
Ги повикуваме младите филмски режисери од Германија и од Македонија да учествуваат во проектот CINomad кој ќе се одржи во мај 2010 година во Скопје. CINomad е проект замислен како филмска прошетка низ градот Скопје.
За таа цел би сакале да направиме филмска програма од 6-8 македонски и германски кратки филмови на млади филмски режисери и студенти на филмска режија.
Филмовите не треба да се подолги од 15 минути и потребно е да ни се достават на ДВД формат. Нема жанровски ограничувања - може да бидат кратки играни, документарни или анимирани филмови. И бидејќи проектот не е наменет за специфична публика, туку за сите оние кои би сакале да доживеат прошетка низ градот на еден поинаков начин, забавниот дел на филмовите ќе игра важна улога. Сеедно е дали филмовите се направени сега или порано. За жал не можеме во моментов материјално да ги покриеме авторските права, но би биле пресреќни, доколку го разбудивме Вашиот интерес сепак да го прикажете Вашиот филм во овој контекст.
И затоа Ве замолуваме да ни ги испратите Вашите филмови заедно со Вашите податоци за контакт најдоцна до 1. април 2010 на следнава адреса:
Вибке Штадлер
НВО Контрапункт - Културен Центар Точка
Климент Охридски 15
1000 Скопје
Македонија
Доколку имате дополнителни прашања за проектот, можете да ни се обратите во секое време нa следнивте e-mail адреси: wiebke.stadler@kulturmanager.net / ksenija.cockova@gmail.com.
Понатамошни информации за CINomad и за нас:
Што е CINomad?
Преку филмска прошетка низ различни делови на Скопје луѓето ќе посетат места, каде ретко одат или кои ќе добијат поинаква димензија преку прикажување на филмови. Sидовите на градот се и површините за проекција и самиот град одеднаш станува едно големо кино. Ова номадско кино поминува низ градот и се задржува на едно место само додека трае одреден филм. Идеjата е преземена од хамбуршкиот проект A Wall Is A Screen. На прошетката може да се приклучи секој, секој може да го доживее својот град како сала за филмски проекции. Филмската програма ќе се состои од германски и македонски филмови на младите режисери и студенти на филмска режија.
Кои сме ние?
Вибке Штадлер работи во Скопје, во НВО Контрапункт. Нејзината задача како стипендистка на Фондацијата Роберт Бош (www.kulturmanager.net), е да ги приближи германската и македонската култура.
Ксенија Чочкова работи во Скопје, во НВО ЦДУ Т-Хаус/ Културен центар ЦК. Во 2008/09 беше стипендистка на програмата на фондацијата Роберт Бош Менаџери на културата од ЈИЕ во Германија (moe-kulturmanager.de)
На горната фотографија е искористен инсерт од филмот „Ако никој не свири“ во режија на Ѓорѓи Јаневски