
Самостојна изложба „Лица под небото“ на сликарот Ване Костуранов ќе биде отворена во Културниот центар ЦК во Скопје на 18. март (четврток) 2010 год. во 20:30 часот.
Изложбата „Лица под небото“е четврта самостојна изложба на овој уметник и ќе се претстави со 20-тина дела работени во техниката акрил на платно.
Изложбата ќе ја отвори Владимир Мартиновски и ќе биде поставена во Културниот центар ЦК до 27-ми март.
Ване Костуранов е роден 1979 година во Струмица, каде што и моментално живее и работи. Уметноста отсекогаш е дел од неговиот живот - свирел соло гитара во неколку рок и електронски бендови. Но од 1998 година па досега е посветен на својата најголема пасија, сликањето. Поставил неколку индивидуални изложби, земал учество на повеќе групни, а се занимава и со графички дизајн и е еден од основачите на популарното студио за веб и графички дизајн, Работилница (rabotilnica.com.mk).
Повеќе дела од Костуранов можете да видите на неговата web страница: www.kosturanov.com




