Седи Трпе тажен во кафана, а пред него стои пиво. Влегува Митко, го здогледува пивото и го испива. Трпе почнува да плаче, а Митко го прашува:
- Зошто плачеш, бе, Трпе, зарем за едно пиво?
- А бе, не е тоа... Денес цел ден ми е за никаде, ништо не ми оди од рака.
- Што се случило, кажи ми?
- Влегувам сабајле дома, а Трпана со друг во кревет. Попладне ми се јавуваат од фирма да ми кажат дека сум добил отказ. Трпана побегна со друг и ги собра сите пари од банка, па останав без скршен денар. Посакав да се убијам. Земам јаже да се обесам - се скина. Земам пиштол да се за застрелам – се закочи. Легнувам на шини, возот се расипал некаде пред Велес. Со последните пари купив отров и го сипав во пивото – кога, ти се појави и ми го испи.