
7 градови - 24 часа - 10 фотографии.
На 13. и 14. февруари - од 11.00 до 11.00 часот - Културниот центар Точкa, во рамките на проектот ЈугоИсток 24-7, ве поканува на маратонот за фотографија базиран врз поими поврзани со Скопје. Сè што ви е потребно за да учествувате е остар поглед, брзина и дигитален фотоапарат.
Во сабота, на 13. февруари 2010 години во 11 часот сите учесници ќе добијат список со десет поими. Со тоа се означува и почетокот на проектот - во седум града истовремено: Бања Лука/ Босна и Херцеговина, Осиек/ Хрватска, Печ / Унгарија, Приштина / Косово, Русе/ Бугарија, Херманштат/ Романија, Скопје/ Македонија. Сите фотографи ќе имаат точно 24 часа да ги пренесат десетте поими во десет фотографии за Скопје.
Од сите пристигнати ќе бидат избрани по три најдобри фотографии за секој поим и на 13. март 2010 година ќе бидат претставени на изложба во Културниот центар Точка. Покрај организаторите на проектот од секој град, како членови на жирито се вклучени и фотографите Јан Брандес и Мациар Моради, кои живеат во Германија.
Најдобрата фотографија за секој од десетте поими ќе биде печатена во форма на разгледница и ќе биде објавена на порталот okno.mk.
Најинтересните, најкритичките и најсмешните фотографии поврзани со некој поим од Скопје продолжуваат понатаму на интернационалниот натпревар, каде што ќе биде избрана победничка слика за секој поим од сите седум града. Овие фотографии на 3. април 2010 година ќе бидат претставени на голема завршна изложба во унгарскиот град Печ, во рамките на манифестацијата „Европски град на културата Печ 2010“. Авторите на најдобрите десет слики ќе бидат поканети на претставувањето на целокупниот проект во Печ.
Право на учество имаат поединци или тимови, професионалци или фотографи аматери. Сите заинтересирани можат да се пријават за учество до 11. февруари 2010 следнава адреса:
wiebke.stadler@kulturmanager.net. Исто така, за учество можат да се регистрираат и на веб страната www.skopje.south-east.info.
ЈугоИсток 24-7 е поддржан од фондацијата Роберт Бош и од Гете Институтите во секоја од земјите учеснички.
ЈугоИсток 24-7 ги поврзува активното соочување со сопствениот град и потребата од нов фотографски поглед. Сметаме дека за учесниците ќе биде предизвик да учествуваат во меѓународен настан кој истовремено се случува во повеќе земји. Станува збор за партиципативен, динамичен и оригинален проект.
Веќе неколку години во многу земји од светот е актуелно урбаниот простор да се анализира од општествена гледна точка. Се поставуваат прашања од типот што е она што еден град го прави град и која е улогата на неговите жители. Секое место има свои особености и симболи. Но, за жителите тие се често се различни од оние официјалните. Што го прави градот во кој живеам мој град? Што е типично во него за земјата и регионот во кои живеам? Дали е урбан или рурален, брз или бавен, зелен или сив?
ЈугоИсток 24-7 им нуди на жителите на Скопје платформа за претставување на сопствените ставови и погледи. Многу лично и интернационално.
Во фотографиите би требало да се огледаат сличностите и разликите во начинот на живот и во восприемањето на учесниците од седумте југоисточни европски градови. ЈугоИсток 24-7 покажува како луѓето во различните земји на различни начини асоцијативно согледуваат одредени поими и ги поврзуваат со нивните родни градови.
Настрана од типичните туристички маршрути и претстави за еден град ќе биде овозможен уметничко-документаристички пристап, кој ги избегнува отсликувањата на националните симболи и низ игра отвора нов поглед на сопствениот град.
Ова е календарот на настани:
Ден за фотографирање
Од 13. февруари 2010, со почеток во 11 часот до 14. февруари 2010 во 11 часот
Културен центар Точка
Претставување на проектот во Скопје
13. март 2010, 20 часот
Културен центар Точка
Претставување на проектот во Печ, Унгарија
3. април 2010, 19 часот
Művészetek és Irodalom Háza
Информации и пријавување на:
Вибке Штадлер
075-441764
wiebke.stadler@kulturmanager.net
Линк до страната на проектот:
www.south-east.info/24-7
Организатор:
НВО Контрапункт / Културен центар Точка, Скопје Македонија
Партнери:
Германски културен центар Херманштат/ Романија
Интернационално друштво Елиас Канети, Русе/ Бугарија
Ленау Хаус Печ, Печ/ Унгарија
Проток - Центар за визуелна комуникација, Бања Лука/ Босна и Херцеговина
Кендра Мултимедиа, Приштина/ Косово
Градски галерии, Осиек/ Хрватска
Медиумски партнери:
okno.mk
Радио Канал 103