
Соништата се нашиот пат кон потсвеста. Сигмунд Фројд ги согледуваше како израз на најдлабоките стравови и желби на сонувачот. А некои научници ги истражуваа сличностите меѓу појавноста на сништата и појавноста на психозите.
Мистериозната комбинација меѓу нерволошките процеси, скриените стравови и духовните пораки ги прави сништата толку фасцинантни. „Traum“ се обидува да ја претстави оваа тенка линија меѓу имагинацијата и реалноста – меѓу убавината на другиот свет и потсвесниот страв.
Мистичните, надреални пејзажи на Исланд, огромните водопади, сулфурниот чад и полињата со лава на Dimmuborgir ја создаваат позадината за „Traum“. Низата фотографии почнува со речиси застрашувачки, темни фотографии за да стигне до разнобојни дела што буквално пулсираат од светлина.
„Traum“ е направен за неколку недели во летото 2009 година.













Александар Биндер е самоук фотограф од Германија. Роден е во 1976 година. Поголемиот дел од неговите дела се карактеризираат со силна фасцинација од окултните науки, мистичните приказни, средновековните резби и хорор филмовите.
Извор: zero1magazine.com
Името на Фројд се изговара и
Испратено на 11 март 2010 од АнонименИмето на Фројд се изговара и пишува со „З“ - Зигмунд... мала исправка...
Ви благодариме за
Испратено на 11 март 2010 од gjorgjiВи благодариме за забелешката, но сепак додаваме дека во македонскиот јазик името на Фројд се пишува со „С“, не со З - Сигмунд. На германски е Sigmund, па не е јасно од каде би доаѓало тоа З. Исто така, во македонското преведувачка продукција преведувачите секогаш го преведуваат како Сигмунд (видете, Сигмунд Фројд „Неугодното во културата“, Магор, 2008. Превод од германски Слободанка Попоска, поговор Иван Џепароски). Или изданието на Ѓурга на овој линк. Или, пак, во насловот на романот од Гоце Смилевски, „Сестрата на Сигмунт Фројд“, на пример.
Во мак. јазик имињата се
Испратено на 11 март 2010 од АнонименВо мак. јазик имињата се пишуваат така како што се изговараат на оригиналниот јазик колку што знам...Видете го изговорот на Википедија - Sigmund Freud (German pronunciation: [ˈziːkmʊnt ˈfʁɔʏt])
kako i da e - odlicni
Испратено на 11 март 2010 од Анонименkako i da e - odlicni fotografii... samo nordisko - tevtonski stud moze da proizvede takvi mrtvila...