
Проектот „Скопје 2014“ е детерминација на сé што сме имале од неолитот, преку антиката, до денес. Ако тој не се направи, Скопје ќе остане паланка или касаба, која не може да биде пример за една голема и моќна цивилизација. Рушењето на храмот „Свети Константин и Елена“ е хендикеп за целото православно население во Македонија, особено во Скопје, а спорот што се води за изградба на „Бурмали-џамијата“ треба да се отстрани. Во Република Македонија има 585 џамии наспроти 950 цркви, а во Скопје 112 џамии и 111 цркви.
Валентина Божиновска, директорка на Комисија за односи со верски заедници; „Нова Македонија“, 06.03.10.
Леле колку сум фрапиран од
Испратено на 08 март 2010 од GorialЛеле колку сум фрапиран од интелектуалнава елита на сегашнава ни владејачка номенклатура.... колку тие имаат сенс за естетика, културни вредности, духовност, архитектура и т.н. ...Ај да не должам јас сум запрепастен колку се спротивност од сето тоа, колку се квази, колку се манипулатори со вистината. Значи со градењето на цркви, со прокламирањето на христијанството(како политички маркетинг) од една страна се создаваат „големи христијани“, од друга страна општеството бара рамнотежа, а како ќе се воспостави таа рамнотежа? -кога од другата страна ќе се создадат „големи муслимани“... и што следува после сето ова?- крвопролевање,омраза.....за повторно да се воспостави балансот. А кој ќе ја плати сметката?-сметката ќе ја платат ни криви ни должни... е тоа е трагедија.