Dr. Martens слават 50 години

20.04.2010 14:36
mart.jpg

Познатите чизми Dr. Martens наполнија 50 години. Кај нас се појавија кон крајот на 1980-те години и станаа заштитен знак на скинерите, панкерите, растафаријанците, па и шминкерите и фејкерите...

Откако на светската модна сцена ги лансираше Британецот Р. Григс во 1960 г., низ светот се продадени повеќе од 100 милиони чифта. По повод 50-от роденден, ви пренесуваме 50 занимливости за можеби најпознатите чизми во светот.

1. Многумина мислат дека Dr. Martens потекнуваат од В. Британија, а тие, всушност, доаѓаат од Германија.

2. Прв ги дизајнирал и изработил д-р Клаус Мартенс, воен лекар за време на Втората Светска војна. Обичните воени чизми, поради повредите што ги создавале за време на планинските мисии, ги сметал за исклучително неудобни, поради што создал поудобен ѓон со „воздушни перничиња“.

3. Иако на почетокот немал многу среќа во лансирањето на своите обувки, соработката со стариот пријател д-р Херберт Функ ја придвижила продажбата.

4. Чизмите имаат „зелена историја“: ова дуо ја рециклирало отфрлената гума од некогашните аеродроми на германското воено воздухопловство. Првиот чифт е продаден во Минхен 1947 г.

5. Мекиот ѓон на Dr. Martens очигледно им се допаднал на германските домаќинки, бидејќи дури 80% од продажбата во првото десетлетие отпаѓа на нив.

6. Чизмите станале толку популарни што д-р Мартенс почнал да размислува за тоа да ги продава во странство. Прва на списокот била В. Британија. Семејството Григс ги откупило правата за дистрибуција.

7. Пред да започнат со продажба во Британија, Григсови ја редизајнирале петицата, го додале заштитниот знак – жолтиот шев и заштитниот назив AirWair. Тоа се „мартинките“ кои ги знаеме денес.

8. Григсови, исто така, од името Dr. Märtens ја исфрлиле германската буква ä.

9. Подоцна чизмите го добиле прекарот Doc Martens, DM, докс, а кај нас – мартинки.

10. Најпознатиот модел со осум дупчиња е „1460“, наречен според датумот на производство – 1 април 1960 г.

11. Чизмите на почетокот биле наменети за работниците во фабриките, за полицајците, поштарите... Набрзо станале многу популарни и меѓу лондонските скинери.

12. Припадниците на разни субкултури носат мартинки, како панкерите и даркерите...

13. Со влегувањето во 70-те и 80-те, подеднакво биле засакани и од националистите и расистите, како и од љубителите на реге и ска музиката и борците за човекови права.

14. Но, сите тие ја бирале бојата на врвките според своите политички убедувања.

15. Белите расисти носат бели и црвени, додека антифашистите носат врвки од сите бои.

16. Денес чизмата може да има од три до осум дупчиња за врвките.

17. Иако еден период беа малку подзаборавени, повторно ги актуелизираше познатиот модел Агнес Дејн која редовно позира во нив.

18. Последниве 12 месеци продажбата на мартинките е порасната за 30% низ Европа.

19. Иако имаат скромно минато, мартинките денес можат да чинат и по неколку илјади денари.

20. Но, постојат и сандали Dr. Martens кои чинат поевтино.

21. Компанијата својот врв го достигна кон крајот на 1990-те со глобалната продажба која надмина 300 милиони евра.

22. Мартинките во САД почнале да се продаваат во 1984 г.

23. Во Македонија кон крајот на 80-те.

24. Компанијата продала над 100 милиони чифта низ целиот свет.

25. Освен чизмите, со текот на годините се појавија и торби, паричници, ремени и сл. со потписот Dr. Martens.

26. Dr. Martens индиректно ја потпомогнале кариерата на Вејн Хемингвеј (основачот на марката Red or Dead). Тој ги украсувал старите мартинки и ги продавал на пазарот Camden.

27. Неколку славни дизајнери создадоа своја верзија на овие чизми, меѓу кои и Вивиен Вествуд, Пол Смит и Yohji Yamamoto. Дури и Jimmy Choo, кралот на потпетиците, соработувал со овој бренд.

28. На почетокот на 2000 чизмите повеќе не биле во мода, па компанијата била приморана да отпушти голем број од вработените во В. Британија и да го пресели производството во Кина и Тајланд.

29. По четири години пауза, одбновено е производството на линијата Vintage во оригиналниот погон во Воластон, Нортхемптоншир.

30. Со секоја измината година компанијата има сè повеќе продавници низ светот.

31. Рекламата од 2007, на која мртвите пејачи Курт Кобејн, Сид Вишис и Џои Рамон чекорат по небото со овие чизми беше повлечено поради „невкус“.

32. Сето она што ве интересира за влијанието на мартинките врз поп-културата можете да го најдете во книгата на Мартин Роч „Dr. Martens: The Story of an Icon“.

33. Алексеј Сејл напишал песна за мартинките кои се „единственото нешто што нè обединува“.

34. Меѓу познатите обожаватели на мартинките се и глумецот Роберт Патинсон и пејачката Аврил Лавињ.

35. Панк бендот од Њу Џерси, Bouncing Souls, наводно е наречен така според рекламниот слоган за обувките на Dr. Martens.

36. Десет бендови, вклучувајќи ги Noisettes, Black Rebel Motorcycle Club и Cinematic Orchestra, обработија десет песни по повод 50-годишнина од компанијата.

37. Dr. Martens се единствените чизми кои се споменуваат во Оксфордскиот речник на англискиот јазик.

38. Годишно се произведуваат околу 3,2 милиони чифта мартинки.

39. За разлика од повеќето обувки, кожниот дел се шие за ѓонот, а не се лепи.

40. Не се само рокерите и филмските ѕвезди љубители на Dr. Martens. Нив ги носеле и покојниот папа Јован Павле II и Далај-лама.


41. Вегетаријанците не ги носат овие чизми откако компанијата престана да ја произведува верзијата во која не се користи кожа.

42. Dr. Martens вработуваат 265 000 луѓе низ целиот свет.

43. Сегашниот сопственик Стефан Григс го наследил местото од татка си Макс и дедото Бил.

44. За време на изминативе 50 години се појавиле околу 70 000 различни верзии на овие чизми.

45. Само во В. Британија мартинките можат да се купат на 533 места.

46. Единствено во светот, една од линиите на овие чизми се продава со доживотна гаранција дека секој пар кој ќе се „износи“ ќе биде заменет или поправен.

47. Мартинките ги носеле разновидни музичари – од членовите на Clash до Лејди Гага, од членовите на Who до Red Hot Chili Peppers и Spice Girls.

48. Најголемиот број во кој се произведуваат е големината 50.

49. Компанијата годишно троши 42 000 км жолт конец и 10 милиони пара врвки.

50. Најзагрижените обожаватели можат да носат и Dr. Martens tartan - McMarten tartan.

Dzabe...

 ...ni e koga nemame vekje so godini asalen importer na martinki....

Слични статии

Култура
Живот
Стрип

ОкоБоли главаВицФото