
Веќе речиси триесет години сегашноста во нашата земја е време на дезориентација. Мислам на времето кое на својата младина, особено на младината на народните класи, не и’ нуди никаков принцип според кој би ја насочувала егзистенцијата. Во што точно се состои таа дезориентација? Една од нејзините најистакнати операции се состои во тоа претходниот период секогаш да се направи нечитлив, период кој беше добар и навистина насочен. Тоа дејствување е карактеристично за сите реакционерни, контрареволуционерни периоди, како овој во кој живееме по крајот на седумдесеттите. На пример, можеме да забележиме дека главното обележје по заверата и егзекуцијата без судење на јакобинските водачи, беше да се направи нечитлив претходниот период, периодот на Робеспјер: редуцирањето на тоа време на патологија на некакви крвожедни криминалци го оневозможи секое политичко разбирање. Таквиот поглед на нештата опстана и во децениите што следеа и трајната цел беше да се дезориентира народот, кој се сметаше за потенцијално револуционерен, како што секогаш се смета.
Комунистичкиот период создава блок
Да се направи некој период нечитлив значи многу повеќе отколку едноставно да се осуди. Една од последиците на нечитливоста е што во тој период е неможно да се пронајдат принципи со кои би можеле да се оправдаат неговите слепи улици. Ако се објави дека тој период е патолошки, од него не може да се извлече ништо по што би можеле да се ориентираме, а заклучокот, чии погубни последици нè следат и денес, гласи дека мораме да се помириме со дезориентацијата како помало зло. Затоа претпоставуваме дека разгледувајќи го претходното, очигледно затворено поглавје од политиката на еманципација, тоа мора да ни остане читливо, без разлика на конечниот суд за него.
Во расправата за рационалноста на француската револуција за време на Третата република, Клемансо ја искажа славната формула: „Француската револуција создава блок“. Тоа е добра формула зашто ја објавува интегралната читливост на тој процес, без разлика на трагичните последици на неговото одвивање. Денес е јасно дека, во однос на комунизмот, доминантниот дискурс го претвора претходниот период во некаква матна патологија. Затоа врз себе ја преземам изјавата дека комунистичкиот период, вклучувајќи ги сите негови нијанси, и на власта и во опозиција, кои застапуваат иста идеја, исто така создава блок.
Значи, што може да биде принцип и име на вистинската ориентација денес? Предлагам, во склад со политиката на еманципација, таа ориентација да ја наречеме комунистичка хипотеза. Патем напоменувам дека нашите критичари сакаат да го отфрлат зборот „комунизам“ под изговор дека искуството со етатистичкиот комунизам, кое траеше до седумдесеттите години, заврши со трагична пропаст. Каков виц! Кога станува збор за прашањето на симнувањето на превласта на богатите и наследувањето на моќта, која трае веќе илјадници години, нивните приговори се засноваат на седумдесет години кризи, насилство и слепи улици! За волја на вистината, комунистичката идеја трае бесконечно мал дел од времето потребно за таа да се вреднува, за да се оствари. Во што се состои оваа хипотеза? Би можеле концизно да ја изразиме во три аксиоми.
Прво, идејата за еднаквост. Со нашето време повторно владее песимистичката идеја дека човечката природа е предодредена за нееднаквост, дека тоа навистина е штета, секако, но тоа треба да се исплаче и да се прифатат нештата какви што се. На тоа стојалиште комунистичката идеја баш не одговара со застапувањето на еднаквоста како програма – да ја прифатиме длабоко вкоренетата еднаквост иманентна на човековата природа – туку со објавата дека егалитаристичкиот принцип овозможува во секоја колективна акција да го разликуваме она што е во склад со комунистичката хипотеза, и затоа има стварна вредност, од она што и’ противречи и затоа нè враќа на животинското сфаќање на човештвото.
.jpg)
Второ, уверувањето дека не е нужно да постои држава која спроведува присила. Тоа е теза за изумирањето на државата, која е заедничка и за анархистите и за комунистите. Постојат општества без држава и рационално е да се претпостави дека и во иднина ќе има такви. Но, пред сè, можно е да се организира народна политичка акција, а да не се потчини на идејата за моќта, репрезентацијата во рамки на државата, изборите итн. Ослободувачката поврзаност на организираната акција може да се спроведува надвор од државата. Постојат многу такви примери, вклучително и некои понови: неочекуваната моќ на настаните од декември 1995 година, кои неколку години ги одложија противнародните мерки за пензиите. Милитантните акции на работниците без документи не ги спречија многуте закони вредни за презир, но овозможија работниците да бидат препознаени како дел од нашиот колективен и политички живот.
Рани денови на третата фаза
И последната аксиома: организацијата на работа не имплицира поделба на работата, специјализација на работните задачи, а особено не имплицира потчинувачко разликување меѓу интелектуалната и физичката работа. Нужно и можно е да се тежнее кон важната полиморфност на човечкиот труд. Тоа е материјалната база за исчезнувањето на класите и општествената хиерархија. Овие три принципи не сочинуваат програма; тие се максими за ориентација, со кои секој може да се послужи како мерило за проценка на она што го прави и чини, и лично и колективно, во својот однос кон комунистичката хипотеза.
Комунистичката хипотеза се развиваше во две големи фази, а јас тврдам дека влегуваме во третата фаза на нејзиното постоење. Комунистичката хипотеза се воспостави во големи размери меѓу револуциите од 1848 година и Париската комуна од 1971 година. Тогаш доминантни теми беа работничкото движење и востанието. Следеше долг интервал, речиси 40 години (од 1871 до 1905) кој одговара на врвот на европскиот империјализам и систематските грабежи на бројни региони од планетата. Периодот од 1905 до 1976 година (културната револуција во Кина) е долг период на остварување на комунистичката хипотеза. Неговата главна тема е тема на партијата, која го следи нејзиниот главен слоган: единствено оружје на оние кои немаат ништо е дисциплината. Од 1976 година до денес трае долгиот период на реакционерна стабилизација, период во кој сè уште живееме и во кој сведочиме за распадот на еднопартиските социјалистички диктатури создадени во вториот период. Уверен сум дека нужно ќе почне третиот историски период на комунистичката хипотеза, поинаков од претходните два, но чудно, повеќе сличен на првиот отколку на вториот период. На тој период и на оној кој го доминираше во 19 век заеднички ќе им биде фактот дека во прашање се доведува самото постоење на комунистичката хипотеза, која денес речиси универзално се негира. Она што заедно со другите се обидувам да го направам може да се дефинира како прелиминарни потези насочени кон повторно воспоставување на комунистичката хипотеза и на нејзината примена во третата епоха.
Во овие рани денови на третиот период од постоењето на комунистичката хипотеза потребен ни е привремен морал за времето на дезориентацијата. Тука станува збор за минимално одржување на конзистентниот лик на субјектот, зашто не можеме да се потпреме на комунистичката хипотеза, која треба повторно да се воспостави во широки размери. Потребно е по секоја цена да се пронајде вистинско упориште, „невозможното“ упориште кое не може да биде впишано во законот на ситуацијата. Мораме да се потпреме на таквото вистинско упориште и да ги организираме неговите последици.
Храброста како приоритетна доблест
Жив доказ дека нашите општества се нехумани е денешниот работник од странство без документи: тој е симбол, иманентен на нашата ситуација, дека постои само еден свет. Да се однесува кон пролетерот од странство како да доаѓа од друг свет – тоа е вистинската задача на „домашната канцеларија“ (министерството за национален идентитет), која поседува сопствени полициски сили („гранична полиција“). Да се тврди, наспроти тој државен апарат, дека секој работник без документи припаѓа на истиот свет како и ние, и од тоа да се извлекуваат практични, егалитарни и милитантни последици – тоа е пример за таквиот привремен морал, локална ориентација која е во склад со комунистичката хипотеза, во околина на глобална дезориентација на која може да и’ се спротивстави само нејзиното повторно воспоставување.
.jpg)
Главната доблест која ни е потребна е храброста. Тоа секогаш не е случај: во други околности приоритет можат да имаат други доблести. На пример, во револуционерната војна во Кина, Мао се застапуваше за трпението како главна доблест. Но, денес тоа сигурно е храброста. Храброста е доблест која, без разлика на законите на светот, се искажува како поднесување на невозможното. Тука станува збор за потпирање врз невозможно упориште без потреба да се објасни целината на ситуацијата: храброста, доколку упориштето се сфаќа како невозможно, е локална доблест. Таа учествува во локалниот морал, а нејзиниот хоризонт е постепеното повторно воспоставување на комунистичката хипотеза.
Слики: Amy Cutler
Извор: novossti.com
Второ, уверувањето дека не е
Испратено на 20 април 2010 од john200Второ, уверувањето дека не е нужно да постои држава која спроведува присила. Тоа bsci dumps е теза за изумирањето на државата, која е заедничка и за анархистите и за комунистите. Постојат општества без држава и рационално е да се претпостави 640-816 дека и во иднина ќе има такви. Но, пред сè, можно е да се организира народна политичка акција, а да не се потчини на идејата за моќта, репрезентацијата во рамки на државата, изборите итн. Ослободувачката поврзаност на организираната акција може да се спроведува надвор од државата. Постојат многу такви примери, вклучително и некои понови: 640-822 еочекуваната моќ на настаните од декември 1995 година, кои неколку години ги одложија противнародните мерки за пензиите. Милитантните акции на работниците без документи не ги спречија многуте закони вредни за презир, но овозможија работниците да бидат препознаени како 70-503 dumps дел од нашиот колективен и политички живот.