Оптички илузии

30.04.2010 15:41
optical_illusions.jpg

Ако некогаш сте почувствувале дека окото ви било излажано откако сте гледале во оптичка илузија, тогаш сигурно знаете дека тоа може да биде многу интензивен феномен. Она што окото го перципира додека ги гледа овие слики е визуелна илузија.

Сликата ја гледате како нешто поинакво од она што таа е зашто различни ќелии и рецептори во вашите очи ги препознаваат сликите и боите со различна брзина. Окото може да прими само ограничено количество визуелни стимулации, но бидејќи вашиот мозок постојано ги преработува визуелните информации, добивате илузија дека постојано гледате. Без разлика дали станува збор за оптичка, психолошка или когнитивна илузија, всушност секогаш се измамени вашите очи. Погледнете неколку интересни илузии – но бидете подготвени, можеби нема да можете одеднаш да ги примите.

Лисја што пловат

Кафените листовидни форми поставени врз зелена позадина ве убедуваат дека целата група плови – создавајќи бранови ако се обидете сликата да ја гледате во целост.

Вртлог што пулсира

Ако доволно долго зјапате во оваа слика ќе забележите пулсирање на повеќебоен вртлог.

Бранови

Сините облици во форма на бадем изгледаат како да поминуваат преку три различни столбови

Хипноза

Иако оваа слика е составена од едноставни виолетови и зелени квадрати со црни рабови, тие изгледаат како да извираат од средината.

Калеидоскопи

Збирот од црни, сини, зелени и бели облици создаваат илузија на фигури кои наликуваат на калеидоскоп – пет различни фигури кои се вртат околу нивните средини.

Окото на бикот

Ако зјапате во средината на сликата, ќе ви изгледа како надворешните прстени да ротираат во различни насоки – ефект кој има за цел да го хипнотизира гледачот.

Извор: Woman’s Day

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото