
Во рамки на конкурсот за книжевни текстови кои визуелно ќе бидат обликувани и поставени на различни локации низ Скопје, „Уметноста е насекаде“, пристигнаа дела на повеќе од 100 автори од Македонија и Германија.
Првично беа формирани две жири комисии, кои направија избор на текстовите пристигнати на македонски и германски јазик.
Жири комисијата за текстовите напишани на македонски јазик беше во состав: Владимир Мартиновски, Ксенија Чочкова и Владимир Јанковски.
Од пристигнатите текстови беа избрани осум текстови кои понатаму продолжија во вториот, меѓународен круг на селекција: песните: „Ќе“ на Мане Манушев, „Пролетни слики“ на Магдалена Хорват, „Да ти се јавам √“ на Леонида Пенка Баша, „Сенките нè одминуваат“ на Никола Маџиров, хаику песната „Четкички“ на Нина Андова, хаибунот „Лист“ на Тони Попов, како и расказите „Повторно“ од Јордан Николов и „Снег“ од Тони Попов.
Жири комисија за текстовите на германските автори беше во состав: Детлев Шлот, Вибке Штадлер и Ксенија Чочкова.
Во првиот круг од тестовите пристигнати на германски јазик беа избрани следниве осум текстови: песните „Камелеон“ на Јан Вагнер, „Нацртано“ на Клаудија Томан, „Паул има однос “ на Ела Карина Вернер, „Допис на крајзауските кучиња“ и „Собата на будењето I“ на Улијана Волф, „Алкохол 1“ на Катарина Хелтер, како и расказите „Измореноста на материјалите на носечките делови“ и „Рут“ на Винсент Фенглер.
Избраните 16 текстови влегоа во вториот круг на гласање, а комисијата составена од членовите кои беа дел и од македонската и од германската жири комисија, заедно со новиот член Димитар Самарџиев, ја донесоа следната одлука:
Осумте текстови кои ќе бидат визуелно обликувани, испечатени на постер и поставени на различни локации низ Скопје се:
„Сенките нè одминуваат“ од Никола Маџиров
„Четкички“ од Нина Андова
„Лист“ од Тони Попов
„Ќе“ од Мане Манушев
„Камелеон“ од Јан Вагнер
„Нацртано“ од Клаудија Томан
„Паул има однос“ од Ела Карина Вернер
„Измореноста на материјалите на носечките делови“ од Винсент Фенглер
Избраните текстови ќе бидат преведени на македонски, албански и германски јазик. Дизајнерите од Германија Каролин Леберт и Хаина Фишер ќе го направат дизајнот на текстовите од македонските автори, а македонските уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Бунтопсих ќе работат на текстовите од германските автори.
Откако постерите ќе бидат поставени на локациите во Скопје, фотографот Самир Љума ќе биде задолжен за фотодокументацијата на проектот. Фотографиите од процесот, заедно со уметничките дела ќе бидат презентирани на изложба, придружена со каталог.
Организаторите на „Уметноста е насекаде“ им се заблагодаруваат на сите автори кои учествуваа во проектот испраќајќи свои дела и на тој начин го зголемија квалитетот на конкурсот.
„Уметноста е насекаде“ е проект чија цел е да направи спој меѓу книжевноста и визуелната уметност, да ја поддржи идејата за уметноста како дел од секојдневието и да промовира нетипични начини за претставување на уметничките дела.
Искористувањето на јавните простори треба да овозможи уметноста да излезе од просторите наменети исклучиво за неа (музеи, културни центри, библиотеки), а истовремено да потврди дека јавниот простор може да се искористи како место за естетска трансформација на секојдневието.
Ќе може ли да се прочитаат
Испратено на 14 мај 2010 од ЗнатижељанЌе може ли да се прочитаат текстовите (барем македонските) некако овде?
Текстовите ќе ги објавиме
Испратено на 14 мај 2010 од gjorgjiТекстовите ќе ги објавиме кога ќе бидат визуелно обликувани. Значи кога постерите ќе бидат готови, ќе ги објавиме на порталот.
супер ќе биде ако ова стане
Испратено на 15 мај 2010 од IvanaNсупер ќе биде ако ова стане традиција и продолжи да се одржува секоја година... ме инспирира да пишувам уште текстови иако не сум од тие што се одбрани... само напред со идејава и се надевам дека успешно ќе се реализира секоја замисла во врска со истата :)
Ќе се обидеме конкурсот да го
Испратено на 17 мај 2010 од gjorgjiЌе се обидеме конкурсот да го направиме традиционален, но истовремено да го збогатиме со некои нови аспекти. Ви благодариме за поддршката и Ве очекуваме на јавната презентација.