Фотографии плоштад слобода

11.04.2009 21:45
Плоштад слобода

Еве како помина манифестот на плоштад Македонија, плоштад слобода.
Фотографии Марко Ковачевски

Плоштад „слобода“

За жал, пред да ги видам фотографииве, бев убеден дека се работи за млади луѓе со визии. Сега сум убеден дека се работи за инструирани дечиња и партиски активисти.

  1. „Солун е Ваш, Скопје е Наше“ - политичка парола - делба на „Ваши и Наши“
  2. „Педери у душа“ - Лицемерие до крај. Истите луѓе излегуваат на ТВ да го критикуваат законот за недискриминација - оти не биле спомнати „педерите“
  3. „Ние сме од Скопје“ - да сте живи и здрави. Ние сме „провинцијалци“ од Македонија, за чија несреќа, комунистите го избраа Скопје за главен град (за да им е поблиску Белград).
  4. „Јас не сум проект на Владата“ - точно. Плоштадот е еден од проектите, „фала Богу“. Онаа нива со плочки која е неспоредлива со ниту еден плоштад во посакуваната ни Европа - треба да се промени. Виена е „прекрасна“ заради Хабсбурговци на коњи, а нашите историски личности имаат плочки - заради тоа што „сега не е време“ (а кога е?)

За крај едно нејасно прашање. Како тоа, бруцоши кои првпат гледаат хамер - ги оценуваа уметниците со 20-30 години искуство? Врз основа на кој критериум? Оти се попаметни? Оти имаат подобар сенс за уметност? Или затоа што некој професор (кој по игра на случајот е партиска перјаница) им рекол така?
Е деца, деца... Некогаш, кога ќе ги седнете некогаш пред спомениците своите внуци - речете им: „многу бев млад и глупав - и дозволив да ме влечат за нос. Протестирав против култура! Оние кои ми ја дале слободата ги нарекував „неважни мртовци, кон кои нема потреба од почит“, а нивните споменици го правеа мојот град „некропола“

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија / Став
Активизам / Фотографија / Уметност
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото