Минијатурите на Сјадристи

05.02.10 16:13
shevchenko.jpg

Ви претставуваме десетина дела од мајсторот на микроминијатурите, Микола Сјадристи (1937 г.). Тој живее и работи во Украина, а микроминијатурите се негово хоби веќе четириесет години. Сите се рачно изработени и за секоја употребил посебна техника на изработување.

Уметноста и вештината на овој уметник ја предизвикуваат фантазијата кога станува збор за човечкиот потенцијал.

(горе) Најмалата книга
Најмалата книга во светот има површина од 0.6 квадратни милиметри. Има 12 страници со поезија на украинскиот поет Тарас Шевченко. Страниците се поврзани со тенка жичка, а корицата е од лист од растението бесмртниче.

Ластовици
Оваа композиција е сместена на половинка од афионово зрно. Ластовичките и гнездото се направени од злато.

Живот
Жицата на животот, која е жица земена од минијатурен часовник, укажува на важните и суштински моменти во животот. Големината на фигурата изнесува 5 микрони. Фигурата е од злато.

Поезија
Композицијата е од злато и е сместена во иглени уши. Лакот и стрелата се 400 пати потенки од човечкото влакно.

Полонеза од Огински
Фрагмент од делото на композиторот Огински: вгравирани ноти врз лист од хризантема. Димензии: 2х5 мм.

Лебедот на Финска
Должината на овој брод изнесува 3.96 мм. Моделот е изработен од злато, платина и стакло, и има 280 детали. Ова е мултиминимизирана копија на оригиналот со должина од 96 метри.

Море
Композицијата е изработена на зрно од ориз.

Шах
Најмалиот шах во светот. Колку за споредба, сместен е на врвот од клинец. Фигурите се наместени како реплика на партијата меѓу шахистите Александар Алиокин (црните) и Раул Капабланка (белите).

Во сеќавање на Александар Грин
Бродот е направен од злато, платина и стакло и е долг 3.5 мм. Моделот содржи 337 детали.

Роза во човечко влакно
Човечко влакно кое е полирано одвнатре и однадвор. Минијатурна роза е вметната во влакното. Дијаметарот на цвеќето изнесува 0.05 мм.

Карван
Целата композиција е изработена од злато и е сместена во иглени уши.

Гости
Композицијата е изработена од злато и е сместена на зрно шеќер.

Метафизика
Овој модел на пиварница е сместен на половина од зрно јачмен. Композицијата содржи 137 детали.

Малиот принц
Малиот принц на астероид со димензии од 0.8 мм. Авионот е долг 2 мм.


Извор: microart.kiev.ua

Испрати нов коментар

Содржината на ова поле е доверлива и нема да се објавува.
  • Адресите за веб-локации и електронска пошта автоматски се претвораат во веб-врски.
  • Дозволени HTML ознаки: <a> <em> <strong> <cite> <code> <ul> <ol> <li> <dl> <dt> <dd>
  • Редовите и пасусите се разделуваат автоматски.

Повеќе информации за опциите за форматирање

CAPTCHA
Ова прашање е да се види дали сте човек и со тоа да се спречат автоматизирани спам пораки. Најавете се доколку сакате да пишувате коментари без оваа проверка.

Препорачуваме

Пред точно сто години, по иницијатива на Клара Цеткин, Социјалистичката интернационала почна да го одбележува Денот на жената. Меѓутоа, тоа не е првиот и единствениот „женски“ празник. Многу земји во светот имаат повод за славење на жените и во други денови.

Според теоријата, во демократијата луѓето би морале да им ѕиркаат под нокти на оние што се на власт. Би морале да ги гледаат како владеат, да ги набљудуваат, бидејќи им дале мандат за владеење, ги избрале.

Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици.

Филмските награди Оскар се доделуваат секоја година уште од 1927, од страна на Академијата за филм, уметност и наука во Лос Анџелес. Погледнете листа од десет филмови кои беа големи фаворити, но никогаш не освоија Оскар за најдобра режија.