Порно индустријата го изгуби компасот

18.02.2010 13:12
fpa.jpg

Порно индустријата уште одамна го изгуби компасот. Филмовите повеќе не се произведуваат како уметнички дела туку како реклами. Целта на филмот е да продаде, и затоа, неговата цел е да задоволи што е можно повеќе луѓе на наједноставниот начин.

Акција, едноставен хумор, брза и течна приказна, и малку измешани чувства.

Порно индустријата ги редуцираше филмовите на секс сцени кои немаат допирни точки со реалниот живот. Затоа во нив нема дијалози, вовед или издржана приказна. Глумците и глумиците се слични едни на други и нивното задоволство е контролирано, па затоа и не е ставено во преден план. Женскиот оргазам не е важен, додека машкиот е редуциран на исфрлање на семето. Сè се сведува на покажува на пенисите и вагините, од kolku што е можно поблизу, проследено со одвратна музика и однапред снимено дишење и стенкање.

Поджанровите во филмската порно индустрија почнаа да го шират истиот проблем кој го има и главната струја. Тие се сосредоточуваат на она што режисерот го наоѓа како важно и еротско: женската ејакулација, женскиот оргазам, голтање на семето, анален секс, големи задници и гради, постари жени, секс со животни итн. Многу ретко можете да наидете на холистички пристап кон порнографијата.

Секоја година, Feminist Porn Awards придонесуваат за промовирање на продукцијата од висок квалитет. Овие награди годинава беа доделени по третпат и нивната објективна цел е да ги охрабрат филмаџиите да се обидат да снимаат поинакви филмови, филмови кои повеќе ќе им се посветат на миговите кои водат кон сексуалниот чин. Па така, жири комисијата се сосредоточува на естетиката, квалитетот на глумците и изборот на музиката. Тоа се филмови кои откако ќе ги погледнете и ќе ги споредите со останатите, ќе ве натераат да се запрашате: „Во ред, зошто порно филмовите никогаш не ги одразуваат моите сексуални фантазии?“.

Наградата се доделува во Канада, а наградените ја добиваат статуетката Ема, наречена според феминистката Ема Голдман. Оваа награда можат да ја добијат само филмовите кои прикажуваат вистинско и искрено задоволство, во кои жените не се поставени во инфериорна положба и кои вклучуваат жени кои обично не се среќаваат во вообичаените порно филмови. Целта на наградата, како што веќе споменавме, е да ја поттикне и охрабри поквалитетната продукција за потрошувачите кои бараат повеќе, а тоа се, се разбира, жените.

Извор: Intimate Medicine

Слични статии

Култура

ОкоБоли главаВицФото