Какви сигнали испраќате додека спиете?

18.03.2010 13:00
ljubovnici.jpg

Позите што ги правите додека спиете можат многу да кажат за Вашиот однос со партнерот, за чувствата, па дури и за тоа кој го има главниот збор во врската. Д-р Пем Спар објаснува во кои позиции луѓето најчесто спијат и кои се нивните значења.

Лажица – тој е зад неа

Двајцата лежат на иста страна, таа му се свртена со грб.

Значење: Тој се однесува заштитнички и прилично традиционално, а е во состојба да биде исклучително чувствителен, милувајќи ја жената во сон. Само внимавајте – ако никогаш не се милувате во оваа поза, врската може да стане премногу платонска.

Лажица – таа е зад него

Двајцата лежат на иста страна, тој и’ е свртен со грб.

Значење: Жената е столб на оваа врска и премногу е преокупирана со нејзиното негување. Тој не се плаши да се опушти и дури и да ги запостави своите обврски во врската, зашто ја има неа како емотивна сигурност. Врската функционира сè додека нејзините потреби не се занемарени.

Раздвоени

Свртени еден кон друг со грбовите, меѓу нив има голем простор.

Значење: Двајцата се премногу независни, а оваа поза може да укажува и на недостаток од интимност. Ако независноста на другиот ви одговара и сè додека можете топло да си посакате добра ноќ, сè е океј. Само бидете внимателни оваа положба да не ја користите како начин да се затворите во себе и така да го оттурнете партнерот.

Еден истуркан до работ на креветот

Опкружен во облик на морска ѕвезда, со лицето свртено од партнерот, кој истуркан се држи за работ од креветот.

Значење: „Испружениот-та“ доминира во врската, и многу е можно дека е себичен и несвесен за потребите на партнерот. Ако вие сте тие кои се истуркани до работ на креветот, обезбедете си сон барем во текот на денот.

Потребни еден на друг

Еден лежи на грбот, а партнерот лежи припиен до него, под неговите раце.

Значење: Партнерот кој лежи на грбот обезбедува емотивна сила и среќен е ако може да му понуди емотивна поддршка на партнерот на кој му е потребна.

Фетус положба

Еден лежи споен до партнерот во фетус положба, свртен со лице кон него, а партнерот е на грб.

Значење: Партнерот кој ја зазема положбата на фетус бара утеха, но се чувствува немоќен да ги изрази своите желби на партнерот, кој не е свесен за неговите потреби. Откријте што не е во ред и почнете да разговарате за тоа.

Покорен

Еден лежи на стомак допирајќи го со ножните прсти својот партнер кој лежи на грб или настрана.

Значење: Партнерот кој лежи на стомак е попокорен, целата моќ е во рацете на другиот партнер.

Чиста страст

Многу се галат, со вплеткани нозе и ерогените зони припиени една до друга.

Значење: Има многу страст и сензуалност меѓу овие двајца, кои веројатно се наоѓаат во фазата „меден месец“.

Немојте да очајувате ако важите положби во кои спиете имаат негативно значење, зашто има исклучоци. На пример, кога ви е премногу топло, природно е да се одвоите од партнерот. Сè додека имате навика се бакнете и да се погалите пред таа „разделба“, сè е во ред.


Извор: b92.net

Си се родил, знаеш, погрешни

Си се родил, знаеш, погрешни имиња, погрешни родители... Мислам, се случува и тоа. Ќе си се викаш како што ти си сакаш да си се викаш. Ова е слободна земја“ – а потоа влегува внатре. „Пречкртајте го името. Нека биде Боб Дилан.“ivf new york

 

Слични статии

Живот

ОкоБоли главаВицФото