бу е родена 1969 г. во Сјури, Англија. Живее и работи во Чешаму.
Англиската група The Maccabees ја ангажираше за насловната страница на албумот „Wall of Arm“. Исходот, како што гледате, е фантастичен, а еве го и музичкиот прилог: The Maccabees - Wall of Arms.









Извор: P.U.L.S.E.