
Го формиравме „Окно“ оти сметавме дека медиумските можности на интернетот се идеална прилика за демократизација и еманципација на македонскиот брутализиран медиумски простор.
Новите медиуми се можност да се поработи на долгорочното создавање публика која ќе има повисоки информативни, културни и демократски стандарди од сегашната публика мошне подложна на популистички медиумски манипулации.
Го формиравме „Окно“ и за да се бориме за пошироките европски вредности во нашата земја. Нашата намера е и низ „Окно“ да помогнеме да се создаде и консолидира една активна европска граѓанскост, којашто, како што вели Етјен Балибар, е ослободена од мистиката на идентитетот, од секоја илузија за нужноста на историското течение и од секое верување во непогрешивоста на власта. Осмислувајќи го нашиот проект, се раководевме, значи, со трите активни принципи на Балибар со кои се устројува граѓанскоста, односно демократската политика: тоа се еманципацијата, или колективното освојување на основните индивидуални права; општествената преобразба на структурите на доминацијата и односите на моќта; и најпосле, цивилноста, или произведувањето услови и претпоставки, „теренски“ и „теориски“, за едно поинакво политичко дејствување воошто да биде можно.
Поинаку речено, „Окно“ се обидува да биде одговор на две многу силно маркирани општествени слабости во Македонија: медиумската тривијализација (која ја брутализира целокупната култура) и општествената фрагментизација (особено меѓу младите; иако сите постојано апатично констатираме дека општеството ни е разбиено, секој трга на своја страна итн., ретко кој презема нешто за да се прекине понатамошното атомизирање на општеството).
„Окно“, значи, во прв ред сака да биде создавач на стварно покомплексни и поквалитетни медиумски содржини (за коишто интересот можеби е мал, но од негде мора да се почне!); од друга страна, сакаме да бидеме и средиште и собиралиште на една нова креативна генерација која реално ќе успее да ја приклучи Македонија кон новите регионални и европски културни вмрежувања.
Порталот за кратко време стана полигон кајшто се промовираат прогресивните помлади автори во нашата земја: Ирена Цветковиќ, Ана Ангелова, Анастас Вангели, Сеад Џигал, Владимир Јанковски, Бојан Антиќ, Дарјан Раденковиќ, Драган Денковски, Ѓорѓи Крстевски, Вангел Башевски... На „Окно“ претставивме и десетици македонски уметници: фотографи, писатели, ликовни автори, дизајнери, филмаџии... Се разбира, претставивме и неколку десетици странски уметници, писатели, теоретичари, новинари... - оти тоа е една од главните цели на нашиот портал: да го прикопчуваме нашиот контекст кон регионалните, европски и светски теориски и уметнички тенденции.
Изминатава година покажа дека нашата мисија има смисла и дека дури и во „темниот вилает“, Република Македонија, можно е јавно да се работи на еманципациските политики - и притоа да се биде слушнат. Од својот почеток во март 2009 година „Окно“ постојано има раст на публиката: првите два-три месеци имавме околу 400-500 посетители дневно, а последниве месеци имаме и над 1500 посетители дневно. Публика имаме поради разновидноста и квалитетот на содржините; за овие 12 месеци објавени се околу 2.000 прилози, т.е. по околу 6 нови прилози дневно.
Мошне ни е важна и отвореноста на „Окно“ кон разни граѓански иницијативи; снажно стоевме, на пример, зад протестите на студентите против изградба на верски објекти на главниот скопски плоштад (организиравме и успешен конкурс за разгледници со мотив „плоштад Македонија“); континуирано ги поддржуваме и пишуваме за правата на дискриминираните граѓани (го поддржавме Маршот на толеранцијата), борејќи се за афирмација и унапредување на човечките права. На ова поле, отвореност кон НВО секторот и граѓанските иницијативи, „Окно“ допрва може да се развива и да ја продлабочува стратешката испреплетеност со невладините проекти.
Се разбира, „Окно“ има и видливи и не толку видливи слабости. Едно од оправдувањата за слабостите е дека првата година ја истеравме со навистина мал буџет од 10.000 евра (главно дадени од ФИООМ). Тие пари се доволни да се изнајми стан и да се платат режиските трошоци за една година. Јасно е дека со толку пари „Окно“ не може да преживее, или барем не во формата во која е замислено.
ФИООМ и за оваа година ни одобри грант за финансирање на „Окно“ и тоа е добрата вест, и за вас, читателите, и за нас, кои ги работиме порталот.
Вам, почитувани читатели, ви благодариме за посетите, советите, прилозите и коментарите. Вашата улога, се разбира, е непроценлива.
Првата година редакцијата на „Окно“ ја сочинуваа Никола Гелевски, Владимир Јанковски и Ѓорѓи Крстевски. Голема помош ни дадоа и Дамјан Јаневски (кој технички ја направи страницата) и графичкото студио „Кома“ (пред се’, Небојша Гелевски). Во културниот центар „Точка“ ни беше сместена редакцијата, и затоа сме му благодарни и на здружението „Контрапункт“ (кое го води Искра Гешоска) за отстапениот простор.
линк до првиот текст на „Окно“:
http://www.okno.mk/node/144
Алал вера, направивте многу,
Испратено на 13 март 2010 од КелепурАлал вера, направивте многу, сигурно не сте свесни...
Честито и само напред кон
Испратено на 13 март 2010 од АнонименЧестито и само напред кон нови успеси!
Продолжете како и до сега.
Испратено на 13 март 2010 од .Продолжете како и до сега.
Живели Окно... па да ставите
Испратено на 13 март 2010 од ДаниелЖивели Окно... па да ставите некоја нула после "кецот"!
Честитки! И уште многу
Испратено на 13 март 2010 од Надица СмилевскаЧеститки! И уште многу годишнини!
izgurao si stvar u nervreme
Испратено на 14 март 2010 од Келепурizgurao si stvar u nervreme pravo,
šta da se kaže sem Kolja bravo...
aj za mnogu godini! Uste
Испратено на 14 март 2010 од Niksaaj za mnogu godini! Uste podobri sodrzini idnata godina!
1 godina okno.mk
Испратено на 14 март 2010 од Vlejd da BladeЧеститки и само напред во нови успеси. :)
Честитки до сите што имаат
Испратено на 15 март 2010 од Васко ЦацаноскиЧеститки до сите што имаат придонесено кон Окно. За мене, окно е најдобриот сајт во .mk интернет просторот.
Горд сум на вас.
Недвосмислено добро потрошени
Испратено на 15 март 2010 од СнежанаНедвосмислено добро потрошени 10 000 евра. Задоволство е да се биде посетител на сајт како Окно покрај еден богат и внимателно селектиран материјал. Честита годишнина! За многу години ;-) И продолжете да го негувате квалитетот!
ushte mnogu mnogu
Испратено на 15 март 2010 од Анонимнаushte mnogu mnogu godishnini....
Edna od retkite veb stranici
Испратено на 17 март 2010 од citatel od SADEdna od retkite veb stranici na makedonski koja vredi da se sledi. Sekoja cest i prodolzete kako i dosega.
Тоа е делот кој сите ние
Испратено на 26 април 2010 од АнонименТоа е делот кој сите ние никако да го научиме – од новинарите, до оние кои коментираат, спремни да им пресудат на „лекарките“ од хируршка клиника. Ние не сме жртви на несовесни лекари, политичари, бизнисмени, административци итн. Ние сме жртви на самите себе. А себството е свесно само во рамките на „фамилијарната“ педа нива во која себично гувееме, па оттука никако да сфатиме дека заедништвото не се сведува на кафе со пријателите во 12 на пладне, три трач муабети за комшиите и пет пцовки за „глупите Американци и другите западњаци“. Заедништвото побарува поголема индивидуалност и посветеност која резултира со штитење на заедничкото, наспрема личното.Линчувањето на пар несовесни лекарки од хируршка не е ништо помалку индивидуално настроено – напротив, тоа е уште посебично - од лекарското линчување на пациентката која, многу веројатно, поради задоволување на нечиј туѓ „пријателски“ сеир, завршила во нивните раце. Ваквата опседнатост со туѓите грешки и несовесност која притоа ја запоставува сеопштата лична одговорност и етика, е индивидуална себичност која не само што е неморална и неетичка, туку е и општествено криминална.
=================================
rcdd passing score
RH202
RH302
rhce exam questions download