Лошо вино

03.02.10 16:23
boyzweb.jpg

Се сеќавате на спотот „Македонско вино вечно“ - „6500 години под сонцето“? Нашиот Индијана Џонс си ги отвора вратите на перцепцијата со помош на алкохолните испарувања на штотуку ископаниот сад со античко-македонско вино, запечатено со ѕвездата од Вергина. Потоа наздравува со „аскетот“ Гоце Делчев, кој претходно се кадросува покрај едно буре со вино со крената чаша во раката. На крајот, нашиот трагач по закопани богатства необично се преобразува во заводник ала Џемс Бонд (или - ала Гоце Делчев?). Поента: македонско вино и ништо не е невозможно?

Понекогаш, уметничките пораки стигнуваат со задоцнување. Дури откако повторно го гледав спотот сфатив дека загатнува интересно прашање: Каква врска има Гоце со античка Македонија? Еве една одгатка: има врска само во имагинацијата на Индијана Џонс, и тоа под дејство на алкохол.

За да ја одржиме имагинацијата во форма предлагам алтернативно сценарио на спотот „Денот кога мајка и' плачеше“ (копродукција на „Хазард филм“ и „Република во пламен“). Прва сцена - обична кафеана, млад човек пие бело вино. Доаѓа другар му, седнува: „Извини, се убив, се скршив, се уништив од работа денес“. „Земи бело брат, ќе те среди“ - му возвраќа другарчето. По неколку испиени чаши, мрачен глас најавува: „Македонско вино филм ви прикажува“. Втора сцена: Едниот винопиец, тетеравејќи се по улица се удира во една жена. Куса размена на погледи. Се затрчува по жената и и' ја краде чантата. Со украдените пари повторно пијат бело вино. Трета сцена: Едниот винопиец насилно отвора кола. Со голема брзина го напуштаат подземниот паркинг. Си подаваат шише со вино додека возат разулавено по скопските улици. Кога возачот се врти за да отпие, гласот на спикерот предупредува: „Филмот којшто морате да го пропуштите“. Звук на кочење. Беспомошен поглед на девојче на пешачки. Тап удар. Очајниот возач го држи мртвото девојче во раката. Спикерот поентира: „Денот кога мајка и' плачеше“...

Зошто нашата Влада не произведе спот „Македонско вино филм ви прикажува“, туку „Македонско вино вечно“? Затоа што пропагандните спотови на Владата, како и преродбеничките политики, имаат малку допирни точки со реалноста. „Марихуана филм ви прикажува“ ги портретира корисниците на марихуана не само како зависници туку и како криминалци што крадат женски чанти, крадат коли, убиваат девојчиња. Но, што велат последните достапни статистики на МВР? Статистиката за безбедноста на сообраќајот (прва половина од 2008) регистрира „управување со возило под дејство на алкохол - 63 незгоди“, а под дејство на дрога - нема податоци. За 2007 регистрирани се 140 незгоди под дејство на алкохол, 8 загинати и 203 повредени лица. Статистиката за јавниот ред и мир (првите девет месеци од 2008) регистрира „1.609 прекршоци извршени од сторители што биле под дејство на алкохол“, 4 пати повеќе од претходната година. Нема податоци за сторители под дејство на дрога. Статистиката за семејното насилство (2008) вели дека од 378 сторители, „102 лица биле под дејство на алкохол и само двајца сторители биле под дејство на дрога“. Која продукција е поверодостојна за спотот „Кога мајка и' плачеше“ - „Марихуана филм прикажува“ или „Македонско вино (ем ракија) филм прикажува?“

Долга е листата со жртви од преродбеничките политики за „отстранување“ на „пороците“ и „гревовите“ од име на здравјето и на моралот. Јавно ги апсеа и жигосуваа питачите и сексуалните работнички. Удрија и по „чедоморките“ и лекарите. Ги малтретираа младите по парковите. Јавно ги жигосуваа ХИВ-позитивните. „Кодошите“ им се криви за сè. Удрија и по пушачите, наметнувајќи драконски казни. Наместо лекување и социјална заштита, стигма за „наркоманите“. Како ли само се чувствуваше „бездетната“ министерка за внатрешни работи по кампањата „Секој треба да има трето дете“? Како ли се чувствуваат децата со еден родител кога ќе ја прочитаат дефиницијата на ВМРО-ДПМНЕ за „семејството како заедница на еден маж и една жена“? Ќе има ли место барем за бабите и за дедовците во вмроовското „природно“ семејство?

До кога ќе се билдаат рејтинзи со хомофобични кампањи? Милошоски уште во 2006 јавно изјави дека неговата партија најмногу ќе се противи на идејата да се дозволат бракови на хомосексуалците. Истото го повтори неодамна и Косана „девојка“, иако никој во Македонија не предложил закон за регистрирање бракови. Во најголем број од земјите од ЕУ може да се регистрираат партнерства, а во претседавачот Шпанија хомосексуалците можат да регистрираат бракови и да посвојуваат деца. Дали магистерот по европски интеграции, Милошоски, ќе им порача и на своите шпански колеги: „Не смее едно здраво општество, со сила, да се прави болно“?

Перманентната хомофобична кампања доживува ново издание токму со промоцијата на предлог-законот за недискриминација. Останува сомнението: Зошто се промовира тајна верзија на закон? За да се испрати пораката дека „основата за заштита од сексуална ориентација не е влезена, бидејќи тоа не е во согласност со Уставот?“ Што бара тогаш „половата насоченост“ во Законот за волонтерството, и сексуалната ориентација во Законот за заштитата на права на пациенти - закони што ги предложи истава влада? Дали и Лисабонскиот договор е неприфатлив затоа што наложува: „При дефинирањето и имплементирањето на нејзините политики и активности, Унијата ќе цели кон борба против дискриминацијата врз основа на пол, расно или етничко потекло, религија или уверување, попреченост, возраст или сексуална ориентација“. Ете, тоа се приоритетните основи во борбата против дискриминацијата на ЕУ. Но, каде чекориме ние?

Ние шириме хомофобија, демек глумиме непорочност и безгрешност, а ги величаме Филип и Александар. Колку за информација - разузданиот Филип загинал од рацете на својот некогашен љубовник Павзанија. Според некои теории, причина за смртта на Александар е општата исцрпеност по долгогодишното пијанчење (во комбинација со губењето волја за живот по смртта на неговиот љубовник Хефајстон). „Све је то од лошег вина“ - пееше Чола на плоштадот. Ама никој да ја сфати пораката - нашата колективна дијагноза.

Слики: Andrea Wan

Текстот е објавен во Дневник, 03.02.2010.

http://www.youtube.com/watch?

еста да го отвори албумот,

еста да го отвори албумот, исто како и во „Дениција“, ја има „Песна за мојата песна“. Ритамот на оваа трака е 642-357 мошне интересен и може да се каже дека содејствува со енергијата на поезијата, додека пак гласот на Вера Милошевска нежно се тркала врз неа. Меѓутоа сето ова се менува кон средината на песната, па така во моментот кога започнува рециталот, се чини како Вера да губи контакт со песната и наеднаш се наликува 642-813 како таа за прв пат да среќава со текстот, па делот каде што таа рецитира изгледа како да е таму само заради што мора да е таму. Во песната исто така се внесени и детски рецитали и некои мали скречови, кои што јас сметам дека се сосема непотребни. Еден вид „експеримент“ е направен и со песната „Кај ме сретна“ 642-373 каде што можат да се забележат звуци кои, ни повеќе ни помалку, наликуваат на психотични звучни пораки кои го одвлекуваат вниманието и кои иако можеби одговараат на поезијата, во никој случај не се тука за да го подржат пеењето на Вера 642-383.

a It's unfortunate that those

a It's unfortunate that those who could best benefit from the Gucci Shoes Sale won't read it. They'll simply see it as an dunk low on a sacred icon. It's too bad, because probably at least 47 percent of the electorate believes a good bit of the shox shoes and nike shox shoes myth 鈥?not a comforting thought. The author's Air Jordan Shoes and Air Jordans are reasonable look at the huge discrepancy between what Reagan supposedly did and his actual ugg classic boots. It is not Reagan bashing, though certainly some much-needed balance is achieved in assessing Michael Jordan Shoes's presidency. He is most assuredly correct to suggest that if we are to have a Coach Handbags at a bright future, we must, at the very least Cheap Jordans, move beyond myths. The book does tend to be a bit Cheap MBT Shoes and repetitious.

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото