„Па, нека се бунат...“

09.02.2010 15:44
popovski.jpg

„Мене баш ми се свиџа“! И, тука завршува секоја дискусија околу изгледот на новото Скопје. Па, нели, за вкусовите не се дискутира.

Многу често сме се нашле во ситуација кога покажуваме целосна немоќ да дообјасниме нешто некому, при што тој, инсистирајќи на своето суверено сопствено мислење, непоткрепено со никакви познавања за материјата за која се „дискутира“, одбива да го прифати. Како е можно да ги објасните секому „шкрабаниците и мачканиците“ на големите сликари („па, и син ми црта така“)? Уште повеќе откога се појави она детенце (како ли се викаше?) од пет-шест години со своите „дела“ што некому му личат можеби на Полок, па исфрустирани од синдромот „генијалци сме, ама нас никој не не' сака“, сите подготвено го промовиравме низ светот како „македонско чудо од дете“! И, уште повеќе кога неговите дела ќе бидат изложувани пред „гостите од меѓународната заедница“, кои воодушевено аплаудираат, а тие, нели, се луѓе од светот, па е јасно дека се разбираат во уметноста. Или, се сеќавате на оној несреќен наивен сликар од Охрид (како ли се викаше?), кој поттикнат од музите почна да удира по клавирот („па, сум видел, така свират и другите“) и притоа наидуваше на овации од публиката, чие разбирање во музиката веројатно не го преминува нивото на „Билјана платно белеше“. А, за естетските вредности на филмската уметност? Па, основен критериум за вредноста на филмот би бил оној што се слуша најчесто: „Одличен филм! Цела сала плачеше“!

Во целосно отсуство на естетски чувства и разбирање за она што ни се презентира, аплаудираме. За секој случај. За да не излеземе во очите на другите „прости“. Чудно, но никој не се срами ако признае дека не знае да пресмета површина на круг, а се срами да признае кога ќе го сретнете залутан во некоја галерија, дека не сфаќа ништо од она што го гледа, туку само замислено ќе кима со главата, „навлегувајќи“ притоа во идејата на авторот. Можете ли само да замислите свирежи на некој концерт, опера или балет?

„Па, тоа е невоспитано“!

Аплаузи!

И, што сакам да кажам по сето наведено? Ништо. Нека си живее секој во својот свет, нека си ужива во своите сопствени естетски вредности и критериуми, нека си слуша музика каква што сака од плочата затскриена зад обвивката на Шопен, нека си ги украсува ѕидовите со слики какви што сака („Поздрав из Врњачке бање“). А тогаш, зошто па ова мене ме засега? Не ме засега воопшто сè додека тоа се случува зад неговите ѕидови. Проблемот се јавува тогаш кога тој „некој“ се сместил во некоја од фотелјите во општинските ли, во градските ли, во републичкото Собрание ли, па оттаму, ревносно исполнувајќи нечии очекувања, целата негова домашна естетска какофонија ја истура надвор, на улица, на плоштад, на кеј, во парк, пред мојата врата. И, секако, сето тоа е поткрепено со објаснувањето „сето ова го има и во Париз, Рим, Венеција“. И како по сè да му објасниш дека, на пример, гондолата е убава само кога е во каналите на Венеција, а дека на Вардар би била невиден кич! („Не е точно! И дома над телевизорот ми стои гондола и, да ти кажам, изгледа фантастично!“).

Како да се објасни фактот дека сите оние убави фасади што ги гледаме низ светските метрополи градени во времето на ренесансата или во неокласистички стил нема да бидат убави во нашиов амбиент и во ова време? Би биле смешни, исто толку смешни колку што би биле смешни и некои од дамите што го поддржуваат ова што ни се случува со Скопје, кога би се прошетале покрај нив со напудрени фризури, облечени со кринолини како во осумнаесеттиот век. (Очекувам авторот на проектот на концертната сала на Филхармонијата да се повлече за да не биде ставан во исто „друштво“ со сиот друг понуден кич).

А, што се однесува до спомениците и скулптурите, целосно сум збунет. Веќе и делата на оној наш академик-скулптор ќе почнат да ми се допаѓаат, кога ќе ги споредам со оние што ги чекаме.

„Прашање на вкус. Мене баш ми се свиџаат!... Некои се бунат? Па, нека се бунат... Ова е демократија, зар не?“

Авторот е карикатурист.

Текстот е објавен во „Утрински весник“ од 09.02.2010

Нешто го нема Саркањац да го

Нешто го нема Саркањац да го аплицира концептот на катахрезис. Молчи како пизда.
А може никој не се ни јавил да го праша за мислење?

„... Саркањац ... молчи

„... Саркањац ... молчи како пизда...“
Човече како не ти е срам да ги компромитираш пиздите?

Ова е супер: А, за естетските

Ова е супер:
А, за естетските вредности на филмската уметност? Па, основен критериум за вредноста на филмот би бил оној што се слуша најчесто: „Одличен филм! Цела сала плачеше“!
Навистина која дебилоидштина од критериуми владее кај нас, ако било жално, било вредност!
 

Ха, хааа..., да! Не да го

Ха, хааа..., да! Не да го има!
Нека си гледаат шпански серии на раат. (Макар и скришно).  :)).

Пизда е вид карактер, нема

Пизда е вид карактер, нема везе со прекрасните вагини.
Исто ко што викање некого педер, нема везе со маж хомосексуалец, капиши.
И каде е Бранислав? Каде е Саркањац? КАДЕ?!

А бе Гагарин, и поголеми

А бе Гагарин, и поголеми умови од Саркањац ќутеа ко пизди под уште поавторитарни и деструктивни режими. За пример ќе го земам само Хајдегер. Ти да не мислиш дека Саркањац има некаква доблест да излезе и да каже „доста беше, зад ова јас не стојам“? Не бе, ќе ќути и ќе пуши доека може да си купува станови по Скопје, а богами и надвор.

Македонска

Македонска реалност:
Kритeриум за филм се гради според семи-синхронизираниот курс по висок морал и идиличен живот "1001 ноќ";
за музика - според силиконската деколтирана визуелизација на ’’хармоничните“ кафански мелодии од горниот сосед - ѕвезди Гранд!
за книга - според полупрочитаната (без скокање страни) Зоки Поки или целосно прочитани неделни изданија на сите магазини кои информираат за сите склопени и разведени бракови на македонскиот "џет-сет", купена гардероба или кола, разменети бакнежи со непознати мажи/жени за јавноста...

Браво за моментот со критериумите, и да се надеваме дека како што и се претходно ветија и исполнија, и ова чудо ќе ни трае три дена.
 

Ги виде некој стокатните

Ги виде некој стокатните небодери што беа планирани пред некоја година?

Па другари архитекти

Па другари архитекти (вистински), па каде сте бе мајкуму стара?
Излезете, пиштете, гребете, ова не смее да ни се случи...

А, кај е профо по естетика

А, кај е профо по естетика Џепароски, воедно и колега на катахрезистот Б.С.?

Е Џепо не го поддржуе ова

Е Џепо не го поддржуе ова сигурен сум, мислам и дека би излегол и јавно да каже, он уште за куќата на Мајка Тереза кажуваше дека е кич. И неговиот демонстратор Вангел Божиновски, иако не го бива дечкото, напиша колумна против проектот.

Забелешка: Вангел Ноневски

Забелешка: Вангел Ноневски (не: Вангел Божиновски)

Ново! Ново! Ново! Пронајден е

Ново! Ново! Ново! Пронајден е Саркањац, но поради кризата болниците не располагаат со доволни количества Вазелин и со тоа се’ уште не можат да го извадат од ректумот на вождот кадешто е заглавен.

Колоноскопијата може ќе ги

Колоноскопијата може ќе ги потврди и останатите главчовци заглавени таму!

Еве го, еве - при крај на

Еве го, еве - при крај на написот. http://0.mk/6274 Рече и ништо не кажа! Декларативно катахрезичен моќник, а всушност практично неупотреблива пизда.
Заслужува еден бурек, со ќотек?

„Професорот Бранислав

„Професорот Бранислав Саркањац, пак, оценува дека на јавната сцена не се случува ништо страшно и атмосферата личи на она што се случува во секоја држава.

- Добро е да постојат дебати, но мора да се имаат и аргументи. Она што се случува е борба за политички поени, при што опозицијата прави драми и ги дува работите без никакви аргументи - оценува Саркањац.“
Хехе, во секоја држава се случувало. А бе оди скриј се и не се појавувај веќе, еба ти интелектуалците и философи што стојат зад вакво нешто. Такви лигуши и камелеони тешко да има другаде.

Безмудни воопштувања, тапи

Безмудни воопштувања, тапи соопштенија и млако-проѕирни изговори им приличат на пизди.
Не секој има гордост да мава тупаници и шлаканици, и после да стои зад стореното.

Каков народ, таква власт.

Каков народ, таква власт. Каква реалност, таков стил.
А времето е наголем учител кој за жал ги убива сите свои ученици.

И Иван Џепар се исцуцули.

И Иван Џепар се исцуцули. http://0.mk/954c Премалку. Предоцна. На погрешно место.

Сарк е серк

Сарк е серк http://bit.ly/dbaViL

ОкоБоли главаВицФото