
„Гарганутуа и Пантагруел“, славниот роман на Франсоа Рабле (1494?-1553) е една од најзначајните книги на сите времиња (интегрално не е преведена на македонски). Во тоа, значи, ремек-дело на гротеската и на карневализацијата, постои една ваква сцена: џинот Пантагруел со својот огромен исплазен јазик успева од дожд да ја заштити целокупната војска сместена на едно поле! После таа сцена следи описот на доживеалиците на писателот Алкофрибас во устата на Пантагруел. Паѓајќи во зјапнатата уста на џинот, Алкофрибас таму затекнува цел еден таинствен свет; пространи ливади, шуми, утврдени градови. Во устата тој открил повеќе од 25 кнежевства! А жителите кои живеат во устата на Пантагруел убедени се дека нивниот свет е постар од земјата! Алкофрибас во устата на џинот проживеал шест месеци, хранејќи се со она што минувало низ устата на Пантагруел, а нуждата ја вршел директно во неговото грло.
Подобра метафора за сегашнава „орална“ заточеност на Македонија - здравје. Живееме во светот на 25-те кнежевства - во газот. И во најстариот од сите стари светови уринираме и дефецираме директно во сопственото хипостазирано грло. Македонија како самодоволен циркулаторен канал: од устата до чмарот истиот свет, истиот круг, „најстар на светот“.
Еден од најстрашните симптоми на таа слепа забарикадираност е политиката на Министерството за култура. Знам што зборувам: деновиве излезе списокот книги што ќе бидат издадени со помош на нашата Влада: 95% македонски автори. А од тие 95% македонски автори, најмалку 80% се чист шкарт, „литература за огрев“, како што вели младиот писател Букарски. Иако тие книги не ги читаат дури ни нивните издавачи (дури ни семејствата на скрибоманите!) да речеме дека тоа, во крајна линија, не пречи: нека државата и понатаму им дава скромна социјална помош во вид на хонорари на хордите македонски таканаречени писатели (кои, главно, ништо не читаат; и тоа е еден од парадоксите на оваа велелепна и прадревна македонска култура: милион сликари, скулптори, музичари, актери, писатели итн. - а жив човек со нормални културни потреби - нема). Проблемот е што тие 95% речиси сосема нечитливи и неупотребливи книги трошат баш 95% од целокупната сума за издаваштво. Последица на тоа е што немаме никаква друга литература освен таа, која е ноторна маклатура. И проблемот со тоа е што за веки веков го губиме столбот на целокупната култура (а богами и на целокупната света македонска држава): пристојно култивираниот (со јасно профилирани културни потреби) просечен македонски граѓанин (граѓа од паганин е неговата сегашна состојба).
Но, просто е мачно да се зборува за ова. Иста слика, исто растојание, со децении. Барем да се слушнеше некој тивок, скромен глас на протест, тоа веќе ќе беше нешто! Барем од помладиве писатели, од Смилевски јуниорот, на пример или од, не дај боже, благонадежниот бадникарски проповедник Андоновски (кој, додека арбитрираше, имаше слични идеи за поддршка исклучиво на македонските автори); ако веќе протест за катастрофалната издавачка политика не можеме да очекуваме од книжевниот критичар и претседател на МАНУ, Старделов, од професорите по светска литература и академици (Ѓурчинов, Урошевиќ итн.), или од третокласните скрибомани од ДПМ (сега навјасани кој побрзо да стави потпис за вмровскиот претседателски кандидат).
По стоти пат: јалови се парите кои не се насочени системски, кон развој на целокупниот сектор, кон воспоставување правила на игра, повисоки стандарди и нови покултивирани читатели. Чаталејќи се со милионите евра потрошени за издавачки проекти, владата поефикасно од најдушманските „денационализаторски" политики всушност го уништува темелот на македонското издаваштво: вкусот на читателите и професионализацијата на книгоиздателствата. Самата влада стана најголемиот издавач, најголемиот огласувач, најголемиот арбитар на вкусот, најголемиот купувач во земјата. А тоа, се разбира, е катастрофа. Тоа е тотално неразбирање не само на демократијата или на конкурентските односи кои го унапредуваат општеството, туку е неразбирање на најосновните општествени механизми.
Уште поголема катастрофа стои на другиот крај на тој мрачен коруптивен ланец: вечните безвредни чкрабатори на најпримитивна национална литература, сложно, „органицистички", како супстрат на самата нација (како алиен во стомакот на мајка Македонија) набутани во ДПМ и МАНУ. Оние кои, низ лектирите, ни ја огадуваа идејата за литература, и ден денес го предводат орото и се топорат како некакви гротескни канонизатори на една застрашувачки провинцијална литература.
Ќе завршам, пак, со карневалска слика, оти темава е мачна да блуење (тоа се тие етерични и вечни национални чувства кога раблеовски ќе се сведат на органското, на „телото на нацијата“; та шикаат проливот, урината и наталожените отрови од сите отвори).

Во „Комедијата дел Арте“ постои една класична лакрдијашка сцена: разговарајќи со Арлекинот, на зајакот никако не му поаѓа од рака да изговори еден тежок збор; тој прави необични напори, зборот во грлото го задушува, устата му е зјапната, па малку се сталожува, но пак збивта, се гуши, лицето му се дуе, очите му се ококорени, „како да има породилни болки и грчови“. Најпосле Арлекинот, кому му здодеало да чека зборот да излезе, му помага на зајакот на неочекуван начин: од залет со глава го удира зајакот во стомак и тешкиот збор најпосле се раѓа!
И еве ја тајната на породениот збор: македонската државна култура е тешко срање!
(текстот е објавен во „Утрински весник“ на 20.01.09.)
http://crticka.blogspot.com/2
Испратено на 22 јануари 2010 од JofeDNRhttp://crticka.blogspot.com/2007/10/talks.html
Ги објавија резултатите од
Испратено на 23 јануари 2010 од Андреј БолконскиГи објавија резултатите од годинешниов конкурс? Или ова му доаѓа како најава?
нешто фундаментално не
Испратено на 23 јануари 2010 од Анонименнешто фундаментално не разбирам (и оваа , впрочем, како и грото години, бидејќи приказнава е веќе бајата).
имено: што е проблемот?
- што 95 посто се македонски автори,
- што 95 посто се лоши и кич македонски автори, т.е. нивните дела,
- што владата е најголемиот издавач и оттука се меша во здравата конкуренција?
некако 1 и 2 ми се во контрадикција во 3. значи, ако се согласиме дека владата и тука, како и во многу други сфери не треба да се меша, треба да нема воопшто издавачки, да ги наречеме субвенции. или треба да ги има според вас, но строго за капитални дела од светската книжевност? пак не разбирам.
од друга страна , ако сме у реду дека владата треба да поддржува финансиски, но не сме у реду со изборот на авторите, куќите, каде и колку тоа го прави - пааа, најмалку што мислам е дека се потребни малку повеќе аргументи за овој став отколку неколку зборови во рангот на “ проливи, шкартови и срања“ - ако ништо друго , оној просечно култивиран граѓанин, столбот на македонската култура, опирачот на македонската провицијална литература на кој толку се повикувате- да ве разбере за што точно тука зборувате.
во спротивно принцип је исти све су остало нијансе - особено што овој просечниов култивиран граѓанин, за кој нели претпоставуваме дека врзува два со два и надвор од овој текст, а сеуште внатре во оваа дебата, тој , значи, лесно може да се насука дека преку ваков и слични прогласи само се заложувате за интересите на вашата издавачка куќа и нејзините едиции (кои рака на срце се најчесто извонредни - но како што реков, тоа е нијанса, принципот е ист).
Слично како и во
Испратено на 23 јануари 2010 од koljaСлично како и во стопанството, и во културната политика потребна е долгорочна стратегија чија основа е: создавање фер, поттикнувачки и продуктивен амбиент (креативен, натпреварувачки - и во генерациска и во стилска смисла, во дослух со регионот и светот итн.)
Наместо тоа имаме корупција и уништување (наместо стимулација!) на најдобрите, оти тие само пречат во егалитарното и политикантско управување со ресурсите.
Впрочем, има десетици и десетици извонредни примери за добри културни политики и за тоа често сум пишувал изминативе десет години (башка многу сме преведувале, викале луѓе од надвор, создавале документи и проекти... така што, Анонимен, ако стварно те интересираат конкретни културни стратегии, ги имаш дури и тука, во Скопје).
„По стоти пат: јалови се парите кои не се насочени системски, кон развој на целокупниот сектор, кон воспоставување правила на игра, повисоки стандарди и нови покултивирани читатели. Чаталејќи се со милионите евра потрошени за издавачки проекти, владата поефикасно од најдушманските „денационализаторски" политики всушност го уништува темелот на македонското издаваштво: вкусот на читателите и професионализацијата на книгоиздателствата. Самата влада стана најголемиот издавач, најголемиот огласувач, најголемиот арбитар на вкусот, најголемиот купувач во земјата. А тоа, се разбира, е катастрофа. Тоа е тотално неразбирање не само на демократијата или на конкурентските односи кои го унапредуваат општеството, туку е неразбирање на најосновните општествени механизми.“
ај кога ќе станеш министер
Испратено на 23 јануари 2010 од димитар петровскиај кога ќе станеш министер ќе средиш, ќе ја препородиш македонската култура ќе ги запалиш бедните дела, претопиш спомениците, срушиш музеите и мостовите. тогаш ќе имаш шанса да ја уредиш својата детска соба по свој терк не цимолејки за пари кај чичко Милчин
Никоаш не ме интересирала
Испратено на 24 јануари 2010 од koljaНикоаш не ме интересирала моќта, ниту позициите, од каков било тип. И тоа е таа огромна генерациска разлика, ми се чини, меѓу мојата генерација (40+) и новава (се чини, сосема прагматична и утилитарна, во секоја смисла: нема гадење ниту од партии ниту од какви било политики и светогледи; само да се има личен ќар). Така што, Димитар, грешите: ко што им бев жестока опозиција на Унковски или Благоја Стефановски, така денес сум им опозиција и на вмровците, ама и на претлатниците на сите гарнитури (од типот на Милчо Манчевски, на пример). За жал, повторувам, на помладиве генерации таквото резонирање не само што им е неразбирливо, имам впечаток, туку им изглеа и настрано. Јебига. Секој со својот крст.
Коља, ова ми звучи лицемерно.
Испратено на 24 јануари 2010 од Кино 26 јулиКоља, ова ми звучи лицемерно. „Никоаш не ме интересирала моќта, ниту позициите, од каков било тип“
Како да од позиција на уредник, колумнист, издавач, културен работник, партиципиент во јавната сфера итн., не настапуваш од одредена позиција и не практикуваш одреден тип на моќ?
Апсолутно неубедливо.
Имаш право, Кино 26 јули. Моќ
Испратено на 24 јануари 2010 од koljaИмаш право, Кино 26 јули. Моќ е сето тоа, особено можноста за јавно делување. Но, моќта во претходниот коментар ја спомнав повеќе во тврдокорната стара смисла, моќта како гола сила (висока позиција, економска надмоќ итн.). Но, ако строго се држиме до оваа твоја проширена дефиниција за моќта (а е веродостојна, еве, потврдувам) тогаш и Кафка е моќ (некој кој баш целиот живот и опус се трудел да биде мал и невидлив!); во крајна линија, таквото сфаќање на моќта води во религија: моќ е оној што трпи, што молчи, што го врти другиот образ... Нема крај низата.
Кај и да е, мислам дека е важно човек одговорно да се носи со својата „моќ“ (да ја носи), сеедно дали е тоа моќ на постар брат, татко, долг јазик, мускули или моќ на јавна фигура. Да не печали по секоја цена и да не ги малтретира оние кои се „под“ (или во релација со) неговата моќ.
Со својата „моќ“, значи, се обидувам да „оперирам“ така и важно ми е токму да не бидам лицемерен и демагог и некој кој зад флоскулите лови исклучиво лични позиционирања.
Интимно, право да ти кажам, Кино 26 јули, би сакал да сум она по што цел живот копнееше Селин: АБ (анонимен и богат). Јавната сцена е мрска, више-мање, осебено нашава Таму сум ради одговорност. Ради читање на Кант или Орвел на млади години. И ради натпреварувачки дух, сигурно. Да не биде јавноста исклучиво Јадибурек, Томиќ, Латас, Неделко итн. (истите тие фаци, нивните аналогони, владеат и во другиве сфери, па и во културата).
Коља, ова ми звучи
Испратено на 24 јануари 2010 од димитар петровскиКоља, ова ми звучи лицемерно. „Никоаш не ме интересирала моќта, ниту позициите, од каков било тип“ - не звучи лицемерно тоа е лицемерно.
"Но, моќта во претходниот коментар ја спомнав повеќе во тврдокорната стара смисла.." - дај не зезај такви муабети кај Оливера, кога и каде моќта се дели на стара и нова, тврдокорна и прогресивна. моќ што репресира и моќ што облагородува - тоа е до перцепцијата, моќта е неутрална!
Коља, секоја чест за твоето
Испратено на 24 јануари 2010 од Кино 26 јулиКоља, секоја чест за твоето присуство во јавноста како опозит на горенаведените.
Но, сепак е симптоматична твојата позиција во однос на неучеството во „позициите кои донесуват одлуки (државните)“.
Тоа отприлика звучи вака: „Јас ќе седам на страна, некој друг да го одработи тоа што ми треба, а кога нема да одработи како што треба, ете ми материјал да плукам по него“
Искрено, штета за сите нас што многу образовани и креативни луѓе во градов (и државава претпоставувам) го имаат тој став, се движат во некој андерграунд, евентуално се во НВО секторот и го имаат истиот став за државната моќ како „интелектуално предавство“.
Во меѓувреме, државните позиции ги заземаат секакви „гарнитури“ кои за сите овие години ни го ебаа животот.
Кино 26 јули, збориме за
Испратено на 24 јануари 2010 од koljaКино 26 јули, збориме за истото, но некако од различни ракурси и, изглеа, проценуваме со различни вредносни матрици. Токму јас зборам дека е одвратен тој ескапистички драјв што со децении го глеам во Скопје! Као паметните, што као читаа ок книги и божем се разбираат од музика до технологија, они се као гадливи на целиот јавен живот и чмаат во своите собичиња, приштекани на интернет (порано бевме приштекани на постојано нови порции книги&плочи). Баш за тоа зборам! Тоа треба да се прекине! Потребна е свест за јавен ангажман! И потребни се нови форми на промислување на политичкото! За тоа збори Кант: за полнолетство, за еманципација, просветителство и чувство за јавен интерес.
Тука Димитар (и многу многу други) сосем ја утиња работата, зашто владее убедување дека само низ вмро&сдсм и низ разни државни позиционирања, нешто може да се направи. А моите обиди (и ним слични) да се менува општеството од поинакви агли и со малку поинакви средства се изедначуваат со чмаењето дома со слушалици на глава (и патем со бескрајни мрзоволни хејтања уздуж и попреку, широко до повраќање: „Абе чуј, се’ е тоа исто, и вмро и сдсм и Милчин и Латас и Коља и Јанко и Петко и Руси и Американци и ЕУ и Турска империја, ја знам како е, слушнав пред гранап, а башка се збори за тоа кај Неделко&Јанко“).
Еве цитат на темава, инспириран од тезите на Жижек, од еден мој текст од Утрински од 10.12.2001:
Но, зборот ми е во следново: што ако политиката (пак наспроти задоцнетата памет на нашиве квазиполитичари!) сепак не е вештина на возможното туку, обратно, вештина на невозможното, интервенција која не ја менува состојбата во одредена констелација туку ја менува самата констелација?!
Чинам дека нам, во сегашниов критичен историски и политички општествен миг, ни треба токму едно такво проширено сфаќање на политиката, но коешто, од друга страна, од зоната на донесување клучни одлуки максимално ќе ги отстрани хазардерите, националромантичарите, шовинистите и воините од сите фели. Нам во моментов ни треба радикална политичка имагинација, она што го немавме во ниту еден миг изминативе десетина година, а што во одредена мера го имаа создавачите на оваа држава, особено оние од 1944 година.
"...го имаа создавачите на
Испратено на 24 јануари 2010 од димитар петровски"...го имаа создавачите на оваа држава, особено оние од 1944 година." - како завршија создавачите на "оваа држава", каде е нивниот светоглед во современата македонска држава, мисла, култура, наука, морал. нивните духови чмаат помеѓу ѕидовите на занданите во кој што беа изолирани...
"Тука Димитар (и многу многу други) сосем ја утиња работата, зашто владее убедување дека само низ вмро&сдсм и низ разни државни позиционирања, нешто може да се направи." - argumentum ad hominem
што е својствено за другарчињата кои што ги набројуваш, да вие сите сте исти и во моментот кога немате аргументи ги вадите магичните зборови "вмро&сдсм" мантрата на модерниот македонски "интелектуалец".
за простирањето на моќта по вертикала и хоризонтала можеби друг пат.
и на крај за Кант и за господата 40+: објаснете им на младите зошто неможат да го прочитаат Кант на македонски, зошто се дипломира филозофија читајки на туѓ/и јазик
другарски поздрав
Celokupnata literatura sto ja
Испратено на 24 јануари 2010 од АнонименCelokupnata literatura sto ja imam doma i procitano e seuste ili na srpski ili hrvatski jazik No da se razbereme zboram za vistinska ne bull shit local literatura
Држам до тоа дека создавачите
Испратено на 24 јануари 2010 од koljaДржам до тоа дека создавачите на македонската држава од 1944 го имаа она што нам ни недостасува: „радикална политичка визија“. Впрочем, нивните резултати се непобитни. „Транзициониве не можат ни да го искречат сето она што беше изградено под социјализмот.“ Ако денес ги нема визиите на создавачите, тоа значи дека се потребни нови. Токму за тоа и зборувам, за потребата од нова радикална политичка имагинација (додуше, не од типот на Љубчо Георгиевски со поделбата на Македонија или Дизниленд-имигинацијата на Никола Груевски кој со јарболи, лавови, триумфални капии и антички столбови ќе го гради идентитетот на современиот Македонец).
Второ: не мавам јас туку-така по луѓе, Димитар, туку зборувам за многу лошото политичко наследство што го имаме од сдсм&вмро. Тоа не значи дека ги поистоветувам тие две партии (мада деновиве слушнавме дека биле доста координирани кога ја палеле американската амбасада 1999, исто ко што беа и се координирани во Управниот одбор на Телекомот кој за овие десет години од Македонија исцица барем 3 милијарди евра).
Трето, ако ти фали Кант на мк, Димитар, бујрум - преведи го! Токму тоа го правам овие 15 години и тоа најчесто - со странски пари! Додека Грујо самиот преведува и печати катастрофално лоши книги (чист криминал, ист како со спомениците и повеќето други владини проекти - голи потемкинови села; случајно ми дојдоа во раце некои од „харвардските“ учебници на Грујо - неверојатно е тоа!, 1946 г. македонскиот јазик во печатените книги изглеа брилијантно во однос на јазичното ѓубре од учебниците на Грујота), вие, за тоа време, генерацијата 30-, седите крај екранчињата и постојано и постојано и постојано хејтате и се’ барате од некој друг да го мрдне гзот и да го реши проблемот на вашата страшна зачмаеност и успаност (цела бара жаба /не крокодили:/ што чека пољубац од некоја принцеза за да оживее?).
Објасни ти, Димитар, и на твоите другарчиња и на нас другите,-+40, зашто работите во Македонија 2010 се толку длабоко и безнадежно у курац и зашто вас („-30“) главно не ви е гајле за тоа... Објасни го, на пример, со теориски анализи, со добра уметност, со јавни настапи дома и во странство, со иновации и висока продуктивност, со правење, на пример, многу посовремени и поартикулирани споменици (т.е. некакви артефакти) за современиот миг на современиот Македонец, со илјаду други работи кои бар малку ќе внесат некакво зракче надеж во баруштинава, објасни ни зашто е вака мрачно и кажи ни (а објаснувањето веќе е пат кон тоа) кој е твојот прилог да биде подобро...
не сум јас -30 генерација
Испратено на 24 јануари 2010 од димитар петровскине сум јас -30 генерација тука сме ние генерациски, се имаме среќавано низ "скопските магли" само што некој заглавија на нечија цицка дали тоа било државна или "алтернативна" за мене е сосема небитно.
на последниов коментар ќе ти одговорам подоцна само за да ти посочам дека премисите ти се невалидни иако и самиот го знаеш тоа.
поз засега
оние кој што ја создадоа
Испратено на 25 јануари 2010 од димитар петровскионие кој што ја создадоа современата македонска држава не ја градеа, скапаа по затвори, психијатриски клиники, домашен притвор
веројатно имам повеќе изданија на темплум дома од тебе, те ценев додека беше издавач [ иако тоа не ти е битно ] но како аналитичар you suck [ и ова не ти е битно ].
------------------------------------------
за генерациските разлики: не ти викаше тебе милчин, дете не се занесувај, сега им го правиш истото на генерации кои што едноставно не ги интересира нашето поимање бидејки не сме го артикулирале, ние не сме се осврнале на културната сцена од "нашето време" а како што гледам ние не ја третираме ниту продукцијата денес - сцената е игнорирана и тогаш и сега и се играат пењуарски игри помеѓу елитата во скопје. но тоа што тебе ти пречи е што новите дечки се мислат себеси, создаваат и се позиционираат во однос на животот, политиката, светот. тие припаѓаат на македонскиот културен простор за разлика од некој кои што не припаѓаат, не го поимаат па затоа сакаат да припаѓаат на друг т.н европски културен простор на којшто ако му го прифатиме постоењето тогаш едноставно не ве зема за меродавни, вашето друштво е надвор од игра и затоа вреска како мало дете. сите пари на светот неможат да ве направат релевантни од едноставна причина што не го разбирате светот, непознавањето себеси ви е хендикепт кој што неможете да го надополните со пенавење на телевизија и правењето паметен пред напалени студентки [ им се извинувам на студентките ]. кога зборувам за непознавање себеси не зборувам за познавањето на митската македонија која што нам модерните ни ја пренел Пулевски ете ќе го земам твојот пример за улогата на левицата во создавањето на модерната македонска држава, превирањата 1944-1949, не можам да дозволам модерната македонска историја да се митологизира, затоа информирај се.
еве ти да чинеш нешто: Metahistory
уште една аналитичка недоследност од твоја страна, противникот оној кој противречи го ставаш во друштво незнаејки дали тој противникот припаѓа на тоа друштво, тоа е практика на политиканти не на политичари а камоли на аналитичари кој што мислат дека го представуваат врвното добро, дека се крајните арбитри и спасители на светот.
позицијата ЈАС знам вие поим немате е глупа, размисли ќе забележиш. твојата/вашата игра би ја земал за релевантна само ако сакате да испровоцирате екстремна реакција бидејки само од тој агол не изгледа ГЛУПА.
да не заборавам, Држам до тоа дека создавачите на македонската држава од 1944 го имаа она што нам ни недостасува: „радикална политичка визија“., да создавачите на модерната Македонска држава имале радикална политика визија но создавачите се елегантно отстранети по ослободувањето - ќе повторам неможеме да митологизираме настани и времиња кој што се случиле во средината на дваесетиот век.
искрено тие трипања дека странскиот капитал извлекол пари од државава не ги разбирам, држата реши да нема директна контрола на бизнисот т.е да биде држава по некојси неолиберален модел и тоа е тоа - едноставно неможеш да се фураш на левица и истовремено да бидеш општествената елита има еден поим за тоа: црвена буржуазија и денес има многу повеќе значење за либералниот запад отколку за ригидниот исток и тоа од скопје до лондон и од лисабон до рига веројатно.
за Кант на македонски и мојот превод: јас плаќам данок во оваа држава работејки во индустрија како што тоа го правеле и мојте родители и за тоа барам да ми се приуштат некој работи како на пример Кант на македонски и ќе продолжам да го барам тоа, а тебе ти препорачувам да го препрочиташ.
за "хардвардските" учебници и за системот во кој што се инкорпорираат континенталниот политички модел и островските економски премиси виновни сме ние, ние не го мислевме македонскиот општествен модел туку дозволивме да се создаде чудовиште занимавајки се со салонски игри. а бидејки ние пропуштивме да го мислиме ќе го мислат некој други генерации.
и морам да забележам премногу црнила, премногу мрачен поглед на македонската актуелност впреплетени со флоскули од типот " … со правење на пример многу посовремени и поартилулирани споменици.". и да е така црно зошто не го земеме актуелното време како фаза, дел од времето бидејки несомнено е само тоа дел од времето - мене на пример ми годи оваа примордијална каша попара бидејки сме сведоци на апсурди кој што несомнено го брусат нашиот осет, ја прочистуваа нашата карма ако сакаш, слушаме дискусии за неверојатни работи, доведуваме во прашање неверојатни работи сакале или не ќе мораме да вклучиме аналитички апарат во дискусијата и крај да имаме заклучок, дефиниција, мит или пак нова аналитичка алатка, нова теорија.
мене како што можеш да забележиш не ми е баш мрачно се чувствувам лагодно, дури разиграно во ригидниот свет, дали е тоа злосторство?
pOZ уште еднаш,
"скопските магли" само што
Испратено на 25 јануари 2010 од Анонимен"скопските магли" само што некој заглавија на нечија цицка дали тоа било државна или "алтернативна" за мене е сосема небитно.
Со сета должна почит Димитар ама да не ти беше битно немаше погорново да го протнуваш (вака или така) во секој коментар. Му држиш лекции на Коља, притоа го користиш истите методи на кои се противиш. Ад хоминем скицирања, претпарачки муабети забиберени со "се знаеме од скопските маала"... со која цел? демек „те знам јас тебе бате?“ Што ти е идејата? Да го оцрниш Коља пред оние коишто не го знаат? Да прикажеш своја слика иако ете тој доблесно се вклучува и дебатира? Зборуваш за некој ваш став ала "ЈАС се знам". Кои се тоа Вас? И како тоа тој "нивен" (на кого и да мислиш) пристап ти пречи кога твојот е наполно ист? Или твоите проповеди не важат за тебе? Читајќи ги коментарите, испаѓа многу лесно да се држат лекции и советува некој чии аналитички текстови suck, посебно им е лесно тоа да го чинат личности кои своето име не го ставаат на ништо слично. барем малку почит што ете, своето мислење и ставови ги ставил пред судот на јавноста. Suck или не, некој барем се труди. А другите? Седат и што? Плаќаат данок?! Данокот го плаќаш на владата, побарувања таму не кај колумнистот кој suck оти твојот данок за него не оди. Треба да има некој ред, па и во критиките, не?