20 години од ослободувањето на Мандела

11.02.2010 14:48
Нелсон Мандела

Нелсон Мандела (1918) е поранешен активист против апартхејдот во Јужноафриканската Република и претседател на вооруженото крило на Африканскиот Национален Конгрес. Јужноафриканскиот суд го осуди под обвинението за саботажи, како и за еден куп други злосторства извршени додека го водеше ова движење против апартхејдот. Мандела служеше 26 години затвор. На 11 февруари 1990 г., Мандела беше ослободен, и тој веднаш ги поддржа преговорите кои помогнаа за создавање на мултирасна демократија во јужноафриканската Република. Во 1993 година тој ја доби Нобеловата награда за мир. 18 јули, денот кога се родил, во Он беше прогласен за Ден на Мандела, со што светската организација сакаше да го одбележи неговиот придонес кон слободата во светот.

Вини Мандела, тогашната сопруга на Нелсон Мандела, снимена еден ден пред ослободувањето на нејзиниот сопруг.

Нелсон Мандела е ослободен по 26-годишната затворска казна. Пред затворот го чекаше толпа новинари и фотографи кои кампуваа цела ноќ.

Нелсон Мандела е фотографиран за време на низата интервјуа што ги даде во деновите по неговото ослободување.

Новинари се подготвуваат да го интервјуираат Мандела.

Нелсон Мандела фотографиран во неговата градина во Јоханесбург.

Извор: timesonline.co.uk

видиш, од затвореник до

видиш, од затвореник до нобеловец.
кај нас е слично со јован вранишковски.

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото