Кому да му се верува кога станува збор за климата?

04.02.10 12:58
climate-change.jpg

Една од најголемите бламажи кои Меѓувладиниот совет за промена на климата (IPCC) сам си ја приреди е тврдењето дека глечерите на Хималаите најверојатно ќе се стопат до 2035 година. Во процената се згреши за 300 години. Скандалот изби во декември која хакерите ги открија приватните емаил пораки на еден од научниците во Советот, а подоцна ги објавија на интернет.

По самитот за климата, кој е одржан во Копенхаген, обвинувањата на сметка на Советот станаа уште побројни. Претседателот на Советот Рахендра Пачаури се извини заради погрешните наоди за годината во која ќе се стопат глечерите на Хималаите: „Важното сознание од Четвртиот светски извештај за климата е истакнувањето дека постојат големи ризици како за индустриските така и за сиромашните земји“.

Не го слушаат спротивставеното мислење

Палава Багла, новинар кој пишува за списанието „Science“ вели дека Пачаури и пред самитот во Копенхаген бил информиран дека 2035 година е погрешна година и дека станува збор за грешка од 300 години. Грешката потекнува од еден извештај кој се темелеше на необјавено истражување, а стануваше збор за инверзија на броевите во наведената година – 2035 наместо 2350. „Оваа грешка можеше да се избегне доколку се следеа нормите за објавување научни текстови, а кои вклучуваат проверувања што ги извршуваат колеги од струката“, тврди списанието Science.

Холанѓанецот Ричард Тол истакнува дека еден од проблемите е изборот на научниците кои работеа на извештајот: „Советот на ОН за климата се приклони кон зелените и со годините станува сè позелен. Научниците како мене кои застапуваат поинакво мислење не се повикани. Ние поинаку ја толкуваме истата литература и тврдам дека проблемот лежи во политиката за климата. Ако дејствуваме пребрзо и правиме премногу, тогаш тоа ќе биде навистина скапо.“

Барањата за реформа на Советот на ОН за климата се сè погласни. Критичарите на работата на Советот сметаат дека овие најнови грешки во значителна мерка ќе и’ наштетат на довербата на Советот. Претседателот на Советот Пачаури е против тоа затоа што, како што вели, Советот во 2007 година ја доби Нобеловата награда за мир и во последните 21 година извршува одлична работа:„ Доколку денес би морале да основаме организација која би требала да ги процени последниците на климатските промени и која би требало да ги задоволи потребите на човештвото, а особено на оние кои носат одлуки, тогаш би морале да формираме организација која е слична на овој Совет“.

Заговорниците на Советот наведуваат дека климатските прогнози и модели на работа се многу сложени. А борците за заштита на природата наведуваат дека островите на Тихиот океан исчезнуваат, дека многу области се погодени од суша и дека глечерите брзо се топат. Тие велат дека тоа не се гледа само од сателитските снимки, туку и со голо око.

Извор: dw-world.de

Title

Hi

free health insurance

viagra

cialis

cialis

cialis

cialis

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.

„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.

Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.

Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.

ОкоБоли главаВицФото