Темплум и Плоштад Слобода Ве покануваат на промоцијата на првите три книги од новата едиција „Градот“. Промоцијата ќе се одржи во Гевгелија на 12 мај, во Регионален центар за одржлив развој, со почеток во 17:30 часот.
Бирото за јавни набавки објавило известување за склучен нов договор помеѓу „Водовод“ и австриската фирма „Алпине“ заради непредвидени и дополнителни работи настанати при изградбата на новата управна зграда, во износ од 12,5 милиони денари или околу 203.000 евра. Верувале или не, анексот е склучен за темелите за новата барокна зграда на скопски „Водовод“. Скандалозно, го предвиделе барокот, ама ги заборавиле темелите. За луѓе домаќини правилото е дека куќа се гради од темел. За ДПМНЕ и Коце Трајановски куќата почнува со фасада, по можност барокна, а темелот го ставаат на крај.
Александар Наумоски, заменик-координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје; „Плусинфо“, 20.05.12.
Таткото го заспива својот син: - Мирно спиј, злато, за ништо не грижи се, ако во текот на ноќта ти притреба што било, само викни го тато, па мама веднаш ќе дојде.