
Ако ви е битна должината на траењето на сексот, тогаш смувајте се со некој Бразилец, избегнувајте ги Тајланѓаните, а ако сте малку настрани, не смеете да го пропуштите Сан Франциско.
Според резултатите на едно истражување, Шведска е водечка земја во светот по бројот на бисексуалци. Меѓутоа, скандинавските жители не се на првото место според должината на времетраењето на сексот: тоа место го држат Бразилците.
Истражувањето го покажа следново:
Нов Зеланд
Со вкупен просек од 20,4 сексуални партнери за време на животот, оваа земја ги има најпромискуитетните жени во светот.
Австрија
Со вкупен просек од 29,3 сексуални партнерки, Австријците се најпромискуитетните мажи на планетава.
Германија
Германија е земја со најлоши љубовници во светот, наведуваат резултатите од истражувањето на „Ван Пол“ кое ги испитуваше жените од дваесет земји. Како главна причина за тоа испитаничките навеле дека Германците „премногу и непријатно мирисаат“.
Шпанија
Шпанија е земја со најдобри љубовници, се согласија жените од дваесет различни земји, според истражувањето.
Тајланд
Со просек од 10 минути, Тајланд е земја во која најверојатно би го доживеале најкраткотрајниот секс во светот.
Бразил
Според атласот на Пингвин за човечкото однесување, сексот најдолго трае во Бразил, и тоа во просек по 30 минути.
Индонезија
Жителите на Индонезија седум пати годишно заминуваат на „аџилак“ на светата планина Јава да се соблечат и да се „извалкаат“ со личност која не е нивниот сопружник. Ако спијат седум пати со таа личност, се верува дека ќе добијат благослов и дека ќе им се остварат сите желби.
Индија
Кога во Индија се појави првата жешка линија, таа стана толку популарна што нејзините корисници ги доведе до огромни долгови, па индиската влада мораше да ја затвори.
Франција
Истражувањето Мери Клер откри дека 41% од Французите учествувале во оргии, а дека 27% се вериле со партнерот кој го запознале на една од нив. Исто така, Французите важат и за најподготвени да му пружат орален секс на својот партнер.
Јапонија
Со вкупна бројка од 500 учесници, Јапонија успешно го постави светскиот рекорд за организирање на најголемата оргија во светот.
Харајуку, Јапонија
Областа Харајуку во Токио е позната низ светот по фетишите. Најновата модна фетиш манија која се прошири во оваа област е костимот на рането лице, па таму луѓето се замотуваат во завои.
Сан Фернандино, Калифорнија
Речиси 90% од сите незаконски произведени порно филмови на територијата на САД се снимани во студијата во долината Сан Фернандино, па ова место го нарекуваат и “Порно долина“ или „Сан Порнардо долина“.
Тел Авив, Израел
Овој град е познат како главно засолниште за јавните куќи. Се проценува дека во него има повеќе од 250 „продавници на љубовта“.
Cap d’ Agde, Франција
Франција може да ни се пофали со најголемото нудистичко одморалиште во светот во Cap d’ Agde, чие „Натуристичко село“ го сочинуваат еден мал град и 2 км долгите плажи.
Епминстер, Англија
Жителите на ова предградие се најнастрани во цела Англија. Тие трошат 7,9 пати повеќе пари од националниот просек на сексуални помагала и филмови за да ги збогатат своите сексуални животи.
Извор: Intimate Medicine
wow interesting facts about
Испратено на 10 јули 2010 од Анонименwow interesting facts about sex all over the world.
Thanks google translator for helping me reading such nice article in othe languages.
David mayer
geo tv
Шпанија е земја со најдобри
Испратено на 25 август 2010 од Postcard PrintingШпанија е земја со најдобри љубовници, се согласија жените од дваесет различни земји, според истражувањето. fertility