Уметноста е насекаде

23.02.2010 16:01
UEN-OKNO.jpg

 

Ги повикуваме сите заинтересирани македонски млади писатели да учествуваат во македонско-германскиот проект „Уметноста е насекаде“ преку испраќање свои книжевни дела кои ќе бидат визуелно обликувани, испечатени во форма постери, и поставени на различни локации во Скопје.

Во рамки на проектот ќе бидат избрани 8 (4 текстови на македонски јазик и 4 текстови на германски јазик) книжевни тестови (куси куси раскази – не подолги од 1000 знаци со празни места, песни – не подолги од 20 стихови, хаику, графичка поезија), кои откако ќе бидат визуелно обработени ќе се постават на бројни јавни простори во Скопје.

Авторите на избраните книжевни дела ќе добијат авторски хонорар во износ од 2.500 денари.

„Уметноста е насекаде“ е проект чија цел е да направи спој меѓу книжевноста и визуелната уметност, да ја поддржи идејата за уметноста како дел од секојдневието и да промовира нетипични начини за претставување на уметничките дела.

Во јавниот простор во Македонија сè повеќе доминираат содржини кои имаат исклучиво комерцијална намена. Местата кои се наменети за јавно огласување главно се места каде што се искажуваат комерцијални или политички пораки.

„Уметноста е насекаде“ е проект кој сака да покаже дека овие места може да се употребат и за испраќање уметнички пораки. Искористувањето на јавни простори ќе овозможи уметноста да излезе од просторите кои се наменети исклучиво за неа (музеи, културни центри, библиотеки). Освен тоа, ќе се укаже дека јавниот простор може да биде место и за естетска трансформација на секојдневието. Една од целите на проектот е да овозможи и распространување на уметничките производи и можност тие да бидат достапни до поширока публика.

Во рамки на проектот ќе биде формирана комисија составена од 3 члена која ќе направи избор на 8 книжевни текстови од млади автори од Германија и Македонија. Потоа 2 дизајнери од Македонија визуелно ќе ги обликуваат книжевните дела. Печатените дела ќе бидат поставени на неколку локации во Скопје.

Проектот ќе биде документиран во сите негови фази, а фотографиите од процесот, заедно со уметничките дела ќе бидат презентирани на изложба, придружена со каталог.

Сите заинтересирани писатели своите дела најдоцна до 15 април 2010 година можат да ги испратат на следниов e-mail: vladimirjankovski@yahoo.com и wiebke.stadler@kulturmanager.net.

Проектот е поддржан од Канцеларијата за врски на Гете Институтот во Скопје и Фондацијата Роберт Бош.

Медиумски покровител на проектот е веб порталот okno.mk.

do koga e rokot?

do koga e rokot?

Сите заинтересирани писатели

Сите заинтересирани писатели своите дела најдоцна до 15 април 2010 година можат да ги испратат на следниов e-mail: vladimirjankovski@yahoo.com и wiebke.stadler@kulturmanager.net.

ќе може ли некој да ни

ќе може ли некој да ни одговори: дали во 1000 знаци се бројат и зборовите и празнините или само зборовите???

и второ прашање што многу луѓе ни го поставија : со каква тематика е пожелно да бидат текстовите, или барем ако не се знае тематиката, каков стил поконкретно се очекува или има предност во изборот на 8 те???

однапред благодарност,

глорија и гоце од кичево

Da se brojat. Nema nikakvi

Da se brojat. Nema nikakvi ogranicuvanja od aspekt na temattikata, stilot itn.

вашиот конкурс на мојот блог

Почитувани,
во врска со овој конкурс, ставив соопштение и линк на мојот блог, со цел што повеќе луѓе да дојдат до информацијата.
поздрав
 

Јас на овој конкурс ќе пратам

Јас на овој конкурс ќе пратам две мои поеми напишани според германски легенди поврзани за еден мал речен остров на реката Рајна каде се случиле големи белји за народот германски.
А народни белји не се раскажуваат во 20 стихови.
Затоа поемите ќе му ги пратам на германскиот културменаџер, со напомена дека култура е кога Македонец пишува за страдањата на германскиот народ  - и обратно, се разбира :-)
 

колку песни може да прати еден автор?

почитувани,
колку текста може да испрати еден автор?
поздрав,
Л.А.

И јас би сакала да знам дали

И јас би сакала да знам дали може еден автор да прати повеќе свои дела..или!?  

Кога ќе бидат резултатите од

Кога ќе бидат резултатите од конкурсот????

Ние сме жртви на самите себе.

Ние сме жртви на самите себе. А себството е свесно само во рамките на „фамилијарната“ педа нива во која себично гувееме, па оттука training course никако да сфатиме дека заедништвото не се сведува на кафе со пријателите во 12 на пладне, три трач муабети за комшиите и пет пцовки toefl за „глупите Американци и другите западњаци“. Заедништвото побарува поголема индивидуалност и посветеност која резултира со штитење на заедничкото, наспрема личното.Линчувањето на пар несовесни лекарки од хируршка не е ништо помалку индивидуално настроено – напротив, тоа е gmat уште посебично - од лекарското линчување на пациентката која, многу веројатно, поради задоволување на нечиј туѓ „пријателски“ сеир, завршила во нивните раце. Ваквата опседнатост со туѓите грешки и несовесност која притоа ја accuplacer exam запоставува сеопштата лична одговорност и етика, е индивидуална себичност која не само што е неморална и неетичка, туку е и општествено криминална.

И, резултати?  

И, резултати?
 

Pocituvani, Ima li rezultati

Pocituvani,
Ima li rezultati od ovoj konkurs? Ili se uste ne? Ili pak treba da gi pobarame na druga internet stranica?
Ako vekje imalo objaveno, prostete za mojata neinformiranost.

reply

Different students don't care about their future and they are able to write not professional thesis phd. However, I can say that the buy thesis service can perform good thesis titles, which can meet every one's demands.

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото