Потрошувачкото општество и сексот

15.01.10 16:11
car-advertising.jpg

Ако некогаш сте се запрашале зошто постојат оскудно облечените жени на секој саем за автомобили, тогаш треба да знаете дека постои одговор.

Ако сакате да му продадете нешто на некој маж, понудете му убавица во бикини во комплет со производот. Згодните жени на саемите за автомобили или привлечните жени кои продаваат опрема за градежништво и направи од високата технологија секогаш играат на истата карта.

Рекламите за сите производи што можат да се продадат, почнувајќи од фармерките до бонбоните со ментол вкус, потсвесно сексуално нè дразнат, изложувајќи нè на облините на женското тело и користејќи сензуален глас за пренесување на вербалната порака.

Брам ван ден Берг, Зигфрид Де Вите и Лук Варлоп од Белгија се обидоа да го потврдат веќе вкоренетиот рекламен трик преку еден експеримент. Нивното истражување беше објавено во списанието Journal of Consumer Research.

„Се чини дека сексуалниот апетит предизвикува поголема итност за да се консумира некој производ“, велат тие. Покрај тоа, активирањето на сексуалната желба се префрла и на другите мозочни системи кои се вклучени во т.н. „барањето-наслада“ однесувањето, дури и во случаи кога тие системи немаат никаква врска со сексот како, на пример, желбата за храна или за пари. Авторите на ова истражување веруваат дека сексуалниот стимул ги донел машките умови на нивото на кое сме денес: „Истражувањето ни покажува дека бикинито предизвикува интересен феномен во перцепцијата на времето: мажите живеат во „сега-и-овде“ состојба кога гледаат на фотографии со жени во долна облека. Односно, мажите ќе ја одберат моменталната награда и ќе бараат итно задоволување откако ќе бидат изложени на сексуалната дразба.“

Овие истражувачи значително го опишуваат ефектот кој е широко употребуван од рекламните агенции во потрошувачките општества. Сè што е поврзано со сексуалното кај луѓето предизвикува желба која мора да биде задоволена што е можно побрзо. За да биде задоволен овој импулс, тој се префрла во сите механизми на носењето одлуки. Сексуалниот стимул ги прави мажите нестрпливи и безобѕирни. Наместо да промислат околу нештата, тие бараат моментално задоволство.

Тие го купуваат производот не поради неговиот квалитет и својства, туку поради потребата за итно задоволување. Едноставно, мораат да го имаат.

Еден од начините да се избегне ваквата манипулација е исполнетиот сексуален живот. Задоволувањето на сексуалната желба ги смирува луѓето и на тој начин рекламните трикови не можат да ги втурнат во манијакална потреба за задоволување.

Значи, за да заштедите пари, ќе треба почесто да водите љубов. Ама не преку телефонот.

Извор: Intimate Medicine

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото