За страдањето на другите

01.02.2010 12:11
Sontag.jpg

Напишана во времето кога фотографиите и видео снимките на крвавите последици од тероризмот и војната рутински ги исполнуваат медиумите, За страдањето на другите е внимателно и длабоко афективно проучување на улогата што фотографиите ја извршуваат во нашите животи.

Книгата го менува нашето размислување не само за употребата и значењето на фотографиите, туку и за природата на војната, границите на сочувството и обврските на совеста.

Сонтаг го анализира степенот на „затапеност“ од ужасните слики, и го поставува прашањето дали нашата способност да одговориме на ваквите ужаси не е „засенета“ од светот во кој речиси сè е претворено во спектакл, па со тоа и ужасот и страдањето на другите.

Разгледувајќи ја нашата порнографска фасцинација од сликите на ранети и мртви луѓе, За страдањето на другите ја трасира еволуцијата на „иконографијата на болката“, почнувајќи од сликите на Гоја, фотографиите на концентрационите логори, првите фотографии во боја од војната во Виетнам, до фотографиите на уништувањето на Светскиот трговски центар...

Ја купив книгава неодамна

Ја купив книгава неодамна среќна што ја најдов да ја купам во Скопје. Но по првите прочитани неколку страници прилично нервозна се откажав од читање. Имено, преводот на македонски е еден од полошите кои сум го сретнала. Сум ја читала Сонтаг на англиски и верувајте нејзиниот стил на пишување не е ни од далеку толку нечитлив.
Една напомена до издавачите. Не е важно само да имаме македоснки преводи, многу е значајно тие преводи да бидат вистински добри. Прилично е неприродно да ги бркате со логика подметите и глаголите низ македоснката реченица за да разберете дека тоа многу поинаку звучи на англиски.
Во овој случај Коља се однесува како Владата со проектот 500 преводи.

Ja chitav knigata pred 2

Ja chitav knigata pred 2 godini i ne najdov nisto problematichno vo prevodot. Se razbira deka na angliski kje zvuci poinaku od makedonski, razlicni jazici se.

Слични статии

Книга
Книга
Книга

ОкоБоли главаВицФото