
Филмскиот хит „Бетмен и Робин“, со Џорџ Клуни, Крис О’Донел, Ума Турман и Арнолд Шванценегер во главите улоги, е прогласен за најлошиот филм на сите времиња според изборот на списанието Empire.
Овој филм од 1997 година со мнозинството гласови од читателите е избран за најлош поради исклучително лошото сценарио и грдите костими.
Конечниот избор изненадува и поради успехот на „Бетмен и Робин“ на американските кино-благајни и поради големиот биџет за негово снимање, кој изнесуваше 125 милиони долари.
Врвот на листата го делат и филмовите „Battlefield Earth“ со Џон Траволта и „Love Guru“ со Мајк Маерс.