
Cinema 16 е филмско друштво основано во 1947 година од страна на Амос Вогел во Њујорк. Таа година тој и неговата жена Марика започнуваат успешно да го водат еден од највлијателните филмски кружоци во северно Американската историја.
Cinema 16 прикажувал најчесто експериментални филмови кои се појавиле после Втората светска војна. Таму за прв пат биле прикажани филмовите на режисери како Roman Polanski, John Cassavetes, Nagisa Oshimaр, Jacques Rivette и Alain Resnais. Идејата за филмскиот кружок Вогел ја добива од една изложба на Maya Deren насловена како „Three Abandoned Films“ (Три напуштени филмови). Насловот на изложбата реферира на Гијом Аполинер и на неговото стојалиште дека филмот никогаш не е завршен, туку само напуштен.
После седумнаесет години успешна работа, точно во 1963 година друштвото се затвора, за во 2008 година Cinema 16 да биде повторно обновена од страна на фотографот Molly Surno. Денеска на нивната веб страна можат да се најдат неколку колекции со кратки филмови и тоа: Британски кратки филмови, Европски кратки филмови, Американски кратки филмови и колекцијата на Светски кратки филмови. Фестивалот кој се одржува најчесто е проследен од некој локален бенд. Во август 2008 беа прикажани шест филма на чешкиот мајстор Jan Svankmajer придружени од бендот Hundred Eyes.
Амос Вогел покрај тоа е и основач на „Lincoln Center Film Department“, а бил и директор на првиот филмски фестивал во Њујорк. Најпознат е по неговата бестселер книга „Филмот како субверзивна уметност“ до која лесно може да се дојде преку пребарувачите на интернет.
Во продолжение ви препорачуваме четири европски куси филмови кои навистина вредат да се видат.
.jpg)
Copy Shop [2001] - (Фотокопирница)
Режија: Virgil Widrich
Фотокоприница е генијален, визуелно зачудувачки експериментален филм за еден човек кој работи во продавница за копирање. Филмот всушност се состои од приближно 18,000 фотографии, кои се анимирани и снимени со 35 мм фотоапарат.
Напишан, продуциран и режиран од Widrich, овај филм коментира за современата технологијата толку лирски што може да се каже дека е еден од најпоетичните филмови на тивката ера.
Настрана од номинацијата за Оскар филмот беше голем хит на фестивали ширум светот, играше на 133 фестивали и доби над 30 меѓународни награди.

Epilog [1992] - (Епилог)
Режија: Том Тиквер
Стилски одмазднички филм на Том Тиквер кој го постави предусловот за неговиот меѓународен хит „Трчај Лола Трчај“.
Тој што го гледал „Парис, те сакам“ сигурно се сеќава на Faubourg Saint-Denis - секвенцата со слепото момче и девојката актерка и знае за каков режисер станува збор. Уживајте.
L'homme sans tête (Човекот без глава) [2003]
Режија: Хуaн Диего Соланас
Човекот без глава е еден од најистакнатите кратки филмови кои дебитираа во последните неколку години. Филмот е правен повеќе од 4 години од страна на Хуан, кој претходно работел како кинооператор. Визуелно и технички е многу богат. Тој покажува како еден краток филм може да биде забавен и сладок. Доби низа награди во светот вклучувајќи ги и награда на жирито на Канскиот филмски фестивал во 2003 година и водечка награда, CSAR.
Обична соба со поглед на огромен индустриски пејзаж. Во далечината, океанот се простира колку што окото може да ти види. Со носталгична атмосфера во воздухот, еден човек без глава танцува со живи чекори. Тој самиот се подготвува за романтично рандеву. За таа прилика, се разбира, тој треба да купи глава.
„Живееме во еден период каде киното е производ; филмови стануваат се повеќе и повеќе комерцијализирани. Кратки филмови се едни од последните вистински места за уметничка слобода“, вели Хуан.

Le batteur du boléro [1992] (Тапанарот на болеро)
Режија: Патрис Леконт
Божји суд на тапанарот на оркестарот кој мора да го тропа Болерото на Равел... повторно.
„Идејата е многу едноставна, идејата е ништо, идејата е луда. Ја имав во мојата глава веќе подолго време. Еден ден се сретнав со Жил Џејкоб во Кан и тој ме праша: Ти никогаш не сакаш да снимаш кратки филмови измеѓу играни филмови? Ух, не, му реков и му ја раскажав идејата за тапанарот и болерото“, вели Патрис Леконт.
astral.com
Испратено на 15 јануари 2010 од Анонименastral.com