
Вармкомикс е мала фирма од Прилеп која се занимава со издаваштво на стрип изданија. Започнаa летото 2008 година, кога беа откупени правата за стрипот Алан Форд, а во септември истата година излезе и првиот број во комбиниран повез.
Во јануари 2009 година ги откупиja правата за некои познати ликови од Бонели Едиторе, и во декември започнaа со редовната и класик серијата со Загор.
Во фебруари истата година за прв пат кај нас излезе гигантот со Мартин Мистерија на 240 странци и со наслов Тајната на Свети Никола.
Излегоа и редовниот Алан Форд број 361-1, како јубилеј на 40 години Алан Форд во Италија. Набрзо се појави стрипот со Мистер Но во тврд повез, број 1, за прв пат на македонски јазик.
Имаa подолга пауза, па кон крајот на јануари оваа година продолжиja со стриповите Алан Форд и Загор, а за прв пат излезе и првиот гигант број со Дилан Дог на 215 страници.
Како што велат самите, очекуваат многу тешка година за издавање, но не губат надеж за подобри денови од сегашните.
Повеќе за нив можете да се информирате на www.varmcomics.com.
Глупости
Испратено на 21 јули 2010 од ОхридСтриповиве повеќе не излегуваат и тие неколку броја шо ги купив ми се распаднаја по некое време....срамој живи.....