Кус водич низ порнографијата за жените

26.04.2010 11:13
DeepInsideAnnieSprinkle.jpg

Порано се мислеше дека жените во филмовите се исклучиво сексуални објекти кои служат за да се задоволат машките желби. Но, во 80-тите и во 90-тите оваа ситуација почна да се менува.

Навистина, во патријархатот кој доминира откога е „измислена“ – порнографијата обично ги изразуваше машките хетеросксуални желби, вклучително, се разбира, и оние кои имаат женомразечки елементи. До 80-тите години на дваесеттиот век речиси и да не постоеше порнографија за жени. Повремените прикажувања на силувања, на повредување и на злоставување на жени кои во 70-тите се прикажуваа во кината „за возрасни“ во Велика Британија ја поттикнаа феминистичката критика на порнографијата. Voila! Набрзо порнографијата за жени стана важен дел од понудата на сексуалниот пазар.

Жените почнаа да ја користат порнографијата и нејзината моќ па сè повеќе се разграни пазарот за еротика наменет за млади жени. Една од клучните личности во тој миг беше Кандида Ројал, поранешна порно ѕвезда и денес важна личност во Фем Продакшнс, водечка американска компанија за производство на порнографија за жени. Во 1982 година го сними филмот Deep Inside Annie Sprinkle – порно филм за жени. Кандида Ројал е и првата жена која успеа да се збогати снимајќи женски порно филмови, а заради нивната едукативност ги поддржаа и жените и сексуалните терапевти. Едукацијата во порно филмови? О, да! И тоа е можно – но и забавно.

Уште позабавно е тоа што женската порнографија го опишува светот на машките полови органи како потрошна роба симната од фалусните тронови, во тој светот жените се и зад камерата, а не само пред неа. Керол Лу, ака Скерлот Харлот во своите филмови ја истражуваше сексуалноста од женска перспектива, па во 1996 година настана Mastrurbation Memoirs во кој три жени зборуваат за своите почетоци во мастурбирањето. Освен тоа, таа е позната и како активистка за правата на проститутките, а го скова и терминот „сексуален работник“.

Токму како и во порно филмовите за мажи, и во порно филмовите за жени се присутни описи на еротски фантазии и сексуални желби. Фантазијата значи дека овие содржини (главно) не можат да се случат во реалниот живот – мажите во порнографијата секогаш се во состојба на ерекција, а жените секогаш се желни за секс – варијациите на темата се бесконечни, зависи само од која перспектива гледате.

Со мотивот на порнографијата се занимаваше и Catherine Breillat, режисерка на филмовите Анатомија на пеколот од 2004 година и, на уште поважниот, Романса од 1999 година, во кој глумеше порно ѕвездата Роко Зифреди, и во кој се опишува тргањето на младата жена по сексуален идентитет и израз, додека експлицитниот секс е спореден елемент во приказната. Една година подоцна, во 2000 година излезе и филмот на француската режисерка Virginie Despentes Растури ме, кој ја користи естетиката на порнографијата за да постигне токму спротивен ефект. Главните хероини се Надин, проститутка, и Ману, лути и сексуално расположени девојки кои убиваат и пљачкаат наоколу како вистински бандити.

Ако ова не ви е доволно како кус вовед во порно филмовите за жени, ќе додадеме дека магијата на овој свет ја откри и славниот Ларс Фон Триер, па во рамки на својата продуцентска куќа Зентропа во 1997 година како подружница ја основа Puzzy Power, ориентирана кон производство на hard core порнографија наменета за жени. Некои од поинтересните наслови се Femi-X and Beyond, All About Anna, Constance и Pink Prison – а при снимањето имаат режирано како жени, така и мажи. Лезбејски сцени, садомазохизам, експлицитен секс и сексуални помагала не недостасуваат и тука, а машкото тело е подеднакво експлоатирано како и женското. Сексот во нив никогаш не е поврзан со насилство и со предизвикување болка, што исто така е една од клучните работи.

Исто така, женските порно филмови често се многу подобро продуцирани во однос на машките, од искористувањето на амбиентот, костимите и реквизитите, и иако се површни во однос на дејствието (како и сите порно филмови), во нив се нагласува правото на женскиот избор во сè што се случува. Ако отидеме чекор понатаму, ќе видиме дека ништо во порнографијата не е исклучиво и не важи само за мажите. Содржината на порнографијата, токму како и содржината на холивудските филмови е одредена од пазарот. Во производството и дистрибуцијата постои голема конкуренција, а производители ги задоволуваат потребите на десетина мали пазари и постојано трагаат по нови целни групи, па е глупаво да се тврди дека порнографијата служи само да се остварат фантазиите на мажите!

Нејзината единствена цел е да се произведе сексуална возбуда – таа треба да го возбуди корисникот и да ги поттикне сексуалните активности како асексуален однос или мастурбација. Она што една личност ја навредува, друга може еротски да ја стимулира зашто станува збор за чиста желба на гледачот. Точно порнографијата стана медиум за изразување на желбите, па затоа самите одберете кој порно филм ќе го гледате.

Она што го научивме од нив: јагоди и сокови – да, краставици – не.

Извор: neon.com.hr

Слични статии

Филм
Шал [к:10]

ОкоБоли главаВицФото