Популарноста на македонските песни на YouTube

05.05.2010 11:59
mk-na-youtube.jpg

Тргнувајќи од фактот дека имаме многу малку податоци околу новите медиуми, решив малку да ја „расчешлам“ македонската музика и да видам кои песни се најгледани на најпопуларната страна во Македонија за музика и видеа - www.youtube.com.

Пред да направам анализа имав одредени свои претпоставки кои во голем дел не се вклопија со бројките кои ги дава YouTube.

Оставам простор и за евентуална грешка, бидејќи не е баш едноставно да се постави точна бројка на вкупен број на гледани видеа, со оглед на можноста повеќе корисници да ставаат иста песна како и некои песни кои ги пеат други пеачи.

Пребарував латинично и кирилично, а забавната македонска музика ја поделив во три периоди: 1945-1979, 1980-1999, 2000-2010, и Тоше Проески.

Дојдов до следниве податоци:

Тоше Проески


1 Зајди зајди јасно сонце (народна песна) 3.920.000
2 Волим осмех твој (А.Шола) 2.250.000
3 Пратим те (По тебе) 3.170.000
4 Боже, браније од зла  2.900.000
5 Чија си 3.700.000
6 Једина (Громови на душа) 2.600.000
7 Игри без граници 5.100.000
8 Јовано Јованке (народна песна) со Крстиќ 1.080.000
9 Hardest thing  2.540.000
10 Moja (Среќна ли си ти)  1.650.000
11 Мој дилбере 900.000
12 Срце није камен 1.710.000
13 Ариа (Џанини) 
1.450.000

Од оваа табела јасно се гледа дека народната ЗАЈДИ ЗАЈДИ ЈАСНО СОНЦЕ е најпопуларна песна која е испеана на македонски јазик. Само едно видео од препевот на Тоше е над 3.500.000, со што доколку се додадат и други изведвачи кои ја интерпретирале оваа песна, бројот надминува над 4.000.000 што е далеку над второ најпопларната македонска песна на YouTube.

Песната „Игри без граници“ пак е најпопуларна забавна песна која е испеана на македонски јазик, со над 2.500.000 посети, а воедно и најслушана песна од некој македонски пеач препеана на неколку јазици, чија вкупна бројка надминува над 5.100.000 посети.

Период 2000-2010, забавна музика

1 Елвир Мекиќ (со Слаџа Делибашиќ)* 5 минута  1.320.000
2 Слаткаристика Шопинг 800.000
3 Врчак (со Fanky G)* Вештица из Србије 785.000
4 Елена Ристевска Нинанајна  770.000
5 DNK и Врчак Навлечен на тебе  650.000
6 Тони Зен, Ламбе Арнаудов, Јован Јованов Итно ми требаш 645.000
7 Каролина Гочева Крај 750.000
8 Елена Ристевска Милионер  550.000
9 Врчак и Тамара Тодевска Лоша девојка 350.000
10 Слаткаристика Ти си топ  380.000
11 Тони Зен Скандал  600.000
12 Каролина Мојот свет  650.000
13 Елвир Мекиќ и Маја Саздановска Опасно 300.000
14 Елвир Мекиќ и Гоце Арнаудов Лично твој  320.000
15 Ламбе Алабаковски Врати ми го срцето  460.000
16 Елвир Мекиќ Некаде после два  650.000
17 Елвир Мекиќ Уште те има  270.000
18 Тони Зен Mi casa es su casa  440.000
19 Влатко Лозановски Сонце не ме грее  350.000
20 Калиопи** Роџени (Бато) 560.000
21 ДНК и Врчак Пази се од мене 650.000
22 Слаткаристика Жолта штампа
280.000

Во наведениот период, испаѓа дека Елвир Мекиќ е најпопуларен македонски пејач, но тоа се должи благодарение на соработката со Делибашиќ, која во просек има поголема попларност од оваа бројка која стои на песната „5 минута“.

Изненаден сум од популарноста на Слаткаристика кoj дури со две песни е во топ 10. Доста интересен е и фактот што стилот кој го негуваат :Слаткаристика, Тони Зен, Врчак и DNK, веројатно е најпопуларниот стил на македонската поп сцена.

Период 1980-1999, забавна музика

1 Калиопи* Роџени (Бато) 560.000
2 Конкорд Високи штикли и црни чорапи  300.000
3 Студени нозе Кучето мое  155.000
4 Владо Јаневски Некоја будала  100.000
5 Архангел Милион долари 90.000
6 Лева патика Неправда 100.000
7 Владо Јаневски Чаирска романтика  76.000
8 Владо Јаневски Нусе 90.000
9 Владо Јаневски Црно тиквешко 100.000
10 Владо Јаневски Не зори зоро 75.000
11 Маријана и Росана Признавам  88.000
12 Хелена Благне*** Кога те нема 57.000
13 Куку леле Кучка 70.000
14 Студени нозе Ружна женска 55.000
15 Нулта позитив Мара 58.000
16 Меморија Оган под ѕвездите 63.000
17 Студени нозе 50 марки 68.000
18 Мики Јовановски – Џафер Сонце за три светови 83.000
19 Јаков Дренковски Скитник 75.000
20 Нулта позитив со Мирко Митревски Отвори го пенџерчето 40.000

Овој период, пак, е специфичен бидејќи се води како ретро период со оглед на реалната масовност на интернетот во Р.Македонија (после 2005 година).

Балканската популарност на Калиопи и песната Роџени е најпосетено видео, но не е испеана на македонски јазик. Рекламата на T-mobile, придонесе „Високи штикли и црни чорапи“ да достигне релативно голема популарност.

Изненаден сум од посетеноста на видеата на Студени нозе. Макфестовските песни сè уште немаат постигнато значителна популарност, а таму најпопуларна песна е „Признавам“ на Маријана и Росана.

Период 1945-1979, забавна музика


1 Зафир Хаџиманов Како Вардар 110.000
2 Драган Мијалковски Кажи нешто драга  58.000
3 Драган Мијалковски 223-305  54.000
4 Славе Димитров Чија си  100.000
5 Верица Ристевска Мој галебе 63.000
6 Зафир Хаџиманов Љуби ме и главата горе 40.000
7 Зоран Милосавлевиќ Една роза сина 22.000
8 Драган Мијалковски Кажи ми 25.000
9 Сашка Петковска Бакни ме 20.000
10 Верица Ристевска Штом се сака 
17.000

„Чија си“ која беше прогласена за песна на столетието, има релативно мала посетеност, а Хаџиманов и Мијалковски очеквано се најпопуларни од овој период.

 

* – песна испеана на друг јазик; 

** – песна која потекнува од друг период, но најпопларна во периодот во кој е ставена;

*** – странски пејач кој пее македонска песна.

Извор: razgolenaumetnost2.blog.mk

Немреш боливит

Немреш боливит како некои луѓе никогаш не научија да ги користат буквите ѓ/џ и ч/ќ. Не се пишува „Роџени“, туку „Роѓени“.  Инаку, општо земено - лејм методологија, лејм репрезентативни примероци, лејм обид за анализа.

Во потполност се согласувам

Во потполност се согласувам со претходниот коментар. Не ми е јасно како ваков неуспешен обид за....(не знам ни сама за што) најде место на Окно! Бедно!

makedonska muzika imam mnogu

poz eve kade mozes da slusnas mk muzika

mozes da slusnes na radio vmro makeodnija

ova e radio na internet koe se slusa niz celiot svet

radio vmro + radio chat

sekoj e dobre dojden koj saka makedonska muzika

eve link od radio
www.vmro-makedonija.wb3.de