Интернетот - основно човеково право

10.03.2010 13:08
globe.jpg

Речиси 90% од испитаниците сметаат дека пристапот до интернет е основно човеково право, покажа истражувањето на Би Би Си. Во истражувањето беа опфатени 27 000 лица од 26 земји.

Земјите како Финска и Естонија веќе донесоа закон со кој пристапот до интернет стана основно човеково право за нивните граѓани, додека меѓународните тела, како што се ОН, агитираат за универзален пристап кон ова прашање.

„Правото на комуникација не смее да се игнорира“, рече за Би Би Си д-р Хамадун Туре, гемнерален секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU). „Интернетот е најмоќниот потенцијален извор на просветлување кога и да е во историјата.“ Тој наведува дека владите „мораат да ја третираат оваа мрежа како основна инфраструктура – како што се патиштата или водоводите“. „Ние зачекоривме во општества на знаењето и секој мора да има можност да учествува.“

Според резултатите од истражувањето на ITU, цените на широкопојасниот интернет минатата година во 161 земја биле намалени за 42%. Сепак, иако цените се значително намалени, услугите на широкопојасниот интернет сè уште се превисоки и недостапни за корисниците во многу земји.

Најевтин пристап до интернет имаат граѓаните на Хонг Конг, Луксембург, Данска, Норвешка, В. Британија и САД.

Ова големо истражување исто така покажа одредени поделби по прашањето за надзор на властите на некои аспекти на мрежата. На пример, корисниците од Јужна Кореја и Нигерија имаат силно чувство дека владата не би требало никогаш да се меша во регулирањето на интернетот, додека мнозинството Кинези и граѓани од многу европски земји не се сложуваат со тоа и бараат поголемо учество на владата во регулирањето.

Истражувањето на Би Би Си покажа дека 87% од корисниците на интернет сметаат дека пристапот до интернет треба да биде „основно право на сите луѓе“.

Слични статии

Технологија
Технологија

ОкоБоли главаВицФото