
Ја создадовме Италија, сега треба да ги создадеме Италијанците.(пратеникот D'Azeglio, на првото заседание на италијанскиот парламент, 1861)
Властите во Приштина ја ангажираа познатата рекламна агенција „Сачи и Сачи“ за кампањата за глобалната прослава по повод втората годишнина од прогласувањето на независноста на Косово. Вредноста на кампањата под името „Косово -Млади Европејци“ изнесува 5,7 милиони евра, а спотот во траење од 60 секунди со кој земјата се промовира како најмладата европска држава се емитува на светските телевизии“.
Ете така тоа некако се прави. И не боли, како што може да се види. Владата на Косово им држи лекции на своите соседи по транспарентност на јавни кампањи од општ интерес за самите граѓани. Како што во самата кампања се нарекува себе си, „најмладата европска држава“, се обидува да привлече внимание на светската сцена, а со тоа можеби и инвестици и развој на својата урнисана економија.
По војните во поранешна Југославија, Босна и Херцеговина беше најмладата европска држава. Како и другите, така и ние, бевме сведоци како Босанците грчевито се бореа и трудеа низ тегобниот процес на градење на нацијата да ја здиплат, колку-толку парчосаната и опустошена земја.

По нив, како најмлада европска земја се појави Црна гора, по референдумското изјаснување за независност од Србија. Србија со Тадиќ почна да се редефинира како Европска Србија. Црногорците пак почнаа, како што е ред, во градењето на својата нација, сега во друга рамка, во независна Црна Гора, по европски урнек. Земја која својот идентитет ќе го дефинира и гради во контекст на млада европска држава.
По Црна гора, пред точно две години (-1 ден), на сцената на европски држави се појави Косово. Се разбира, Србија има што да каже на оваа тема, но за мнозинството земји од ЕУ и од регионот, Косово е суверена земја, па во држ-не дај околности, сепак се издвои како најмлада земја која тргна на патот на градење на нова косовска нација.
Ех, и кога мислевме дека градењето на нациите, во контекст на распад на поранешни држави и осамостојување на нови, завршува тука некаде со Косово, ете ти ја и Македонија, која има(ла) да каже нешто и на оваа тема.
Седиш, читаш, сурфаш, гледаш како историјата бавно си тече пред себе, и оп-стоп одеднаш гледаш како се случува следната сцена: доаѓа 18-годишната Македонија, бледа, исфрустрирана, тотално незадоволна од себе си, од својот изглед и како другите ја доживуваат, и мтрва ладна се пријавува за шоуто „Еxtreme makeover“. Онака одбрусуе „Исправи бе носов, намали воа ушиве, стај троа силикони напред, стегни задников, ма све ми напрај да бидам топ!“ И сега ние нешто во некоја си 2014, или која и да е, како во оние заклучни сцени на ова шоу, кога „редефинираната“ убавица чека зад завеса, сите сме испонаредени и ја чекаме да се појави новата мома Македонија и да и се изнагледаме како се променила, разубавила, подмладила!!!
Вака, или онака, со радикалните хируршки резови во своето ново поимање на националниот идентитет, имиџ пред земјите од регионот, Европа, и светот, пластични операции и липоскуции на својот изглед, Македонија се’ повеќе оди во правец на второ (second edition) пост-југословенско градење на нацијата. Ако на сиот овој процес на, да го наречеме, „радикално ре-дефинирање на идентитетот“, се погоди и ново име (се надеваме само) за меѓународна употреба, Македонија се соочува со високо-веројатна реалност да стане „нај-најмладата држава во Европа“. Можеби ние првично тоа и нема да го доживуваме така, но во очите на другите (а тие ни се многу важни, нели, поважни и од тоа што мислиме самите за себе си) ќе увидиме дека во контракција на овие два процеси („редефинирање“ + „ново име“) сакале-нејќеле, ќе добиеме статус на гланц нова нација.
Е сега колку овој процес ќе ни се допадне, тешко е да се претпостави. На некои ќе им се допаѓа „новата“ Македонија, со ново „extreme make over“ лице, иако е со исти истрошени внатрешни органи и прилично лоша крвна слика.
Ваквата „нова“ Македонија ќе биде нивно „пост-транзиционо чедо“. Другите од нас, со право или неправо, ќе се бунат, нема да прифатат, итн., но соочени со власт која не сака да слуша различни ставови, а камо ли да ги земе предвид (ономатопејско „ха-ха“), тешко дека може да сменат нешто повикувајќи и користејќи ги инструментите на право и правда.
Може само да се согледа парадоксалноста на тн. процес на „антиквизација“ (што и да значи тоа) и „нај-најмладата земја“ во Европа. Наместо генерирање на некаков веродостоен имиџ на „древна земја со свои курназ длабоки корени“, стаписано ќе се соочиме со туѓата перцепција за себе си како најтазе „nation building" процес во Европа. А внатре секако ќе се „испокараме“ што се случува. Секоја можност за некаков консензус околу реалноста која ја живееме, ќе биде разбиена на парчиња од нонсензусот на партиски пинг-понг прес-конференции, црни кампањи по медиумите, и расправање кој функционер и партиски великодостојник каде се испокакал негде во периодот 1998 -2004 година.

Разградувајќи го сето претходно, колку и да е сиво, транзиционо, сомнително и не ни е по ќеиф, разградуваме дел од утврдениот идентитет. Ако се гради се’ од ново, рутинската колатерала е дека немаш ништо што ќе ти остане. Ако самиот не признаваш ништо пред себе, како да очекуваш тој другиот утре што по тебе ќе дојде да те почитува? Замисли сега реални македонски ирационални сценарија: велелепна си некоја градба, која и да е, која чинела десетици милиони евра, некој од политички инает и реваншизам ќе ја направи магацин за сокови.
А најлошиот дел за крај: овој редефинирачки „nation rebuilding“ проект не само што е политички, тој е исклучиво моно-етнички, тој нема никаква инклузивност на другите заедници (етнички, верски, социјални..) и за жал носи со себе ала-ЦЕРН разградувачки потенцијал до атомското ниво на нацијата. Тој ризик е реален, кој не го гледа тоа, или не сака да го види, нема проблем со различен став или мислење, туку со самата реалност.
Слики: Bast
Малце си грешка за Косово
Испратено на 17 февруари 2010 од Dame1612Малце си грешка за Косово . Најмлади земји во Европа се Северна Осетија и Јужна Абхазија . Така да Косовската демократија не е најмлада во Европа ( пошто Грузија географски и политички е во Европа ) ... Северна Осетија и Јужна Абхазија се политички пандан на Косово на Кавказот ...
Рационализирање на
Испратено на 18 февруари 2010 од Киро ВелковскиРационализирање на „анти“ ставови. Ништо повеќе. Фактот дека пред 100 години на територијата на Македонија, па и Косово, бројките на Албанците се каде каде различни од денешните, но со многу позитивен тренд и фактот дека во истиот тој век бројките на Македонците на територијата на регионот Македонија се со многу негативен тренд, не го спречува авторот да става знак на еднаквост меѓу ЕДИНСТВЕНАТА национална држава на Македонците и ВТОРАТА национална држава на Албанците. Само за да докаже нешто што не може да докаже.
Ова не е national building. Тоа било пред 60, 110, 170 години... Но, наместо од 1991 да почнеше процесот на национален ривајвал (заради земањето назад на сувереноста од поголемата поранешна држава), во Македонија имавме процес на национална уплашеност контаминирана со вирусот на помала вредност. Е баш и немаме помала вредност од околните држави, да се знае...
И штом е толку добар пристапот на Косово (Сачи и Сачи ова она), зошто оваа земја не го примени 1991-ва година, туку сите лаеја пред некоја година кога се почна?!?
Кога одиш во Рим, Константинопол, Атина, да ти се приоди по голема нужда од какви глупости се прават споменици. И луѓето се горди на тоа. А ние сме на точно илјада километри од секој од тие градови. Пријателче, дури и ренесансата започнала тука. Некои археолози што студирале во Белград денес јавно се прашуваат зошто мора сега да дознаваат за тоа? Затоа што на Македонија не `и е проблемот со соседите од вчера. Прочитај го проф. Виктор Фридман што мисли за тоа http://macedoniaonline.eu/index2.php?option=com_content&do_pdf=1&id=4768 А кој не го мрзи, нека стисне на Google Earth и нека ги преброи спомениците во околните главни градови. Ааааа, го мрзи? Ок, тогаш нека си пишува произволни текстови базирани на желбата да се удри контра :)
Kupe
P.S. Не сум стар, ама одамна паметам - во љубљанска Mladina се брануваа националните страсти од 1981. Во Загреб се повторија од 1989-90, исто во Србија. Во Приштина од 1979. Во Босна... Get the picture? We are even too little and way too late, pal
Ај дај ги бројките киро,
Испратено на 18 февруари 2010 од АнонименАј дај ги бројките киро, поддржи ги со референци, баш да видиме колку ги немало Албанците... Плус, и ти знаеш да читаш? Што има врска тоа со темата? Ви ар веј ту лејт... па тоа е поентата бе „не стар“... само „бетер лејт ден невер“ не важи секогаш, освен ко сакаш да фураш националистички аргументи кај ќе стигнеш, како што ти тоа го правиш.
Google's your best friend
Испратено на 19 февруари 2010 од Киро ВелковскиGoogle's your best friend Анонимен. Што те едуцирам, бе. А ако мислиш дека има нешто срамно во националистичките аргументи, треба да го прочиташ текстот подобро. Особено од проф. Фридман, најголемиот македонски националист (sic!).
држи се ти до гугл, и учи за
Испратено на 19 февруари 2010 од Анонимендржи се ти до гугл, и учи за ренесанса :)) гледам те просветлил и гугл и се останато. А јас ќе си се држам до факти и книги, знаеш оние стварите од дрво што се праат, а од дрво не паѓаат.
Ајде сега малце напред со
Испратено на 19 февруари 2010 од Киро ВелковскиАјде сега малце напред со материјалот, само пази да не те прогласат за бубалица. http://scholar.google.com/ http://books.google.com/
Албанците имаат чудна
Испратено на 22 февруари 2010 од Марио ШаревскиАлбанците имаат чудна одбивност кон пописите, но и чудна склоност кон мегаломанско зголемување и манипулирање со нивната бројност и застапеност. Ако ги погледнете турските пописни дефтери, статистиката на бугаринот Васил К'нчов од 1900, србинот Јован Цвииќ и русинот Афанасиј Селишчев, ќе видите дека бројките на Албанците се секогаш произволни и проблематизирани, бидејќи или се попишувале само мажите, или само селскиот оџа ил главатар давал бројки за бројот на селантие или пак воопшто не сакале да се попишат како што беа бојкотите на пописите во 1981, 1991, 1994 и конечно 2002, а сигурно ќе се проблематизира и идниот попис. Несомнено е дека Албанците ги има на овие простори, а ги имало и во почетокот на минатиот век, претежно во села и населби со македонски (славјански) имиња (топоними) (пр. Света Петка, Копаница, Копачин Дол, Добри Дол, Грешница, Спас...). Но секогаш се поставува прашањето зошто тие бегаат и се плашат (бојкотираат) пописи, а притоа секогаш изнесуваат огромни бројки и проценти кои секогаш сакаат да ги протнат преку притисок и насилство? Никој нема да ги брка, иселува и коле, зашто тоа никогаш не се случило, нит ќе се случи, а македонскиот народ никогаш такво нешто не сторил, ниту ќе стори. Зошто тогаш бегаат од попишување???