








Дејствието на стрипот е сместено во периодот на иранските претседателски избори во 2009. Ова е измислена приказна за потрагата по Мехди, млад протестант кој изчезнува во гулазите на Исламската Република.
Како што светот беше сведок на она што повеќе не можеше да се задржи од погледите на луѓето, низ видеата на Јутјуб, пораките на Твитер и блоговите, исто така и оваа приказна мораше да биде раскажана.
Сценаристот Амир е иранско-американски активист за човекови права, новинар и режисер на документарни филмови. Живеел и работел во САД, Канада, Европа и Авганистан. Неговите есеи и статии се објавувани низ светскиот печат.
Цртачот Калил е исто така скулптор и керамичар. Овој стрип е негова прва графичка новела.
Амир и Калил одамна мечтаеле за заедничка соработка на некој проект, а Рајот на Захра го покажува нивниот талент што зреел со текот на годините.
Авторите на стрипот инсистираат на анонимност поради очигледни политички причини.
Ви го претставивме првото поглавје од графичката новела. Наскоро очекувајте го продолжението ...
Превод и обработка: Ѓорѓи Крстевски