
Сагата за Полицаецот со секира (The AXE COP) започнала еден Божиќ, кога Итан Никол (29) заминал во својот дом за да биде со семејството. За време на посетата, неговиот брат Малакај (5) си играл со неговите играчки, па по некое време го замолил постариот брат да му се придружи. Си размениле играчки (полицаец со секира, полицаец со флејта, диносауруси со секакви оружја итн.) и почнале да играат. Бидејќи Итан бил стрип цртач, од играњето со својот помал брат добил инспирација за стрип приказна. Така, за време на престојот дома, тој ги нацртал првите четири епизоди од The AXE COP. Го закачил стрипот на својот блог и на Фејсбук, и таму добил одлични реакции. Тој успех го охрабрил да продолжи со приказната, и побарал помош од својот петгодишен брат во пишувањето на сценариото.
Сето она што ќе го видите во ова видео (а и во стриповите на линков axecop.com) е започнато во главата на Малакај, а неговиот постар брат Итан го пренесува на хартија. Ова видео претставува поглед во умот на еден петгодишник, процесиран низ моливот на триесетгодишен стрип цртач.
Малакај Никол е 5-годишно дете од Вашингтон кое сака диносауруси, цртани филмови, видео игри и сешто кое вклучува уништување на лошите луѓе.
Итан Никол е 29-годишен стрип уметник кој живее во Лос Анџелес.
Извор: axecop.com