Живот во капсула на невработен Јапонец

05.03.2010 12:26
32385283.JPG

Ацуши Наканиши (40 години) е Јапонец кој ја изгубил својата работа. Во Јапонија невработеноста порасна на 5,2 проценти. Работодавадачите во последната година отпуштија голем број работници откако настапи економската криза. Многу луѓе се истерани од нивните домови, за кои дел од киријата била покривана од компаниите во кои работеле. Оние што не биле способни сами да ја плаќаат киријата сега се принудени да се снаоѓаат како што знаат.

Господинот Наканиши шест месеци живее во хотелот Шинјуки 510 во Токио. Спие во мала пластична капсула, а целиот свој имот го чува во едно шкафче.

Г. Наканиши оди кон својата соба во хотелот составен од капсули. „Обично нашите главни клиенти беа вработени луѓе кои отишле на пијачка и го пропуштиле последниот воз“, вели Тецуја Какасако, главниот менаџер на хотелот. Но, сега околу 100 од 300 капсули се изнајмени за период од еден месец.

Горна капсула во хотелот чини 59.000 јени месечно – околу 500 евра – за простор од 2 на 1,5 метри опремен со светло, мал телевизор и закачалки. Но, ова е значително помалку од цените за кирија на станови во Токио.

Капсулите немаат врати, само платна што се повлекуваат надолу. Секое превртување во пластичната капсула, секое придушено кашлање силно одѕвонува во редот.

Долгорочните жители како г. Наканиши имаат посебна дозвола од локалните власти капсулите да ги регистрираат како нивен официјален дом, што го олеснува закажувањето интервјуа за работа.

Ресторанот на хотелот е опремен со автомати. Мирисот на чад од цигари се чувствува насекаде, а сигурносните камери се наоѓаат во секое ќоше. Но, вработените во хотелот даваат сè од себе гостите да се чувствуваат попријатно: „Добредојдовте дома“, пишува на влезот.

Г. Наканиши го јаде својот оброк во ресторанот.

Г. Наканиши го проверува својот е-маил во заедничките простории. Тој е невработен од Нова година, и не знае колку долго ќе може да си го дозволи дури и ова засолниште.

Г. Наканиши, кој студирал економија на регионалниот универзитет, но сонува да стане адвокат, учи за приемните испити на правниот факултет во кафетерија во Токио. Премиерот Јукио Хатојама во видео порака испратена на ЈуТјуб, се заложи дека ќе им помогне на невработените и бездомниците.

Слики: Ко Сасаки

Извор: nytimes.com

Слични статии

Живот

ОкоБоли главаВицФото