Комунистичка интима

13.03.2010 13:16
jasna_intima_finalno_v11(s2).jpg

Кога излегов од музејот на тајната источногерманска комунистичка полиција, Штази, во Берлин врнеше. Не можев да се мрднам од место. Не од шокот што го видов, туку затоа што не видов ништо. Смртта лебди во воздухот, на секој од тие застарени телефони им се пресудувало на десетици и на стотици контрареволуционери во низи. Но денес таму мириса на Доместос и има црвени конопи зад секоја офуцана фотеља. Пред портата на дождот ми пријде еден Германец. „Нема ништо, нели?“ „Ништо“ – гледав во земја. „Чудно е тоа.“- продолжи- „Ги изгубив сите што ги имав заради оваа зграда. Откако ја претворија во музеј доаѓам секој ден. Не можам да престанам да доаѓам. Нема ништо, нели? Баш затоа доаѓам. Морам секој ден да гледам баш во тоа ништото. Ме разбираш ли?“

Делот „Интимист“ од оваа книга е преведен на англиски, германски, унгарски и на словенечки јазик (во посебна книга со истото име). Текстот доживеа критички акламации во Берлин и во Будимпешта. Ова се дел од одгласите во Македонија:

„Оној што кај нас одново ја отвори оваа опасно подзаборавена тема, и тоа на еден до потресност искрен, убедлив и продлабочен начин е Јасна Котеска... Прашањата на Котеска... се меѓу клучните прашања на нашата држава: од какви морални суровини е составен нашиот културен и политички естаблишмент? Дали некои од писателите на нашите лектири биле бедни полициски денунцијанти? ... Дали нашата неспособност да се соочиме со сопственото минато, и во позитивна и во негативна смисла, не’ прави немоќни и во однос на сегашноста и во однос на иднината?“
Н.Г.

„Мора да го изразам својот восхит од граѓанската храброст на Јасна Котеска да ја изнесе семејната интима во јавност, со цел да не се заборави кои и како и’ го уништија животот на нејзиното семејство.“
И.Б.

„Прв текст што ме натера да го разберам – тоа време.“
О.Т.

„Жива уживанција!!! Ова уживанција може да иде и без и со наводници!“
К.

„Ми течат солзи, а не знам дали плачам.“
Е.К.

„Единствена книга од областа на ’Транзициската правдина’ што сме ја добиле. Ниеден историчар кај нас не можеше да напише ваква книга за нас самите.“
К.К.

Слични статии

Книга

ОкоБоли главаВицФото