Опулизам

10.02.2010 13:36
kopac-opulizam.jpg

Хартијата трпи сè. Исто како и Македонија...

Опулизам е термин кој обединува неколку појави од сферата на гледањето, кои кај нас се „упражњаваат“ повеќе од другде. За што станува збор?

Сигурно сте ја чуле онаа секојдневната: „излегува таму само за да биде виден?“

На тоа некако се сведува и нашево евро-интегрирање. Сакаме да влеземе во Европа само за да бидеме видени таму. Елитно место, престижни гости, да бидеме и ние дел од тој „евро-крем“. А какви животи водиме по дома, па и не е така важно.

Не е важно што сметките, еве да речеме, за пакет телекомуникациски услуги, кога сте веќе на интернет и го читате ова, се некои 10% од просечната домашна плата, а во Европа пак 1 до 2%. Не е важно што за стан треба да одвојуваш цела една плата 20 и кусур години, а во Европа некои 4-5 години. Не е важно што за да стигнеш од Сарај до Маџари ти требаат речиси еден час време, време за кој еден Јапонец со брз воз поминува 200+ километри одејќи на работа. И да не редам во правец на навистина критичните области какви што се здравството и образованието, јасни ни се стандардите на живеењето кај нас.

Сето тоа за нас е неважно затоа што ни останува опулизмот со своите различни видови и подвидови на уживање во гледањето, кои ќе ни ги компензираат фрустрациите произлезени од секојдневието. Види ги Скопје, Охрид, Македонија на разгледница и умри. Види го видеото за новото Скопје и смири си ја душичката.

Помладата генерација на луѓе присутни во политиката и економијата само го засили тој домашен „опулистички синдром“ на давање приоритет на тоа како изгледаат во однос на тоа како функционираат работите. Секако дека тој феномен не е од вчера (на пример види раскошни свадби на парови кои потоа се принудени да живеат по три генерации во еден стан), но денес тој добива загрижувачки размери. Тој станува некој вид „општествена норма“ и „нормална работа“, па постапно, но несопирливо, прераснува во општествен modus operandi.

Теоретичарите велат вака: се работи за процес на објектификација, или опредметување, каде „погледот на оној кој те гледа станува примарен поглед на сопственото физичко“, а „единката е толку преокупирана со тоа како другите гледаат на неа, што тоа станува единствен начин на гледање на себе си“ (Fredrickson и Roberts, Objectification Theory, 1997).

Само-опредметувачките поединци или заедници гледаат на себе како предмети, обични објекти за гледање од другите и имаат силно изразена тенденција да се дефинираат себе си во однос на тоа како им изгледаат на другите.
Токму од ваквата позиција на доживување на себе си произлегуваат „аргументите“ на носителите на одлуките во ова општество: ќе заличиме на Европа, ќе доаѓаат туристи и ќе се сликаат покрај новите симболи и знаменитости на земјава, знаете ли колку луѓе се фотографирале покрај Шмизлата?

Фотографиите на туристите кои биле во Македонија качени на Фејсбук ќе бидат примарни сведоштва за нашиот европеизам. Нашата „европејност“ ќе добие егзистенцијална вредност во рангот на една Фејсбук група. Драги мои, тоа е тоа, реалноста не можете да ја игнорирате без таа да си го собере својот данок, многу поефикасно од УЈП.

А нам сликите за нас во очите на другите ќе ни бидат најсилната утеха кога ќе заглавиме во целодневната сообраќајна гужва негде на потегот Бит пазар-мост Гоце Делчев.

Проблемот е тој што ендемскиот македонски симулакрум треба да ја затскрие отсутноста на реалноста и нормалноста, а локалниот опулизам само го катализира тој процес. Проблемот секако не е само политички, се работи за формални варијации (не е важно дали за имплементирање на опулизмот ќе изградите шопинг центар или споменик од антиката), тие на ист начин ја експлоатираат постоечката подложност кај луѓето на доминација на симболичкото над реалното.

Некогаш беше: „Сакаме леб!“, па им вратија со „Јадете колачи!“ Денес имаме: Сакаме дневен центар за болни лица, реновирани училишта, инфраструктура, болници, доволно струја за сите! А тие ни враќаат: „Држ’те шопинг центри и едно чудо споменици! Пулете и уживајте! А за другото ако остане пари, можеби.“

И така некако драги мои кога градењето служи за уривање на реалноста навистина треба да се замислиме колку самите сме си ја задробиле транзициската каша која ја сркаме.

Ние сме народ кој се владее по онаа: „стварноста ни е толку лоша, што ќе прекинеме секаков контакт со неа, сè додека таа не се смени“. Тоа е нашиот одговор на предизвиците на реалноста. Е додека е тоа така, политичарите, странците, бизнисмените, комшиите, ќе се мајтапат со нас како што им милува.

слики: erik sandberg

Види  друже  про  Европеец

Види  друже  про  Европеец ...  Еден  ден  (  а  секој  ден  ни  станува  се  појасно )  ке  ти  светне  дека  за  Европа  СИ   само  можност  за  пласман ,  и  отворен  пазар   за  нејзините  индустриски  производи ...
Ти   пиеш  кока  кола   ,  јадеш   нестле ,  а  никогаш   не  си  се  прашал  зошто   они  можат  да  те  полнат  со  нивни   производи   а  ти  нив  НЕ . Стално  тебе   ти  требаат   стандарди , стално  ти  си  недообразован , стално  тебе  ти  требаат  мали  и  средни  претпријатија , твоите  кредити  се  со  милјон  посто  камата ...
 
Тие  нас  ни  даваат  производи  , ние  им   даваме  пари . За   возврат  ние  им  даваме  култура ,  а  они  нас  место  пари  ветер  и   магла ...
Јебига  не  третираат  како  полуколонија , истите  овие  Европејци . Дури   и  ни  ставија  колонијален  намесник  кој  се  вика  Ерван Фуере . Има  една  интересна  прикаска  за  Махатма  Ганди . Британците  вовеле  во  1930  година  монопол  на  трговојата  со  сол  во  Индија . Ганди   повел  марш  до  океанот  за  сами  да  си  произведуваат   сол . Тоа  е  нешто  слично  како  ние  сега  да  си  поставиме  паралелен  телеком  , или   електростопанство ...
http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20090426170146AATwsnE
 

Така е!!! Долу европејските

Така е!!! Долу европејските копилиња, ќе ги победиме со кревање на спомениците поставени од нашиот голем лидер Александар, не Македонски, оној другиот Караѓорѓевиќ, а ќе си имаме и паралелно електропроизводство, кое иако монопол, ќе ни се рекламира со нашите пари, Грујо ќе биде нашиот Ганди, сите ќе ја славиме Света Мама Надежда Штипска, а браќата Мијалкови ќе бидат кумови во нашата анти-европска, слободарска и новомасонска организација. Ќе им ја наметнеме нашата супериорна култура на сите немакедоноиди, Европа пак ќе биде наша, а ќе почнеме од Чешка, каде ќе градиме декадентни хотели и ќе им продаваме дрога да ги уништиме.
Да живеат сите борци за вистински вредности низ вековите, Екнатон, Наполеон, Хитлер, Ким Ил Сунг, Туркменбаши, Чаушеску, Сталин, највеќе од сите единствениот владетел на единствената Македонија, Грујо I заедно со неговата мајка Надежда кои како Константин и Елена го преродија нашиот народ, во нашава библиска и света земја. И да не ги заборавам двајцата велики апостоли, штипските браќа Владо и Сашо Мијалкови.

Па  незнам ... Све  ми  се 

Па  незнам ... Све  ми  се  чини  дека   ако  ЕУ   побараше   од  вас  да  направите споменици на , да  речам  Хавиер  Солана  и  Оли Рен  имаше   да  ги   направите  не  20   него  200  метра ... Мислам  на  нивно  барање  дадовте  третина  држава  на  Албанците , така  да  трошакот  за  спомениците   е  неупоредливо  мал  во  однос  на  тоа  што  направивте  вие   зијан  на  оваа  држава . Со  ваша  и  Европска  помош   мене  Приштина и  Тирана  ми  сугерираат   каков  споменик  ке  сум  имал ... Така  да   спрема  вас  и  вашето   дело  Грујо   е    сосем  мало  и   небитно  диктаторче ...

Чекај бе Даме, кои сме Ние, а

Чекај бе Даме, кои сме Ние, а кои сте Вие.

Така е Даме, Македонците нема

Така е Даме, Македонците нема да заборават дека УЧК е ДУИ, а ДУИ е во коалиција со ДПМНЕ и работат да ни ја растурат државата.

Европа не третира како

Европа не третира како полуколонија, а Грујо како негова деспотија.

Поентата што никој тука не ја

Поентата што никој тука не ја согледува (па ни авторот) е што и на Јапонецот а и на тој што се м'кне од некоја скопска периферија им треба исто време да дојдат до работното место. Дали со воз од 200+ km/h или во скапан кец, исто време губиш. Чакштовише Јапонецот многу поголеми муки мучи, во стан од 10 квадрата и со 12 часовен работен ден (плус саат идење, саат доаѓање).

Во иста чорба се, независно дали некој ја бибери, а друг и става сос од соја.
 

ОкоБоли главаВицФото