Невидливите градови на Калвино

22.02.2010 12:14
09010701_blog.uncovering.org_cidades.jpg

Можеби понекогаш е полесно да се визуализира нешто преку пишувањето отколку преку цртањето.

Одредени исклучителни текстови имаат таква моќ која ги надминува дури и најбрилијантните слики, бидејќи нивните описи се многу посугестивни и позагадочни од прецизните линии на цртежот или сликата.

Поради тоа што ја стимулира нашата фантазија и мечта, читањето е многу битно за развојот на децата. Свесна за ова, американската уметничка Нора Стурџис се зафати со предизвикот кој е подеднакво невозможен колку што е и возбудлив: да ја смести на сликарското платно неверојатната атмосфера од книгата „Невидливи градови“ на Итало Калвино.

Марко Поло, патникот и раскажувачот во оваа книга, на сликите се појавува како обичен турист и делува како точка во која се спојуваат сите слики од оваа серија. Тој е оној кој живее во понекогаш пријателски, но понекогаш и непријателски настроеното опкружување. Речиси и да можете да ги почувствувате неговите емоции преку овие слики. Секоја од нив прикажува сцена со независна приказна и делумна атмосфера која е исполнета со загадочни, речиси волшебни елементи кои содржат поетичност, необичност, егзотика, културна разноликост... Безвременска видео игра помеѓу минатото и иднината.

Извор: obviousmag.com

Слични статии

Култура
Култура

ОкоБоли главаВицФото