Идејата не е нова, но сепак е интересна: купувачот самиот одлучува за цената на производот. Театарот Талија во Хамбург оваа замисла ја примени во културата. Во рамките на деновите на Лесинг, деновиве посетителите сами одлучуваат за цената на влезниците.
„Платив пет евра за карта.... Дадов седумнаесет евра... Петнаесет евра...“ Не е многу, ама не е ни евтино. Вообичаената цена на влезниците за претставата „Натан Мудриот“ за овие посетители, всушност, би изнесувала најмногу 32 евра, во зависност од местоположбата на седиштето. Но многумина од нив и не знаат колку чини културата.
„Искуствата од овој експеримент ни покажаа дека луѓето се несигурни и дека им е непријатно кога сами одлучуваат за цената на картата. Откривме дека сакаат да ја дознаат вистинската цена на влезницата и да ја платат неа“, вели директорот на театарот Лудвиг фон Отинг. Тој е уверен дека оваа одлука нема да им донесе минус на театарските каси. Во суштина, целта на овој обид не е заработката, туку фактот посетителите сами да размислат за вредноста на културата.
За театарските работници овој експеримент претставува и прашање на довербата кон публиката: „Станува збор за дијалог. Вредноста на нашиот театар е дефинирана со тоа што луѓето доаѓаат на претставите“, велат тие.
Како и да е, театарот сепак заработи од овој мал експеримент: во просек, речиси секој платил повеќе од вообичаената цена на билетот – 14 евра наместо вообичаените 12.
Извор: deutsche welle
Демократија - тоа е општествено уредување во кое оние што те пљачкосуваат наместо другар те викаат господин.
„Верски центар“ е поим кој ме прави сомничав. Според мене, „Верски центар“ претставува нешто друго. Тоа не е доблест во социјалниот простор, туку нешто што има намера да го обликува тој простор. Не е нешто со кое живееш, туку нешто што е поставено за да ти диктира како да живееш.
Последниве година-две нашето општество е потресено од контроверзите и скандалите кои ги следат поставувањата на скулпурите на нашиот јавен простор. А како е во светот? Ова се десетте најконтроверзни скулпури последниве неколку години.
Прочитајте ги најновите дела од нашата неисцрплива книжевна продукција. Бројот на авторите е помал во однос на минатата недела, но радува фактот што одредени автори одржуваат континуитет и квалитет. Очекуваме и ваши конструктивни коментари.
Испрати нов коментар